Алкохолизам
Што е главна алка во синџирот на угостителство и туризам,
секој знае луѓе мили тоа е славниот Велики Алкохолизам.
Каде на пат без алкохол, каде в град без да пробаш од него,
види го оној пак е пијан, не го гледаш, ене бре те го,
фала богу дека не го гледаш, на делови си ко коцки Лего,
пијан си ко и сите, пијан си и ти ко мојот пијан дедо.
И ја сум пијан ебате, нели гледаш дека едвај стојам,
колку испив не знам, знаеш дека никогаш не бројам.
Нема веќе ракија, ни туршија, ни сиренце за мезе,
да седнеме на лаф муабет, чашка по чашка со лезет.
Ај ќе дојде утре ден ќе капне некој денар за чашка,
ќе се собереме пак сите на една јака дружба машка.
Поздрав до сите што ич не беа пијани синоќа