Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Вие сеуште не ја сфаќате големината на Влатко Грозданоски. Прво како за инфо, Влатче сезонава започна со настапи од 7мо коло во Штип (претходно немаше право на настап да ве потсетам) до сега 8 првенствени натпревари. Постигна 7 асистенции (не е мала работа ова) а тоа е веќе солидна статистика. Се согласувам дека не беше во вистинската форма, но не смее да се занемари и ова до сега што е постигнато.

Лико ти се чини дека е интересен да игра затоа што премногу дрибла, знае некој финти, тоа е убаво за око, но размисли подлабоко дали со тоа придонесува тимски. Јас го гледам дека нема завршница, често му се случува да издрибла неколку па потоа да му биде одземена топката. Што ако поминал играч со финта кога подоцна ја губи топката и го уништува нападот.
Да не се разбереме погрешно, немам ништо против Лико. Но веројатно ти гледаш дека Лико има постигнато по некој гол, па затоа споредуваш со Влатко. Но види дали Лико има асистенции колку Влатче. Иако Лико има право на настап од самиот почеток на сезоната а Влатче од 7мо коло почна.
Незнам колку ти е точна статистикава за Влатче, така да нема многу да коментирам. Мене да ме убиеш ама не ми текнуваат ни три негови асистенции а камоли 7.
Од Влатче и Лико највеќе се очекува во втората полусезона.
Нормално е кога го имаш во тимот Влатче, да игра цело време. Он со душа игра за тимот, и ги има истите чувства кон него како и ние навивачите.
Но Влатче е далеку од формата. Морам да признаам дека досега сум разочаран од неговиот придонес. Потфрли на најважните мечеви. Со Металург беше изгубен, со Работнички исто плус доби глупав црвен картон, со Ренова слабо, со Тетекс просечно, со Шкендија просечно, једино со Брегалница имаше одлично деби.
Откако дојде он Лико го седнаа на клипа, а таман почна да фаќа форма.
Но сепак според мене Лико досега покажал многу повеќе. Не се согласувам дека освен финтите незнаел ништо друго.
На почетокот нафрлањата му беа трагедија, ама сега се поправи.
Плус влегува и во гол шанси, а постигна и два-три гола.
Јас искрено паметам повеќе асистенции на Лико отколку на Влатче...
АМа ајде нема да зборам, пошто не ја знам точната статистика.
За асистенции Ранѓеловиќ владее :D
Не се согласувам ни дека Лико уништувал акции...
Влатче е голем работник на теренот. Трча насекаде, се бори но е далеку од формата. Не видовме нитш оспектакуларно од него, во дуелите е слаб, паѓа како ветрушка, единствено го спасува што многу работи, а и секако затоа што е НАЈГОЛЕМ Вардарец во составот.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Уф ќе биде многу лошо ако останеме без Оса....
Повредата на гроздановски може да се покрие пошто имаме неколку расположливи крила.
Петров ќе остане десно, а Лико ќе си игра лево. Искрено мене повеќе ми се допаѓа кога игра Лико него ли Влатче...
Далеку е од формата Влатче...
Пандо истотака може и да стартува од десно, така да не треба многу да се секираме за крилата.
Плус Цикарски изигра одличен меч со Ренова.
Е ако се повреди Оса наебавме...
Охрид е тврд противник кој може да кажам дека со мала доза на среќа го тепавме на нивни терен.
Домашниот терен е сосема друга приказна. Плус Илчо ретко губи во Ѓорче. Плус Охрид е во финансика криза, па очекувам да ги совладаме.
Сепак треба да се реален и да се каже дека Влатче не ги пројде припремите со клубот и се приклучи пред сам почеток на првенството. Освен тоа, мораше да паузира првите 7-8 кола, што значи беше надвор од натпреварувачки ритам добри два месеца. Да не праиме муабет што со никој од играчиве претходно нема играно заедно, а немаше можност да игра и пријателски мечеви за да се уклопи со нив. Значи се се тоа факти кои не му одеа во негов прилог. Според мене, сепак солидно се покажа. Очекувам далеку подбри изданија од него во вториот дел, откако ќе ги одработи комплетно припремите со екипата.
