Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе горане горане ... кога ќе се слави вака на градски , туку заборавив јас овoj и останатите играат за пари не за национален тим (n)
Се славело вака на градски,ти текиња утакмицата со Шпанија?Само колку ке дае пандев,толку ке примат останатите нубови у репрезентација.
 
Бате Ване не земал пари, неееее!

И нема врска дека он убедувал некој, Интер ги забележале и двајцата, али највеќе очекувале од Стојков...
Бате Ване не зема пари... зема Беласица пари тогаш... и парите отидоа во промашената дренажа на помошните терени и за рефлекторите, како и за живот на клубот некое време. Тогаш беа тоа 400000 марки од германските.
За вториот дел од твојот пост потполно си во право.
И,да, треба споменик на Бате Ване да му прави Пандев.
 
Aбе горане горане ... кога ќе се слави вака на градски , туку заборавив јас овoj и останатите играат за пари не за национален тим (n)

Е за тоа на Хаџиристевски Харалапмије ќе му се јавиш.
Со таква федерација добро е и што воопшто идат ( чат пат ) да играт Пандев и Ко.
Инаку секоја чест Јуве му е омилен клуб за „решетање„.
 
http://www.time.mk/read/ff06c271f8/2501b14041/index.html
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев вчера се најде во првиот тим на Наполи на гостувањето против Аталанта, но при излегувањето од теренот во 62-та минута имаше вербален конфликт со тренерот Валтер Мацари.

Според италијанските медиуми Мацари при излегувањето на нашиот репрезентативен капитен му рекол: „Немој да се жалиш, кога веќе не можеш да трчаш“, на што, според Италијанците, Пандев возвратил со:„Vaffa“, што во слободен превод значи „губи се“.

Натпреварот меѓу Аталанта и Наполи заврши без победник (1-1). Пандев беше заменет во 62-та минута од страна на Лавеци. Аталанта дојде во водство во 64-та минута, а Наполи израмни во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Кавани.

По натпреварот, тренерот на Наполи, Мацари му се извини на Пандев.
Пандев беше лут, можеби со право, бидејќи можев да го оставам во игра уште десетина минути. Тој се подобруваше на теренот, но јас мислев дека во тој момент ми треба брзината на Лавеци. Ќе му се извинам на Пандев“, истакна стратегот на Наполи. :)
 
Мислев дека нема повеќе материјал во него,но се излажав.Браво мајсторе го запали Сан Паоло :vozbud:.Вториот гол мајсотрија,Буфон и цела одбрана на Јуве имаат кошмари од Пандев особено пред 5 год во дресот на Лацио ги седна на гз 5 души :cuc:.
 
Вторник, 29 Ноември 2011 23:14
Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев ја прекина лошата серија настапи за Наполи и со два погодоци против големиот Јувентус потсети на старите добри времиња кога ги бранеше боите на Лацио и Интер. Пандев двапати успеа да го совлада Џиџи Буфон, за водство од 2:0 и 3:1, но тоа сепак се покажа недоволно за Наполи да го совлада најтрофејниот италијански фудбалски клуб.

Вториот погодок за водство од 3:1 можете да го погледнете ТУКА.
 
Формата е моментална, ама класата е вечна :)
 
Што е смешно баш ме интересират?
are-you-fucking-serious.jpg
 

Брачка, не викам ја дека Пандев е зверка, ама да бидеме реални вакви мајстории во времето на Лацио ги имаше многу. Човекот си има класа иако не во споредба со таа на Роналдо, Меси и таков тип фудбалери...Изгледај ги натпреварите против Реал, со Јуве исто и ред други клубови (зборувам како играч на Лацио, зошто после во Интер имаше далеку поинаква улога заразлика од таа во Лацио). Потоа повредите го скротија и падна неговата форма. Поздрав
 
Хаха, ного си интересен, да точно е не беше во форма, ама класта што ја има му е вечна.Најдобар македонски фудбалер што некогаш се родил, ај пак да не се расправаме тука за глупости, да играш во тим на Мурињо први 11 и да освојуваш ЛШ, Калчо, да бидеш светски шампион, е тоа е Пандев !

Браво мајсторе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom