Не знам колку го пратевте читањето на пресудата, но има неколку клучни моменти што треба да се запазат.
Прво, меѓународниот суд на правдата во Хаг не е суд чии одлуки да бидат толкувани како и да можат да влијаат Inter partes или Erga omnes. Inter partes во смисла да наложи на обете странки во процесот да се воздржуваат, трпат или чинат одредени начела или дејствија, додека Erga omnes (tangit) да носат правила кои важат за сите. Тоа е така затоа што одлуките кои ги носат не предизвикуваат правно дејство, ниту пак можат да бидат искористени како право, па да би имале некаква правна сила, во правниот промет. Тие се чисто декларативни и толку.. Тоа значи дека судот само може да конститира одредена фактичка состојба со тоа што на некој начин тој само врши толкување на веќе постоечки договори или одлуки што се спорни или кои предизвикале спор.
Второ, ако внимателно го слушавте претседателот на советот од судии, тогаш ќе забележевте дека тој цело време ги толкува, образложува и објаснува наводите на двете засегнати страни, па потоа дава коментар, односно, ја кажува одлуката во поглед на чл.11 од времената спогодба од 1995 година, а која одлука ја аргументира додатно со резолуциите на ООН во врска со спорот што нашата држава го има со Грција, бр.817 и 845 (мислам дека беше тоа бројче), што значи дека после оваа одлука на судот, ќе треба да се земат времената спогодба, плус резолуциите на ОН, плус резолуцијата со која сме примени во ООН под привремената референца заедно со одлуката на судот и добро да се пролистаат, бидејќи она што стои во одлуката е само толкување на веќе постојните документи. Во тој поглед можеби само како некоја насока ќе ни послижи оваа пресуда, во смисла, како да ги толкуваме и што да читаме конкретно од веќе донесените одлуки и резолуции.
Трето, оваа пресуда, е еклакантен доказ дека и ние, а и грците гадно сме се заебале. Сме се заебале затоа што сме потпишале нешто што ниту сме го прочитале, а и да сме го прочитале, бог те пита како сме го разбрале. На наша штета затоа што требаше да трпиме глупости, а и уште ќе ги трпиме, а на штета на грците, затоа што, прво се избламираа максимално, и второ, со самото потпишување влегоа во една политика која што им е тотално апсурдна и непродуктивна. Која е поентата тогаш, како што констатираа неколкумина на овој топик, да добиеш ваква одлука, кога и онака можат грците пак да те блокираат, но истовремено која е и поентата грците повторно да блокираат? Со ова се докажа дека сите направени потези од времената спогодба, па до денес, од обете страни, се чисто свесно политичко мешетарење и малтретирање, бидејќи да сакавме ќе го решевме спорот, а со ова денес верувајте не го решаваме спорот.
Така да оваа пресуда, лично, не ја гледам како win - loose, туку повеќе како loose - loose situation.
П.С.Само што го читнав ова на нет... не сакам да звучам безобразно, но еве проценете и сами, лично сметам дека ова е многумудар потег..
http://press24.mk/story/makedonija/ahmeti-nema-pobednici-vo-hag-da-prodolzhat-pregovorite-za-imeto