Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Прашањата кои остануваат да „висат“ над нашите глави се следните:

1. Дали оваа тужба беше исправна?
2. Зошто се премолчуваа и игнорираа предупредувањата за последиците кои ќе ефектуираат со одлуката на Хашкиот Трибунал?
3. Зошто се прифати наложената ништожна Привремена Спогодба, врз основа на која се обврзуваме да делуваме против нашите интереси и сега самите бараме нејзино доследно исполнување, што практично означува дека ние посакуваме да го смениме сопственото име?
Хмм, читав нешто и пак не сватив...
Ќар по се изгледа дека немаме, и не сум изненаден воопшто, но како исходот од Хаг би ни штетел нам?
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Јас само да прашам, со оглед на тоа дека “пресудата“ нема никакво фактичко значење... Кој ќе ги врати милионите поарчени на оваа тригодишна циркусијада наречена “патриотизам“???
Имаш меѓународен папир,со што ако некој бугар или грк мрси за идентитетот на нашите внуци,правнукот ке има да покаже доказ дека некогаш постоела држава Македонија,со Македонци во неа и со македонски јазик и култура и тужи држава која го негира тоа....всушност незнам што и очекуваа луѓето од одлуката,само партиско-медиумски билдања,а за корист би рекол чиста наша душевна сатисфакција,и можност во иднина за посилни политички реакции за Македонија...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ние сме Република Македонија, не ни треба ни НАТО ни ЕУ, ние треба да се фокусираме кон Русија,Кина и Турција...
Последниот пат кога проверив, Македонија беше во Европа. Како ќе се фокусираме на Кина и Русија само ти и господ знаете...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Приметливо е како исполитизираните медиуми ви извршиле лоботомија, па почнавте да ги применувате и нивните терминологии.
„Меѓуетнички концензус“, „взаемно прифатливо решение“.. што уште?
Меѓуетнички концензус сакале ние или не е неопходен. Доколку сакаме да се преориентираме во друга насока тоа мора да го прифатат и македонските Албанци. Таква е реалноста, без разлика дали ја прифаќаме или не.
Најлесно се владее кога има страв, затоа доколку се сметаме за суверена земја ќе знаеме суверено да одлучуваме, а доколку некој насилно ни го одземе тој суверенитет, тоа ќе биде запишано. Затоа што мора да почнеме да ги нарекуваме нештата со нивните вистински имиња, неможе истовремено да ти биде сојузник оној кој пие кафе со твојот непријател и дволично те остава самиот да дојдеш до „решението“, кое секако подразбира твоја капитулација.
Се согласувам дека треба да ги нарекуваме нештата со вистинско име. Доколку некој насилно ни го одземе суверенитетот ќе доживееме пораз, а запишаното е само уште едно од многуте тешења. Никому не му е гајле дали те снемало затоа што си пробувал да се избориш за некоја правда или си ја избрал погрешната страна. Пораз си е пораз. Македонија не може да си дозволи уште еден таков. Доколку сега го изгубиме суверенитетот никогаш повеќе нема да има македонска држава. Таков пораз не можеме да си дозволиме. Уште помалку смееме самите да го предизвикаме.

