Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Остај го вика бил во Холандија, само таму што и речиси градски превоз никој не користи. Сите се на велосипеди.
Ме интересира, во Холандија со што патуваше?
Иначе ако оние што доаѓаат во Скопје да студираат, се сељаци за тебе-тогаш ти за тие во Холандија си примитивец, освен ако не си работел зад некое ќоше таму. : ))

Еее волна уште има за збрирање Таруно. ;)
Со велосипед и пеш. Работата ми беше на 5 - 6 минути од дома со велосипед, 15-тина ако одев пеш.
--- надополнето: Nov 28, 2011 12:20 PM ---
Скопје, како и сите светски метрополи, треба да има ефтин, или субвенциониран превоз или на друг начин ефтин превоз. И пред поскапувањето, превозот не беше ефтин. Семејство со четири члена, треба да одвои за месечни претплатни карти повеќе од 6000, а тоа е многу, повеќе одколку што семејството троши за струја, вода и греење заедно. А тоа нема никаков смисол.
Мислам дека целиот систем на јавен превоз во Скопје треба да се реформира и да се најде решение на нова основа.
Сакаш да кажеш дека 4 члено семејство во Скопје се грее и троши струја помалку од 6000 денари за месец? Кажи ми жити се доколку ти успеваш со 6000 денари да ги задоволиш спомнатите потреби на 4 члено семејство месечно, како успеваш во тоа?o_O
 
Со велосипед и пеш. Работата ми беше на 5 - 6 минути од дома со велосипед, 15-тина ако одев пеш.
--- надополнето: Nov 28, 2011 12:20 PM ---

Сакаш да кажеш дека 4 члено семејство во Скопје се грее и троши струја помалку од 6000 денари за месец? Кажи ми жити се доколку ти успеваш со 6000 денари да ги задоволиш спомнатите потреби на 4 члено семејство месечно, како успеваш во тоа?o_O
Живеам во трособен стан од 70 м2, со Сопругата и Син - матурант. Сметката за вода е околу 600 денари, за струја во лето 2500, во зима: 4500 во ноември и март, 6000 во декември и февруар и 7000 во јануар ( го греам 24 часа на струја цел стан, со 2 клими, еден ел. радијатор и еден калолифер ), за одржување на заеднички простории плаќам 500 денари месечно и околу 2500 плаќам годишно данок, телефон, интернет и кабловска 1100 ( телекабел ), мобилни телефони се плус.. Пресметај детално...

Само мислам без потреба го вртиш муабетот. Треба да најдеме колку литри дневно нафта троши ЈСП.
 
Треба да најдеме колку литри нафта троши ЈСП.
Според нивниот извештај за 2010,
http://www.jsp.com.mk/Upload/dokumenti/IZVESTAJ JSP SKOPJE 2010.pdf
страна 21, потрошиле 6 милиони литри нафта и околу 400 илј. кубици гас
намалени приходите од превоз, а зголемени "трошоците во работењето" ...ради таа ставка се во загуба, а што е таа ставка не знам...1.5 мил евра разлика//
 
Живеам во трособен стан од 70 м2, со Сопругата и Син - матурант. Сметката за вода е околу 600 денари, за струја во лето 2500, во зима: 4500 во ноември и март, 6000 во декември и февруар и 7000 во јануар ( го греам 24 часа на струја цел стан, со 2 клими, еден ел. радијатор и еден калолифер ), за одржување на заеднички простории плаќам 500 денари месечно и околу 2500 плаќам годишно данок, телефон, интернет и кабловска 1100 ( телекабел ), мобилни телефони се плус.. Пресметај детално...

Само мислам без потреба го вртиш муабетот. Треба да најдеме колку литри дневно нафта троши ЈСП.
За да функционира ЈСП, веројатно сте свесни дека не е потребно само гориво за автобусите со кои се возат луѓето во Скопје. Или пак можеби мислеше дека дека нафтата и метанот се единствени трошоци на ЈСП?
 
