Хмм, читав нешто и пак не сватив...
Ќар по се изгледа дека немаме, и не сум изненаден воопшто, но како исходот од Хаг би ни штетел нам?
Тешко е да ти се објаснува во "reverse". Исто кога би земал да читаш книга од крајот кон почетокот.
Владата поднесе тужба за исполнување на привремената согласност, што значи дека Владата мисли дека Привремената согласност не е ништавна.
Владата ја применува ништавната спогодба.
Го разбираш ли тоа?
Пробај да прочиташ следново, иако со задоцнување:
Привремената согласност не може да се раскине
Ништавните правни работи не можат да се побиваат. Со оглед на тоа да немаат правно дејство, кое што странките го сакале, побивање и не е потребно.Тие не постојат и нема што да се раскине.
Последна шанса за одбрана на името!
1. Член 103 од Повелбата е ius cogens која што предизвикува ништавност на сите договорни норми кои што во време на настанувањето биле во спротивност со Повелбата и Статутот како негов интегрален дел.
2. Член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 од Повелбата.
_____________________________________________________________________
3. Член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма.
ВТОР просилогизам:
1. Член 1, став 2 од Повелбата го содржи основното колективно човеково право, правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes.
2. Член 5 од Времената согласност одредува преговори за правото на самоопределување.
_____________________________________________________________________
3. Член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма.
ТРЕТ просилогизам:
1. Quod nullum est, nullum producit effectum (Тоа што е ништавно нема никакво дејство).
2. Привремената согласност е ништавна (член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 од Повелбата, односно правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes, според пресудата на Mеѓународниот суд на правдата во случајот Источен Тимор).
_____________________________________________________________________
3. Ништавната Времена согласност нема никакво дејство и Македонија не мора да го смени името.
Доколку моето заклучување, односно наведените правни силогизми се правилни, тогаш на Владата и предлагам врз основа на Виенската конвенција за договорно право да испрати до Грција изјава дека Времената согласност е ништавна и да го извести Меѓународниот суд на правдата.
--- надополнето: Dec 6, 2011 12:24 AM ---
Доколку Грција не одговори во рок од 12 месеци, Македонија има право да вложи жалба за ништавност до Меѓународниот суд на правдата.
Грчка лажга
„Има маскирани лажги што претставуваат толку убава вистина што човек би испаднал глупав кога не би се фатил на нив“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“)
Таква е грчката лажга со кршење на Привремената согласност, со блокирање на нашата интеграција во НАТО и во ЕУ. Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.
Па еве една слика за иус цогенс. Грк и Македонец се договараат, Гркот да му даде милион долари на Македонецот. Овој има 15 години да ужива во трошењето и потоа треба да се обеси. Македонецот се изнауживал 15 години, ги потрошил сите пари, дури направил и солидна мала фирма што му носела пристојни приходи. Бидејќи не се обесил, Гркот го потсетил на договорената обврска. Овој не сакал да се обеси. Гркот не може да го тужи и да бара судот да му наложи да се обеси. Доколку ја направи таа глупост, тој ќе биде обвинет за кривично дело поттикнување самоубиство и ќе заврши во затвор.
Така и Македонија: иако со Привремената согласност е договорено да се обеси (компромис), правото на самоопределување е иус цогенс и има дејство ерга омнес (спрема сите), па како што судот ќе ја одбие тужбата на Гркот што дал милион долари за самоубиство и ќе биде ставен во затвор, така и Грција, доколку ја тужи Македонија за да си го смени името, ќе биде одбиена.
Тужбата на Владата ја крши логичната доследност во форма на игноратио еленцхи (непознавање на спорната точка). Оваа грешка ја прават оние што немаат чувство за тоа што е најважно. Владата смета дека најважно е Грција да не ја попречува Македонија во зачленувањето. Јас сметам дека најважно е иус цогенс. Доколку сум во право дека правото на самоопределување важи ерга омнес, тоа значи по пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе мора и членките на ЕУ да нé признат како и оние 129 држави.
За дискриминацијата на ОН кон Македонија и Македонците
Решението да се бара преку правни мерки, а не политички
Власта да се откаже од авантура за промена на државното име Македонија!
Стереотипии за името
или едноставно..