Во политиката и самиот треба да пиеш кафе со својот „непријател“. Всушност и тоа е поентата, нема вечни пријатели и непријатели, има интерес, лични познанства, поткупување, лобирање, делење тендери... Се на се, политиката е игра, доколку изгубиме тоа ќе биде затоа што не сме играле доволно добро, а не затоа што сме сирото мало државиче што нема пријатели, сите сакаат да го искористат, па сега треба да бара другарчиња што ќе го сакаат од љубов. Не постои таква работа во политиката. Денес сојузници ни се државите со кои имаме заеднички интереси, утре кој знае.
Дали Владата наша не приметува дека Грција намерно не одржува надвор од НАТО, за да може да не претставува како нивна територијална закана врз која го основа својот “став“?
Бидејќи тогаш ние автоматски станува и проблем на НАТО, ја загрозуваме и нивната територија, а во тој случај тие имаат интерес да делуваат во полза на Грција.
Ставот дека Македонија им е територијална закана им е смешен и на самите Грци, а не пак побитните НАТО членки.
САД и други земји честопати ги кршеле резолуциите на ООН, кога се работело за нивниот интерес, зошто да не ги натераме повторно да ги прекршат, но пред очите на целиот свет и правно да го овековечиме тоа, макар и утре да испоцркаме, да биде евидентирано која улога ја одиграле.
Кој свет ќе го овековечи тоа? Иран и Венецуела? Или Русија ќе протруби тека не смее да се однесуваат така, па ќе не трампа за некој гасовод кон Германија? Доколку направиме така тоа ќе биде последната игра што ја изиграл ентитетот со име Македонија во историјата.
И претходно говорев, се’ се заснова на интереси, ако е така, можеме да креираме интерес кој ќе го искористиме, т.н. стратегија на синиот океан, треба да креираме нов пазар за нас, доколку статистички се’ што на годишно ниво произведува нашата земја може да биде конзумирано во рок од еден-два месеци само од градот Москва, тогаш не треба многу економисти за да пресметаат долгорочен профит.
Алудираш дека Русија ни е спасот? Поголема глупост не можеме да направиме.
Постојат многу суверени земји надвор од ова меѓународно тело, постоењето на една суверена држава не е инагуирано со нејзиното членство во ова организација, тие се само олеснителен механизам за дипломатијата, меѓутоа истовремено и ограничувачки фактор кога се употребува како играчка од големите сили.
Кои суверени држави надвор од ОН? Абхазија и Осетија? Или Палестина и Северен Кипар? Косово можеби? Се се тоа wannabe држави кои зад себе имаат голема сила што ги поддржува (сем Палестина).
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.255
Последниот пат кога проверив, Македонија беше во Европа. Како ќе се фокусираме на Кина и Русија само ти и господ знаете...
А зошто си буквалист? Треба да се фокусираме економски па потоа и политички, со Турција имаме добри политички и економски односи, сега на ред е да се соработува со Русија и Кина..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Предвидливо и досадно. Непрестаното инсистирање на само еден ист модел на објаснување на настаните неизбежно води во дебункирање на тој модел...
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:20 PM ---
А зошто си буквалист? Треба да се фокусираме економски па потоа и политички, со Турција имаме добри политички и економски односи, сега на ред е да се соработува со Русија и Кина..
Кој со Русите тикви сади...

А Кина никогаш нема да ни го заборави признавањето на Тајван, да не се лажеме. Плус, Кина нема никаков ниту политички ниту економски интерес во Македонија.
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:25 PM ---
Во политиката и самиот треба да пиеш кафе со својот „непријател“. Всушност и тоа е поентата, нема вечни пријатели и непријатели, има интерес, лични познанства, поткупување, лобирање, делење тендери... Се на се, политиката е игра, доколку изгубиме тоа ќе биде затоа што не сме играле доволно добро, а не затоа што сме сирото мало државиче што нема пријатели, сите сакаат да го искористат, па сега треба да бара другарчиња што ќе го сакаат од љубов. Не постои таква работа во политиката. Денес сојузници ни се државите со кои имаме заеднички интереси, утре кој знае.

Ставот дека Македонија им е територијална закана им е смешен и на самите Грци, а не пак побитните НАТО членки.

Кој свет ќе го овековечи тоа? Иран и Венецуела? Или Русија ќе протруби тека не смее да се однесуваат така, па ќе не трампа за некој гасовод кон Германија? Доколку направиме така тоа ќе биде последната игра што ја изиграл ентитетот со име Македонија во историјата.

Алудираш дека Русија ни е спасот? Поголема глупост не можеме да направиме.
Толно така. Целата политика воглавно се сведува на лобирање и лични пријателства. Но сега ќе ти се исфрлат со теориите дека Германците ги подржуваа Албанците во 2001, или дека МИ6 им вареше кафе на терористите на Шар Планина.