Јас имам информација дека возилата на ЈСП танкираат на нивна сопствена бензинска пумпа и дека на таа пумпа дневно се троши помалку од 4000 литри гориво. Нека некој од ЈСП или Рафинерија даде колку гориво троши ЈСП.
брат дај не треси размисли логички колку автобуски линии има - еден резервар им е по 100тина литри ако не и повеќе а секогаш до крај се полнат 4 тона се помалце од пола дневна потрпшувачка не заебавај и како и да е и да се танкираат на нивни пумпи нафтата преку сила може да ја зимаат 50 денара поефтино отколку на пумпа ко шо плаќаме ја и ти...
 
Фрујо ја е*е државава во здрав мозок, само ги пере мозоците на останатите интелигентни луѓе :D
 
За да функционира ЈСП, веројатно сте свесни дека не е потребно само гориво за автобусите со кои се возат луѓето во Скопје. Или пак можеби мислеше дека дека нафтата и метанот се единствени трошоци на ЈСП?
Aпсолутно си во право. Меѓутоа ова поскапување го правдаат со цената на горивото.
 
Реално, од моментот на покачување на цената од 25 на 30 денари пред којзнае колку време, цената на дизел горивото и другите нафтени деривати повеќекратно се зголеми.
 
Абе тие цената на лебот ја зголемуваат кога ќе се покачела нафтата, па за ЈСП. Глупост.
icon_facepalm.gif
 
На приватните им се исплаќа 25, а на овие 30 им се малку. Болна работа.
 
На страна 28, од документот што го даде Lurtz стои дека горивото учествува со 25% во вкупните трошоци. Што значи, ако поскапе за 20%, вкупните трошоци ќе се зголемат за само 5%. Поскапувањето на горивото е само приказна да се оправдаат. Да одиш и да се вратиш од Град сега чини 70 денари. За мене и за повеќето граѓани тоа не е малку.
За 30 денари ќе си купам 250 грама грав, за 20 денари ќе купам 200 грама најефтини колбаси, за 10 денари ќе купам половина кг, трупка за салата, за 20 денари ќе купам леб и за 80 денари сите добро ќе си ручаме и ќе се најадеме, дури и ако ти дојдеш на ручек, добро дошол, ќе има и за тебе.
 
А тракторите што сеат, комбајните што жнеат.....на вода работат? :D

Знам шо сакаш да кажиш, ама тоа е премногу индиректна причина за да се земе во предвид. Ќе пробам со неколку примери да доловам зошто мислам дека е глупост поскапувањето.
Во примерот со лебот. Точно, комбањите трошат нафта, ама колкав е процентот од самата векна леб шо паѓа на трошок нафта? Многу, многу мал. Тие шо произведуваат леб, т.е. не леб туку жито во примерот ги знаат ризиците на тој бизнис, знаат дека нафтата варира, тракторите барат нови гуми, сервис, невремиња и слично. Неможе тие тики туку така да ја менуваат цената при секоја промена на еден од овие параметри. Ако е така, дали тогаш треба и струјата да се зголеми, пошо тие што работат во ЕВН одат на работа со коли, комбиња, афтобуси? Дали доколку се зголеми струјата, треба и интернетот да се зголеми, пошо рутерите трошат струја? Граѓаните не ли плаќат гориво за своите автомобили поскапо при зголемување? И сега и преку лебот да плаќаат за зголемувањето? Новите современи комбањи и трактори нели трошат помалку гориво?
И многу многу други примери, ако бараме логика нема да ја најдиме.
Слично е и со ЈСП. Кај нив цената на гориво има поголемо влијание, ама цената на билетите не е цена на гуми за џвакање, па ајде ќе ја дотеруваме секој месец како ќе не текне. Новите автобуси повеќе гориво трошат, или исто? Ако е исто тогаш нека ги вратат одма во Кина. Изгубија доста патници со тоа што дават бесплатен превоз на одредени групи граѓани и сега ќе компензираат. Лошо.

Малку подолг одговор, ама расположен бев за куцање. :icon_mrgr:
 
Сакал ти да прифатиш или не, кога цената на нафтените деривати и суровата нафта во светот се покачува, речиси секаде се покачуваат и другите цени, вклучително и првенствено на превозот и транспортот. Инаку, цената од 30 денари за возен билет во ЈСП веќе подолго време не е покачена. Воопшто не држи вода муабтетов.
 
Како тогаш авионските билети се се поефтини?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom