Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
сега стварно се изгубивте во просторот и времето.
тоа што го добивме спорот во хаг не чини?? требаше да изгубиме??
мислам дај доизјаснете се , што ви е мислата. што сака авторот да кажи.
Различен автор различни мислења сосема нормално и демократски :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Морална сатисфакција, порака дека правдата е на наша страна, иако тоа ние одамна го знаеме.

Практично, па ништо посебно, не за ЕУ, таму ќе имаме проблеми, шанса е да се договориме некако со америте за во Чикаго да влеземе у НАТО, грците не би се усудиле со уште едно вакво вето, не во ситуацијата во која се сега, значи интензивно прешалтување на дипломатијата од ЕУ и Брисел во Вашингтон. САД ќе бидат клучни, како и секогаш, мораме да ги натераме да ни дадат гаранции дека ќе не подржат за влез во НАТО догодина, грците нема да смеат на Обама да му го прават истото што и на Буш, особено оти им требаат стотици милијарди кои зависат и од САД дали ќе ги добијат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Море еден апел, една петиција да се потпише. Насловот да биде: КАКО СМЕЕВМЕ ДА ГО ДОБИЕМЕ СПОРОТ!! Па исто ко со писмата за Филе, да праќаме до судов, да ги бомбардираме, како не им е срам у наша корист ќе пресудувале. Дај бре што има да се замараме за идентитет и достоинство, дај и име и све да дадеме, пошо ЕУ многу не сака иначе, ако они тоа така лицемерно се понашаат и негираат и јазик дека имаме. Јазик? Шо ќе ни е јазик бре, гледам прееска на статус на фејсбук двајца Македонци на англиски си коментираа, пф, на македонски ќе збориме, бегај таму, сега инглиш е фешн.

Не е ништо за овој народ. Ништо. А бре и под уставно име секаде да влеземе, пак ќе се мрштат.

Македонија е прекрасна земја, луѓето у неа не чинат.

Како вицот со Господ и свети Петар (го има у поише верзии). Господ ја создал Македонија без ниедна мана и св. Петар му рекол: Добро зошто ниедна мана, зошто ја направи толку прекрасна, а сите други држави имаат нешто што не е совршено, со мани. Господ му рекол: Чекај, чекај да видиш какви луѓе ќе ставам...

Сами себе ќе си го ставиме крајот. Пиштолот (метафорички) само ќе си го впериме. Пошто сме смотан народ. СМОТАН.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не знам колку го пратевте читањето на пресудата, но има неколку клучни моменти што треба да се запазат.

Прво, меѓународниот суд на правдата во Хаг не е суд чии одлуки да бидат толкувани како и да можат да влијаат Inter partes или Erga omnes. Inter partes во смисла да наложи на обете странки во процесот да се воздржуваат, трпат или чинат одредени начела или дејствија, додека Erga omnes (tangit) да носат правила кои важат за сите. Тоа е така затоа што одлуките кои ги носат не предизвикуваат правно дејство, ниту пак можат да бидат искористени како право, па да би имале некаква правна сила, во правниот промет. Тие се чисто декларативни и толку.. Тоа значи дека судот само може да конститира одредена фактичка состојба со тоа што на некој начин тој само врши толкување на веќе постоечки договори или одлуки што се спорни или кои предизвикале спор.

Второ, ако внимателно го слушавте претседателот на советот од судии, тогаш ќе забележевте дека тој цело време ги толкува, образложува и објаснува наводите на двете засегнати страни, па потоа дава коментар, односно, ја кажува одлуката во поглед на чл.11 од времената спогодба од 1995 година, а која одлука ја аргументира додатно со резолуциите на ООН во врска со спорот што нашата држава го има со Грција, бр.817 и 845 (мислам дека беше тоа бројче), што значи дека после оваа одлука на судот, ќе треба да се земат времената спогодба, плус резолуциите на ОН, плус резолуцијата со која сме примени во ООН под привремената референца заедно со одлуката на судот и добро да се пролистаат, бидејќи она што стои во одлуката е само толкување на веќе постојните документи. Во тој поглед можеби само како некоја насока ќе ни послижи оваа пресуда, во смисла, како да ги толкуваме и што да читаме конкретно од веќе донесените одлуки и резолуции.

