Ставрогин - т'нко стоиме со читање на форумов некако... сите ги мрзи да читаат, а мене не треба да ме мрзи да пишувам пак...
Зидарски, долго се познаваме од многу многу многу форуми, насегаде само тврдиш а ништо не докажуваш, затоа сега би сакал да ми одговориш на неколку прашања, не сакам со одговори од типот, тоа е тајност, тука треба дискреција, или тоа не смеам да гго кажам.
За конкретнава тема - секој може да изрази мислење. Дали другите ќе веруваат на тоа или не, е нивна работа.
Дали во масонеријата постојат врски со Илуминатите? (јавна тајна)
Денес не, затоа што Илуминатите како организација не постојат. Во минатото да - затоа што таканаречените Илуминати биле масонска ложа во Баварија (во крајот на 18ти век). Не постојат многу одамна и ако не беа пишувањата на Лео Таксил, немаше никој да се сеќава на нив. Проблемот е што денешните "писатели", се повикуваат на некои цитати од Таксил како да се историски докази, иако самиот тој отворено признал дека се што пишувал се измислици. Не мора многу да се полемизира околу ова - земи и прочитај нешто пишувано од него директно, а не препишувано од други, и ќе видиш за што станува збор.
Ако не е тајно друштво, зашто не може секој да биде член??
Од истата причина што не може секој да биде фудбалер за Барселона, што не може секој да работи за Мајкрософт, што не може секој да предава на факултет... Ниедно од овие не е тајно друштво, но имаат многу ригорозни критериуми за тоа кој може да стане член. Зошто одеднаш тоа е проблем во Масонеријата?! Кога ќе станеш фудбалер на Барса, член на управен одбор на Мајкрософт и ќе предаваш на Сорбона (во исто време) - тогаш навистина ќе речам - има некаков проблем во врска со нашето примање на членови.
Ако се бори за јавниот општествен развој и е хуманитарна организација, зашто никој не видел да спроведат некоја хуманитарна акција и јавно да се каже ова е организирано од големата ложа таа и тааа?
Има и тоа многу. Иако што се однесува до донирањето се следи Библиското правило дека не треба да се зборува за тоа - заради вакви коментари и побуди, многу ложи се принудени да ги објавуваат барем најголемите донаторски акции, за да не будат сомнежи.
Еве пример:
http://www.masonicfoundation.on.ca/ - ова е од мојата Голема Ложа, има листа на програми кои се финасираат... зборуваме за милиони долари кои се донирани во здравство, образование и слично. Го давам конкретниов пример, затоа што самото име на фондацијата е "masonic foundation", па е повеќе од очигледно кој стои зад неа. Разгледај го сајтот.
Еве уште еден пример:
http://www.shrinershospitalsforchildren.org/ - ова е во САД, Шрајнер болниците се финансирани од масонската организација Шрајнерс. Ова се речиси единствените болници во САД кои нудат бесплатно лекување за деца со проблеми со коските. Над 80% од финансирањето доаѓа од масонски извори.
Во Северна Америка се многу послободни во јавното изразување на ваквите донации, во Европа, особено во источна - малку потешко оди тоа. Погледни го само форумов. Замисли како Големата Ложа дава донација за некое училиште и веднаш скокнуваат индивидуи, па и медиуми и обвинуваат дека сатанисти сакаат да ги врбуваат децата... не се ни шегувам, имаше пред неколку години ваков случај во друга Источно Европска земја...
Инаку - не се "бори" за јавен општествен развој, ниту пак е хуманитарна организација. Членовите се трудат да се подобри општествениот развој, и има хуманитарен елемент самата работа.
Кај што има пламен има и чад викаат старите, зашто сите секогаш настаните ги поврзуваат со масоните и со организации според нив??
Затоа што е така полесно. Полесно е да окривуваш некој друг за сопствените неспособности.
Што ти мислиш за тоа дека вие, масонските ложи се само задскривање на една многу поголема и целосно таинствена организација на новиот светски поредок, која претставува сатанистичко движење??
Ова веќе го имам кажано многу пати. Чиста глупост е и веќе премногу имам објаснувано зошто го мислам тоа. Прочитај низ форумот имам обајснето што е масонството и како функционира. Се разбира, знам дека тоа нема да го прифатиш како одговор, така што и јас и ти ќе останеме на првичните позиции, со што целиот разговор е бесмислен.