Чипови за покер али пристапна цена не некјоа плафонска. ?
Пристапна цена се пластичните чипови, ги има на секаде (кинески продавници, Sewa, Jumbo во Веро ...), и не се добри за играње.
Цената на добрите чипови зависи од сетот, колку чипови (200, 300, 500). Претежно кај нас носат од 11.5 грама, и сет од 500 чипа е околу 3500 денари.
Јас имам 13.5 грамски, од времето кога во Македонија не можеа да се најдат, морав да ги порачам од Словенија.
Моја препорака е да си купиш добар сет, без номинации (не сум сигурен каде видов со номинации (5, 10, 20, 50, 100)). Иако тие со номинациите изгледаат подобро, не се практични за игра.
А пластичните тотално немаат врска, како играчка за мали деца се, нема добар филинг играње со нив.