Еден куп еднонасочни умови...
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Одлуката на Меѓународниот суд за правда: тоа ти е со еден удар нокаутираш две муви кои и така веке пред нокаут беа !
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Јас само да прашам, со оглед на тоа дека “пресудата“ нема никакво фактичко значење... Кој ќе ги врати милионите поарчени на оваа тригодишна циркусијада наречена “патриотизам“???
И на крајот секогаш ќе се појави некој мудрец и со својата гоооолема мудрост ќе им ја зачепи устата на сите ......:tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Одлуката на Меѓународниот суд за правда: тоа ти е со еден удар нокаутираш две муви кои и така веке пред нокаут беа !
Муви се тепаат, не се нокаутираат, сем ако и самиот не си мува...
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Што нас ни мења било што од ова? Тие што можат, можат и без НАТО и без ЕУ тие што неможат џабе и е НАТО и ЕУ и свети НАТО и свети ЕУ!!!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Предвидливо и досадно. Непрестаното инсистирање на само еден ист модел на објаснување на настаните неизбежно води во дебункирање на тој модел...
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:20 PM ---


Кој со Русите тикви сади...

А Кина никогаш нема да ни го заборави признавањето на Тајван, да не се лажеме. Плус, Кина нема никаков ниту политички ниту економски интерес во Македонија.
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:25 PM ---


Толно така. Целата политика воглавно се сведува на лобирање и лични пријателства. Но сега ќе ти се исфрлат со теориите дека Германците ги подржуваа Албанците во 2001, или дека МИ6 им вареше кафе на терористите на Шар Планина.

Еден куп еднонасочни умови...
Дебункирање...:icon_lol:
Врши работа тој модел низ целата позната историја, не верувам дека магично ќе престане да функионира поради хипстерски пориви или поради духовна логика.
Генералниот секретар на Нато (инаку ум повеќенасочен) веќе се огласи по повод пресудата...лишено од дипломатски речник неговата изјава би се свела на нешто во стилот...and not a single fuck was given that day...:icon_lol:

Во политиката и самиот треба да пиеш кафе со својот „непријател“. Всушност и тоа е поентата, нема вечни пријатели и непријатели, има интерес, лични познанства, поткупување, лобирање, делење тендери... Се на се, политиката е игра, доколку изгубиме тоа ќе биде затоа што не сме играле доволно добро, а не затоа што сме сирото мало државиче што нема пријатели, сите сакаат да го искористат, па сега треба да бара другарчиња што ќе го сакаат од љубов. Не постои таква работа во политиката. Денес сојузници ни се државите со кои имаме заеднички интереси, утре кој знае.
Е да...кафе пиењето е основа на модерната политика...
лобирање,делење тендери,интереси!?бљак...Груман Нортроп, Локид Мартин, Рејтион....и нивниот извоз во правец на Грција се само илузија која може да ја смени соодветно лобирање од овдешните амбасадори и конзули, само треба паметно да се одигра...:icon_lol: кафенце, ракиичка, шопска...Обама ќе ги батали своите финансиери на кампањи, абе каква модернизација на Ф-16 тоа е passe, битно е да се дружиме...
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
in for the loose
си знаеа они уште 2008 дека спогодбата е нарушена, затоа и не и придаваат значење на разврската.
што се однесува до нас, ни останува да го наметнуваме добиениот спор сегде кај што ќе бидеме поканети... и онака не се праи ништо паметно во внатрешноста.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Е да...кафе пиењето е основа на модерната политика...
лобирање,делење тендери,интереси!?бљак...Груман Нортроп, Локид Мартин, Рејтион....и нивниот извоз во правец на Грција се само илузија која може да ја смени соодветно лобирање од овдешните амбасадори и конзули, само треба паметно да се одигра...:icon_lol: кафенце, ракиичка, шопска...Обама ќе ги батали своите финансиери на кампањи, абе каква модернизација на Ф-16 тоа е passe, битно е да се дружиме...
Се што наброја е дел од грчкото „пиење кафе“ со Америте. Никој не рече дека тоа е илузија, тоа е реалната состојба и предизвикот со кој се соочуваме.

Инаку таков распоред кафенце, ракиичка, шопска, дискотека, курвиче, секс го направи Камерон најголем поддржувач на Македонија и покрај сите силни конекции што ги имаат со Грција. :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Хмм, читав нешто и пак не сватив...
Ќар по се изгледа дека немаме, и не сум изненаден воопшто, но како исходот од Хаг би ни штетел нам?
Тешко е да ти се објаснува во "reverse". Исто кога би земал да читаш книга од крајот кон почетокот.


