Кажуваш банални и очигледни работи. Сите тоа го знаеме. Што очекуваше Волерс да рече? Е ова го чекавме, сега ќе ги притиснеме Грците?
Аман.
Администрацијата на Обама не ни е наклонета, Британската ни е. Милион испреплетени интереси се во игра. Јас нигде не напишав дека во Чикаго со сигурност ќе бидеме примени во НАТО. Работата е, ситуацијата после пресудата е подобра отколку пред пресудата.
На самитот во Чикаго некој Грк ќе мора да образложи зошто става вето. Ако каже дека мора прво да се реши спорот со името, имаме судска пресуда која го вели спротивното. Сосем доволно Грција да биде притисната. Дали нашата дипломатија може да создаде ситуација тоа да се случи, ќе видиме.
Од ставот дури не го смениме името нема во НАТО и ЕУ, иако сме супер дечки, нема многу фајде...
--- надополнето: Dec 5, 2011 4:09 PM ---
Ти, ќе си ги турниш гаќите, како што Грците ги турнаа гаќите и прифатија наметната влада, ќе го извадиш тој нокширот од аватарот и ќе го свртиш наопаку, и ќе питаш пари како што циганското племе моментално го прави тоа.
Договорено?
Интересно е од каква позиција се тргнува при квалитативни квалификации (цигани) ако претпоставиме дека е потребна некаква супериорност на субјектот кој дава квалификација. Иако не мора да значи, секој може да си каже нешто...
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Можеби фактот дека циганите поседуваат огромен дел од стратешката инфраструктура тука и се најголем странски инвеститор и покрај големата криза која владее кај нив е нешто кое е доволно за да човек се осети на момент супериорен. Just maybe...
Којзнае што би било во случај да немаа криза, outsorcing во Индонезија наместо во РМ...
Не постојат политички мотиви, политиката е само економија водена со други средства.
Оттаму, правото на вето на секоја членка не е спорно, ниту зависи од препораките на судот во Хаг, тие членки се во Нато со одредена цел.
А една од целите може да се види и во поседувањето на 160-те Ф-16 од страна на грчката авијација...на кои им требала...модернизација...наскоро...
Ако се знае колку чини еден од нив и колкави се трошоците за експолатација и модернизација...се наметнува прашањето зошто администацијата на САД во која секојдневно лобираат или членуваат разни CEO на сите можни defense contractors...би биле на страна на Македонија, која да ја напрегне економијата до краен лимит не би можела да издржи да експлоатира една формациска ескадрила на Ф-16. А тоа е само еден пример, има секакви други примери од фрегати,подморници,тенкови до противавионски системи...
Чикаго...можно е...заедно со Република Српска Крајина и Херцег-Босна во пакет...
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)