@Zidarski
Ги прочитав воглавно сите твои изјави на оваа тема, и ми е јасна твојата намера да го претставиш слободното ѕидарство како потполно невладина организација, невлијателна, што не донесува одлуки кои влијаат врз структурата на светот. Во твоите изјави масонството е претставено како братство кое единствено постои за достигнување на одредени нивоа на духот. Но, има некои работи кои постојано ме копкаат и ме тераат се повеќе да се сомневам во твојата искреност.
Зошто во емисијата "Во Центар" каде тема на дискусија беше масонството, на прашањето дали смета дека масоните го контролираат светот, господинот Живко Груевски одговори: "Јас не сметам, јас знам дека масоните го контролираат светот"?Преку целата емисија макотрпно се обидуваше да ја долови истата слика која ти ја доловуваш, потоа го кажа тоа, па дури и кога сфати што кажал понатаму почна и да се извлекува. Понатаму, твој став во една од почетните страници на оваа тема е дека во масонското братство може да се биде примен само по сопствена иницијатива, додека пак на главната страница на "Големата Ложа на Македонија" пишува цитирам
"Луѓето стануваат масони од различни причини. Некои поради семејна традиција, некои поттикнати и донесени од пријател или пак, едноставно, поради тоа што сакаат да се придружат кон братството понесени од неговиот универзализам дури и од обична човечка љубопитност кон мистичното здружение на слободните ѕидари", спротивно на твојата изјава дека ако некој е внесен од пријател, веднаш е исклучен а во опасност е и пријателот. Сега, имам и неколку прашања од чиста љубопитност. Дали постојат масонски ложи во другите градови во Македонија(значи покрај Скопје), и како е изводливо некој граѓанин од помалите градови да биде припадник на масонско братство?
Твоја изјава е дека ако некој има амбиција да биде член во Масонската Ложа треба да испрати e-mail на објавената адреса на официјалната веб-страна. Значи моето прашање е, на кој начин се одлучува дали си компетентен за влез во братството, дали си почитуван во твојата работа, дали си стабилен во семејството и сл. ?