Трето, оваа пресуда, е еклакантен доказ дека и ние, а и грците гадно сме се заебале. Сме се заебале затоа што сме потпишале нешто што ниту сме го прочитале, а и да сме го прочитале, бог те пита како сме го разбрале. На наша штета затоа што требаше да трпиме глупости, а и уште ќе ги трпиме, а на штета на грците, затоа што, прво се избламираа максимално, и второ, со самото потпишување влегоа во една политика која што им е тотално апсурдна и непродуктивна. Која е поентата тогаш, како што констатираа неколкумина на овој топик, да добиеш ваква одлука, кога и онака можат грците пак да те блокираат, но истовремено која е и поентата грците повторно да блокираат? Со ова се докажа дека сите направени потези од времената спогодба, па до денес, од обете страни, се чисто свесно политичко мешетарење и малтретирање, бидејќи да сакавме ќе го решевме спорот, а со ова денес верувајте не го решаваме спорот.

Така да оваа пресуда, лично, не ја гледам како win - loose, туку повеќе како loose - loose situation.

П.С.Само што го читнав ова на нет... не сакам да звучам безобразно, но еве проценете и сами, лично сметам дека ова е многумудар потег..
http://press24.mk/story/makedonija/ahmeti-nema-pobednici-vo-hag-da-prodolzhat-pregovorite-za-imeto
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Морална сатисфакција, порака дека правдата е на наша страна, иако тоа ние одамна го знаеме.

Практично, па ништо посебно, не за ЕУ, таму ќе имаме проблеми, шанса е да се договориме некако со америте за во Чикаго да влеземе у НАТО, грците не би се усудиле со уште едно вакво вето, не во ситуацијата во која се сега, значи интензивно прешалтување на дипломатијата од ЕУ и Брисел во Вашингтон. САД ќе бидат клучни, како и секогаш, мораме да ги натераме да ни дадат гаранции дека ќе не подржат за влез во НАТО догодина, грците нема да смеат на Обама да му го прават истото што и на Буш, особено оти им требаат стотици милијарди кои зависат и од САД дали ќе ги добијат.
хахахах САД со сила ќе ги тераат Грците за да не стават вето на МК, абе вие нормални сте? Во НАТО има принципи, тука има солидарност,ако 1 се противи нема шанси да влезеш во НАТО.
А и уште нешто,,Пораките на Европската унија и на НАТО се јасни - решете го проблемот со името и веднаш ќе влезете во НАТО и веднаш ќе почнете преговори со ЕУ. Јас не знам зошто некои политичари и новинари во Македонија се обидуваат да не ја разберат пораката што е толку многу јасна и прецизна за иднината на ова земја..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
хахахах САД со сила ќе ги тераат Грците за да не стават вето на МК, абе вие нормални сте? Во НАТО има принципи, тука има солидарност,ако 1 се противи нема шанси да влезеш во НАТО.
А и уште нешто,,Пораките на Европската унија и на НАТО се јасни - решете го проблемот со името и веднаш ќе влезете во НАТО и веднаш ќе почнете преговори со ЕУ. Јас не знам зошто некои политичари и новинари во Македонија се обидуваат да не ја разберат пораката што е толку многу јасна и прецизна за иднината на ова земја..
Знам јас добро што се условите за влез во НАТО и ЕУ, и знам кој е посебниот услов за нас. А дека САД можат, тоа е јасно, имаат тие начини да ги натераат грците и самите да гласаат за наш прием во НАТО, сепак ние таму ќе влеземе како ПЈРМ, не со уставното име, што е доволно за грците да го прифатат тоа, како што и во ООН и сите други меѓународни огранизации сме ПЈРМ, па никој не се буни за тоа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас не знам зошто некои политичари и новинари во Македонија се обидуваат да не ја разберат пораката што е толку многу јасна и прецизна за иднината на ова земја..
Јас имам јасна и прецизна порака до тебе.

Еби си мајката...

