Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Како тогаш авионските билети се се поефтини?

(y)

Оти таму не се возат пензионери. ;)

Заборавате и уште еден битен момент, билетот не поскапе за 5 него за 10 денари, оти никој никаде не оди само во еден правец.
 
Аир од поскапувањето да не види ЈСП! Парите само на лекови да ги трошат! Срам да им е на оние што тврдеа дека нема да има поскапување...
 
(y)

Оти таму не се возат пензионери. ;)

Заборавате и уште еден битен момент, билетот не поскапе за 5 него за 10 денари, оти никој никаде не оди само во еден правец.

Соодносот е ист, дали 35 денари место 30 во еден правец, или 70 место 60 вкупно :)
 
(y)

Оти таму не се возат пензионери. ;)

.
Фактот, што пензионерите добија вторник и петок бесплатно да се возат, многу ми се допаѓа и една од подобрите работи што ни се случила.
Јас живеам до Зелен пазар и таму од кога ги ставија, срамните, гнасните и омразените рампи, прометот се преполови. Сега барем во вторник и петок, пазарот е полн со купувачи пензионери.
70 денари, не е малку за било кого, посебно за пензионерите. Сега, барем два дена пензионерите можат, не само да купуваат туку и да прошетаат, да се сретнат со своите блиски роднини, пријатели. - да се дружат.
Затоа, мислам, дека јавниот превоз во Скопје мора да биде драстично поефтин за сите, а тоа може да се направи со субвенции и почврста контрола на ЈСП. Сите, и пензионерите и сиромашните и богатите и мали и големи, треба да имаат јавен превоз по достапни цени.
 
Сакал ти да прифатиш или не, кога цената на нафтените деривати и суровата нафта во светот се покачува, речиси секаде се покачуваат и другите цени, вклучително и првенствено на превозот и транспортот. Инаку, цената од 30 денари за возен билет во ЈСП веќе подолго време не е покачена. Воопшто не држи вода муабтетов.

Во 2008 година, цената за барел нафта достигна 140 долари.
Сега е околу 100тка.
Колку беше цената за еден билет во ЈСП тогаш (2008)?
190 денари?
 
(y)

Оти таму не се возат пензионери. ;)

Заборавате и уште еден битен момент, билетот не поскапе за 5 него за 10 денари, оти никој никаде не оди само во еден правец.
Зависи :pos:`
 
Соодносот е ист, дали 35 денари место 30 во еден правец, или 70 место 60 вкупно :)

Епа не е баш исто. Билетот поскапе за 5 денари, ама превозот за 10, а ако идеш со два автобуса во еден правец, и за 20.
 
А ако одиш 2 пати, за 40 :)) Те разбирам, само индивидуално е тоа :)
 
Знам дека е индивидуално, ама сите се качуваат денес барем во два автобуса.

Ете, најмногу што ме нервира е оти македончето не ги зема позитивните примери од развиениот свет туку само глупостите. За ова има решение, не треба да се измислува топла вода. Купуваш билет - ти важи одреден временски период, да речиме 90 минути. За тоа време менувај автобуси колку сакаш. Нели патникот плаќа да стигне до некоја дестинација во градот, а не да се извози со одреден автобус? Прости решенија има за се, ама некој како намерно да не ги сака.
 
Ова не само што ќе биде корисно за патниците, него и за ГеЈСП. Со купување на таков „временски“ билет обврзан си да го користиш нивниот превоз, ама на кој да му текне.
 
Ете, најмногу што ме нервира е оти македончето не ги зема позитивните примери од развиениот свет туку само глупостите. За ова има решение, не треба да се измислува топла вода. Купуваш билет - ти важи одреден временски период, да речиме 90 минути. За тоа време менувај автобуси колку сакаш. Нели патникот плаќа да стигне до некоја дестинација во градот, а не да се извози со одреден автобус? Прости решенија има за се, ама некој како намерно да не ги сака.
Не знаат. Не се способни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom