Не сме целосно сами, ако алудираше на тоа.
Промена на нашите стратешки цели е многу сложен процес за кој прво ќе треба политички, па после и меѓуетнички концензус. Сепак, во сите можни сценарија, барем според мене НАТО ни е потребен. Можеме да најдеме економски партнери, со што би ја „замениле“ ЕУ, ама не гледам замена за НАТО.
Приметливо е како исполитизираните медиуми ви извршиле лоботомија, па почнавте да ги применувате и нивните терминологии.
„Меѓуетнички концензус“, „взаемно прифатливо решение“.. што уште?
Државните интереси се бранат на секој можен исплатлив начин, неисплатлив досега се покажа начинот на служење и додворување, кога губиме драгоцено време кое сме можеле и поинаку да го искористиме отколку на некакви “интегративни процеси“, кои сепак на крајот пак зависат од обична политичка одлука на интерес, а не од нашето право и заслуги.
Најлесно се владее кога има страв, затоа доколку се сметаме за суверена земја ќе знаеме суверено да одлучуваме, а доколку некој насилно ни го одземе тој суверенитет, тоа ќе биде запишано. Затоа што мора да почнеме да ги нарекуваме нештата со нивните вистински имиња, неможе истовремено да ти биде сојузник оној кој пие кафе со твојот непријател и дволично те остава самиот да дојдеш до „решението“, кое секако подразбира твоја капитулација.
Дали Владата наша не приметува дека Грција намерно не одржува надвор од НАТО, за да може да не претставува како нивна територијална закана врз која го основа својот “став“?
Бидејќи тогаш ние автоматски станува и проблем на НАТО, ја загрозуваме и нивната територија, а во тој случај тие имаат интерес да делуваат во полза на Грција.
Дали не сме кадарни барем да ги изнесеме уште повеќе на виделина злите намери на сите кои не оспоруваат, со тоа што правно ќе ја подважиме Привремената Спогодба, според предлогот на М. Попески и И. Јанев?
САД и други земји честопати ги кршеле резолуциите на ООН, кога се работело за нивниот интерес, зошто да не ги натераме повторно да ги прекршат, но пред очите на целиот свет и правно да го овековечиме тоа, макар и утре да испоцркаме, да биде евидентирано која улога ја одиграле.
А не како сега, да глумиме пријатели и да бидеме уценувани, мора да има нешто многу повеќе зад целата оваа завера која ги тера светските тешкаши да мора да настапуваат сојузнички против нас.
И претходно говорев, се’ се заснова на интереси, ако е така, можеме да креираме интерес кој ќе го искористиме, т.н. стратегија на синиот океан, треба да креираме нов пазар за нас, доколку статистички се’ што на годишно ниво произведува нашата земја може да биде конзумирано во рок од еден-два месеци само од градот Москва, тогаш не треба многу економисти за да пресметаат долгорочен профит.
И уште нешто, што се ООН?
Постојат многу суверени земји надвор од ова меѓународно тело, постоењето на една суверена држава не е инагуирано со нејзиното членство во ова организација, тие се само олеснителен механизам за дипломатијата, меѓутоа истовремено и ограничувачки фактор кога се употребува како играчка од големите сили.
--- надополнето: Dec 5, 2011 10:44 PM ---
Ние сме Република Македонија, не ни треба ни НАТО ни ЕУ, ние треба да се фокусираме кон Русија,Кина и Турција...
Аман бе, не можеше да се изостави тоа Република како во случајот со Русија,Кина и Турција..?
Нашето име си е Македонија, уставната референца не е дел од нашето име ниту се идентификуваме со него.
Несвесното форсирање на композитни верзии од нашето име не доведува во големи заблуди, кои потоа резултираат со наивното верување дека „не го менуваме името“ само ќе имаме додавка или придавка т.е. „Горна“ или „Нова“ - Македонија.