;)
--- надополнето: Dec 5, 2011 1:33 PM ---
Така да оваа пресуда, лично, не ја гледам како win - loose, туку повеќе како loose - loose situation.
Гледаш од погрешен аспект на работата. Ова не е правна, ова е политичка победа, на која што треба политичи да се поентира. Во меѓународната политика, иако декларативно правото ја регулира политиката, всушност е токму спротивното...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
М А тоа дека Грујо се сложил да го смени името 2008 не кажувате.
Јавно беше кажано и сите знаат дека Бранко и Грујо во Букурешт отидоа со прифатен предлог Република Македонија(Скопје).Зошто Грција го одби???
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Што после ова? Ваљда сеа Грујо ќе ни каже: http://www.makedonija24.mk/

Кај и да е, треба да почне изјавата. И на МТВ ќе имате директен пренос.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.194
Поени од реакции
23.714
Различен автор различни мислења сосема нормално и демократски :)
мислам дека демократијата малце погрешно ја имат сватено.
можеби е демократски да ги оправдуваш делата на еден педофил , кога сите останати ги осудуваат, но во очите на другите нема да бидеш поборник на демократијата, туку само уште еден педофил.
има разлика нели ??
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Гледаш од погрешен аспект на работата. Ова не е правна, ова е политичка победа, на која што треба политичи да се поентира. Во меѓународната политика, иако декларативно правото ја регулира политиката, всушност е токму спротивното...
Точно.. во меѓународното право е така, политиката го декларира меѓународното право, додека пак политиката е декларирана од „правото“ на државите внатре.

И точно дека ова не е правна победа, но истовремено не се согласувам дека е политичка.
За да биде политичка, треба да не примат во ЕУ и НАТО, и тоа не под привремената референца, туку под нашето Уставно име. Се до тогаш, можеме да посакуваме политичка победа, а за што во суштина се согласувам дека се отвара пат за таква победа, но рано е сеуште да се говори за тоа... Ќе видиме допрва...

Шо знам, мене ме интересира што Грците ќе прават сега... а за ЕУ и НАТО веќе ми е јасно - они ќе се држат до ставот „додека не се реши спорот, нема влез“. А што се однесува до нас, не знам зошто, но се нешто ми кажува дека ние ќе се повикуваме на пресудава, за што мислам дека е нон сенс...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А ќе има ли „спонтани и граѓански„ собири за прослава на плоштадите? ;)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
А кој фактор е Македонија од сето ова?, Американците навистина да сакаа МК да влезе во НАТО, тоа ќе се случеше, без разлика на солидарноста на НАТО тука се сложувам и јас, ама да сме раелни,што има МК?? Има јака гео-стратегија??
Излегува на море?? Има нафта?? има рудници со злато и дијаманти? оооо човече Американецот нема да те дупи ако нема корист од тебе, МК уште од 2008 година ќе влезеше во НАТО,ако САД сакаше, не гледаш какви изјави има од САД и од ЕУ, ДА СЕ РЕШИ СПОРОТ, инаку неможете да влезете во НАТО, и толку, кратко и јасно.. Ех сега вие продожете со научната фантастика..
Државата нема нафта,не излегува на море нема злато но самата положба на државата е пат на балканот,пат за трговска размена на економиите преку територијата на Македонија затоа секоја од големите држави има интерес погледни ги само вложувањата од (Кина,САД,Турција).Не сакаат Грците во НАТО да не видат тоа е факт се плашат од некој други прашања како егзодусот и имотите на егејците,многу полесно некој прашања се решааваат во тие сојузи кога имаш држави наклонети према тебе.Кога Обама дојде на власт самиот изјави дека акцентот на неговата геополитика ќе биде на друга страна од светот а не на балканот,ниту Македонија ниту Грција немаат никаква подршка од САД во моментов,САД игра топло-ладно со вас сме но и со нив сме.Во приемот во НАТО нема солидарност тоа се вика консензус (едногласен заеднички став кон некоја одлука) Секој од нас го знае начинот да го реши името но никој не е луд да прифати обезглавување.Сојзите се формираат и распаѓаат низ историјата е докажано но државите опстојуваат и понатаму.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Уффф тежок удар за Грците, но истовремено ни ја олеснува и битката против Бугарите.После ваква одлука ќе немаат ама баш никакви муда за да направат нешто против нашето членство.Да видам каде е сега оној Денко Маленковски кој упорно тврдеше дека ќе ја изгубиме битката....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom