Формула 1 Сезона 2011

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Хед го напушти Формула 1 тимот на Вилијамс, најверојатно поради лошите резултати, а очигледно и од финансиски аспект..:unsure:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Честитки за РБ и Петело... стварно имаат одличен болид.

Ај кажи шо е поразлично од времињата ко победваше Ферари и Шумахер? Ништо, се сменаа само глумците, театарот е ист. И за разлика од тогаш кога сите скокаа по Шумаер, сега не му чини на сите, пошо РБ беше мал тим, РБ неможи вака да доминира, Ферари не смее да остани без титула 4 години... Па дедо Берни, чичо Тод и компанија ќе ги замрсат сметките повторно како би Ф1 (најверојатно Ферари 1 се мисли со тоа) повторно се врати на старите патеки.
Не заебавај, поинтересно беше порано и понедосадно. Сега само Фетел го гледаме и против кој се трка
жити се? :pos: Едино против Алонсо и Батон, но далеку од добри се :(
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не заебавај, поинтересно беше порано и понедосадно. Сега само Фетел го гледаме и против кој се трка
жити се? :pos: Едино против Алонсо и Батон, но далеку од добри се :(
Шумахер во 2000, 2001, 2002, 2003 против кој се тркаше? Незнам колку си гледал Ф1 во тоа време, ама истото е. Буквално. Со тоа што тогаш беше интересно пошо ферари победваше.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Шумахер во 2000, 2001, 2002, 2003 против кој се тркаше? Незнам колку си гледал Ф1 во тоа време, ама истото е. Буквално. Со тоа што тогаш беше интересно пошо ферари победваше.
Реиконен, Хакинен, Култхард, имаше доста. Сега Фетел нема конкуренција, против кој да се трка. :confused: Но ќе се вратат догодина конкурентите, биди сигурен. :свиркам:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Чекај бе ти, рано е да се каже... :pos:
Тоа така ти го велиш... Кими можеби нема искуство со новите мотори и гуми, ама тој и Хамилтон се слични возачи по стил... има да го извади максимумот од болидот, макар и тоа да значи дека нема да заврши. А Рено имаат доста иновативен пристап кон работите, издувите оваа сезона, V аголот на моторот кој што e 160 степени, додека кај сите други e 90 и ред други тракатанци за кои не знаеме... за 6 цилиндричните размислуваат за бокс изведба, којзнае, можеби веќе имаат и некаков прототип :)

Сума сумарум, одличен склоп на работите... како ќе функционира, ќе видиме догодина. Битно Рено нема да остани незабележан како годинава, тоа ви гарантирам.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Сигурно Раиконен ќе биде меѓу првите тројца наредната сезона во Ф1:)
 
Џабе ми кажуваш кога човекот е коркач неможе ни Кобајаши да го помине. Му треба 10 минути да претрка, на Алонсо 1 минута:pos:
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Џабе ми кажуваш кога човекот е коркач неможе ни Кобајаши да го помине. Му треба 10 минути да претрка, на Алонсо 1 минута:pos:
Неможеш да го споредуваш Алонсо со Раиконен или со Хамилтон. Диаметрално различни возачи се Алонсо вози со горната глава а другите двајца возат со долната глава. Како и да е тројцата се шампиони ке паѓаат доста трки само доколку им се тука негде болидите доколку има разлики пак ке биде досадно.
 
Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Е ова веќе е нешто, Рено со Кими и добар аеро пакет, можат да бидат шампиони!
Сигурно Раиконен ќе биде меѓу првите тројца наредната сезона во Ф1:)
:pos:
Одлично е што ваков возач се враќа во ф1. Ама не се надевајте многу од него. Доволно е да го видевте шуми во првата сезона, кој дури сеа почна да се натпреварува со розберг, додека минатата година беше НУЛА спрема него.
Кими шампион во ф1 после 2,5 години како не седнал во болид = Некој да го собори рекордот на Јусеин Болт на 100метри, а претходно лежел 2,5години у кревет. :D

Едноставно за толку време не возење се има изгубено осет за ф1 + ајде да речеме дека ништо не е променето. Меѓутоа сега се донесени многу новитети како пирели гуми, ДРС, па и КЕРС(иако 1 година го користеше), и е тотално поразлично од пред 2 години.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
:pos:
Одлично е што ваков возач се враќа во ф1. Ама не се надевајте многу од него. Доволно е да го видевте шуми во првата сезона, кој дури сеа почна да се натпреварува со розберг, додека минатата година беше НУЛА спрема него.
Кими шампион во ф1 после 2,5 години како не седнал во болид = Некој да го собори рекордот на Јусеин Болт на 100метри, а претходно лежел 2,5години у кревет. :D

Едноставно за толку време не возење се има изгубено осет за ф1 + ајде да речеме дека ништо не е променето. Меѓутоа сега се донесени многу новитети како пирели гуми, ДРС, па и КЕРС(иако 1 година го користеше), и е тотално поразлично од пред 2 години.
Ќе покажи времето... мада за разлика од Шумахер, кој се курчеше во мото спортот (па имаше повреден врат и слични глупости) Кими возеше рели, нешто што е многу покомплексно и потешко од формула... така да не играј на картата дека лежел 2.5 години... со добар болид, може да ги исплеска сите без многу мака.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Неполна недела откако заврши Ф1 сезоната, ФИА ја извади листата на тимови и (засега) ангажирани возачи за 2012.

- Шпекулациите за кам-бекот на Кими во Ф1, во тимот на Рено (според ова инфо од ФИА) се официјализирани и финецот ќе вози за британскиот тим догодина. Интересно е тоа што, не е пополнето местото за втор возач во истоимениот тим. Слабите резултати на Петров во втората половина од веќе изминатата сезона најверојатно ги расколебаа челниците на тимот, а и од друга страна Роберт Кубица води трка со времето за тоа дали ќе биде 100% фит за стартот во март .. Човекот страшно фалеше годинава :( . Така да најверојатно Рено ќе чека до 5 до 12 за пополнување на второ место на гридот.

- Втор интересен податок (што е доста очигледен) е тоа што голем дел од тимовите, немаат потврдено ниту од минатосезонските пилоти за догодина. Форс Индија, Торо Росо, Вилијамс и ХРТ немаат пријавено/потврдено ниту еден шофер.

http://formula1fanpage.blogspot.com/2011/12/not-all-drivers-that-finished-2011-will.html
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Следната сезона Пастор Малдонадо од Венецуела нов член на Вилијамс :cool:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Следната сезона Пастор Малдонадо од Венецуела нов член на Вилијамс :cool:
А сезонава за кој возеше !? :cautious:

Он ..

- РБ и Ферари ја напуштија ФОТА
http://www.time.mk/read/27b88a1757/9778a3b80b/index.html

- МекЛарен стана првиот целосно јаглерод неутрален Ф1 тим
http://www.formula1.com/news/headlines/2011/12/12869.html
 
Kajgana Shop

На врв Bottom