Владата поднесе тужба за исполнување на привремената согласност, што значи дека Владата мисли дека Привремената согласност не е ништавна.
Владата ја применува ништавната спогодба.

Го разбираш ли тоа?

Пробај да прочиташ следново, иако со задоцнување:

Привремената согласност не може да се раскине

Ништавните правни работи не можат да се побиваат. Со оглед на тоа да немаат правно дејство, кое што странките го сакале, побивање и не е потребно.Тие не постојат и нема што да се раскине.

Последна шанса за одбрана на името!

1. Член 103 од Повелбата е ius cogens која што предизвикува ништавност на сите договорни норми кои што во време на настанувањето биле во спротивност со Повелбата и Статутот како негов интегрален дел.
2. Член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 од Повелбата.
_____________________________________________________________________
3. Член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма.
ВТОР просилогизам:
1. Член 1, став 2 од Повелбата го содржи основното колективно човеково право, правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes.
2. Член 5 од Времената согласност одредува преговори за правото на самоопределување.
_____________________________________________________________________
3. Член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма.
ТРЕТ просилогизам:
1. Quod nullum est, nullum producit effectum (Тоа што е ништавно нема никакво дејство).
2. Привремената согласност е ништавна (член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 од Повелбата, односно правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes, според пресудата на Mеѓународниот суд на правдата во случајот Источен Тимор).
_____________________________________________________________________
3. Ништавната Времена согласност нема никакво дејство и Македонија не мора да го смени името.
Доколку моето заклучување, односно наведените правни силогизми се правилни, тогаш на Владата и предлагам врз основа на Виенската конвенција за договорно право да испрати до Грција изјава дека Времената согласност е ништавна и да го извести Меѓународниот суд на правдата.
--- надополнето: Dec 6, 2011 12:24 AM ---
Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, Македонија има право да вложи жалба за ништавност до Меѓународниот суд на правдата.
Грчка лажга

„Има маскирани лажги што претставуваат толку убава вистина што човек би испаднал глупав кога не би се фатил на нив“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“)

Таква е грчката лажга со кршење на Привремената согласност, со блокирање на нашата интеграција во НАТО и во ЕУ. Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.

Па еве една слика за иус цогенс. Грк и Македонец се договараат, Гркот да му даде милион долари на Македонецот. Овој има 15 години да ужива во трошењето и потоа треба да се обеси. Македонецот се изнауживал 15 години, ги потрошил сите пари, дури направил и солидна мала фирма што му носела пристојни приходи. Бидејќи не се обесил, Гркот го потсетил на договорената обврска. Овој не сакал да се обеси. Гркот не може да го тужи и да бара судот да му наложи да се обеси. Доколку ја направи таа глупост, тој ќе биде обвинет за кривично дело поттикнување самоубиство и ќе заврши во затвор.
Така и Македонија: иако со Привремената согласност е договорено да се обеси (компромис), правото на самоопределување е иус цогенс и има дејство ерга омнес (спрема сите), па како што судот ќе ја одбие тужбата на Гркот што дал милион долари за самоубиство и ќе биде ставен во затвор, така и Грција, доколку ја тужи Македонија за да си го смени името, ќе биде одбиена.
Тужбата на Владата ја крши логичната доследност во форма на игноратио еленцхи (непознавање на спорната точка). Оваа грешка ја прават оние што немаат чувство за тоа што е најважно. Владата смета дека најважно е Грција да не ја попречува Македонија во зачленувањето. Јас сметам дека најважно е иус цогенс. Доколку сум во право дека правото на самоопределување важи ерга омнес, тоа значи по пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе мора и членките на ЕУ да нé признат како и оние 129 држави.


За дискриминацијата на ОН кон Македонија и Македонците


Решението да се бара преку правни мерки, а не политички


Власта да се откаже од авантура за промена на државното име Македонија!


Стереотипии за името


или едноставно..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom