Хаха, ного си интересен, да точно е не беше во форма, ама класта што ја има му е вечна.Најдобар македонски фудбалер што некогаш се родил, ај пак да не се расправаме тука за глупости, да играш во тим на Мурињо први 11 и да освојуваш ЛШ, Калчо, да бидеш светски шампион, е тоа е Пандев !
Браво мајсторе.
За наши стандарди е класа, ама за оние стандарди денес поставени во светскиот фудбал не е, не е ниту просечен фудбалер, и со тоа не се согласувам зашто просечни фудбалери кај Мурињо во секој случај не започнуваат финале во ЛШ, или полуфинале против моменталнава Барселона ...
Јас лично не го сакам Пандев во Интер од две причини, првата е што не може да игра повеќе од 60 минути што е голем минус за него, втората е што навивачите не го сакаат и сите тие пцофки што му ги упатуваат влијаат врз неговата психа и дополнително се губи на терен.
Замерка имам и за нив што така прават со одредени фудбалери бидејќи нели они се 12ти играч а всушност одмагаат на екипата и со тоа на некој начин се 12ти играч за противникот, но јебига, тоа е Италија.
Инаку Пандев лани беше хејтан од Curva Nord уште по четврто коло, дома со Бари иако тогаш тепаа 4-0, незнам зашто им беше толку антипатичен, да останеше Мурињо друга ќе беше приказната и со него али јебига ...
Ја на татко му уште пред финалето во Мадрид ( уште од тој момент он веќе знаеше дека Мурињо не останува ) му реков дека ако дојде Бенитез тоа и те како ќе се одрази врз Пандев а он ми вика абе он е борец и тн и тн, го дава максимумот што е и точно, нешто што го имав
пишано уште кога дојде во Интер (,,Интер добива играч од типот на Занети , односно играч од кого се знае дека во секој меч го дава својот максимум и игра со цело свое срце за дресот што го носи''), ама очигледно не го перцепирал он Бенитез ко ја што го перцепирав и бидна тоа што бидна, воопшто не бев изненаден.