П.С. Во врска со асистенциите, момците од macedonian football водат прецизна статистика, и според нив Грозданоски е втор најдобар асистент во Вардар со 5 асистенции.
http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3606&Itemid=244
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Нова победа на Вардар во последниот меч.
Срамота е тоа што го приредија гостите заедно со нивниот кловн на тренерската позиција.
Човече, незнам што бараѓше типот. Значи стварно јне ми е јасно какви глупости треска во медиумите.
Судењето било срамно?
Чекај бе, немаше ниту една судиска одлука во корист на Вардар. Во второ полувреме 40 минути лежевте на терен. Тоа што примнате гол во 90-та минута никој не ви е крив.
Треба да се казни каубоецот Српски, доживотно да добие забрана да води клубови во Македонија.
Значи и по три дена неможам да поверувам какви глупости тресе. Со вакво судење Охрид ќе бил шампион :pos:
Некој да не го гледал мечот ќе помисли дека ни биле досудени 10 пенали, 40 слободни и дека Охрид добил 6 црвени картони.
Вистина е дека Охрид пружи силен отпор во саботата, и слично како и Ренова играше на 0-0 и беа блиску да дојдат до посакуваниот бод. Нооо, Вардар оваа година го покажува шампионското лице. Тоа е одликата на големите клубови, играње 90 минути, играње до последни секунди и ако не иде, да се искористува секој прекин.
Мечот немаше ниту една сто процентна шанса...
Вардар беше само еднаш блиску да го отвори резултатот, кога Стјепановбиќ изби сам пред гол, беше несебичен и сакаше да ја додаде во празно кон Ивановски, но беше блокиран.
Истотака имавме и еден опасен слободен.
Гостите имаа неколку опасни удари од далечина но истотака ништо значајно.
Второ полувреме немаше 5 минути активна игра.
Колку провоцираа со лежењето гостинските фудбалери тоа е чудо едно.
Значи се утепаа од лежење. Јас досега не сум видел вакво нешто. Играчот без контакт си паѓа, лежи 10 минути, а овие го чекаат да го Земат на носилка, а типот одбива да легне. И така се натегаат 15 минути за да си стане како ништо да не било.
Безброј пати истата ситуација. На Оса особено му прекурчи па затоа на крај им го бапна голот кога стоеа. Они прават фаул и лежат.
Абе на крајот го гледам тој белиот што им беше во одбрана, само чекаше најмал допир за да падне. Не го ни пипнаа, легна доле и 10 минути лежеше.
Нашата игра беше хаварија.
Таман го пофалив Лико и одма ме демантираше. Катастрофа, сигурно го изигра неговиот најслаб меч во ЖИВОТОТ. Сите беа дрва во средниот ред. И Ранѓеловиќ и Оса и Стјепановиќ и Петров сите потфрлија. Цикарски колку грешки напави лелеле....
Го гледам идат на дупли пас со Лико, му ја дава на Лико и не се отвара после за да прими топка :tapp: Има уште многу да учи малиот...
Мичка имаше истотака слаб ден, једино Бојовиќ ми се допадна како изигра.
Захов цело време е подиЗлезен па кога му шутираат од далеку се мислам дека ќе прими гол од пола. Срце ми застанува...
Ииии доаѓаме до клучниот момент. Значи цело време гостите играа грубо а скоро и да не добија ниеден жолт картон. Судењето не беше ни 50-50 туку повеќе беше за нив. Им беше дозволувано постојано да крадат време. А истотака играчот со број 16 кој веќе имаше жолт картон после еден остар старт над Ранѓеловиќ по кој го дигна во воздух (буквално) не доби исклулчување.
И овој кловнов најде да се буни.
По еден оправдано досуден фаул откосо 20-тина метри, Мичка нафрли, Пандо ја продолжи топката а нововлезениот Вељановски донесе урнебес на трибината.
И дојдоа моментите рамни на циркусот Медрано. Кретенот Српски кој цело време шеташе по теренот, ја повлече екипата пошто наводно судијата судел за нас цело време и досудил неоправдан слободен.
Значи ситуацијата не беше ни сомнителна, а и да била тоа беше ПРВ таков случај на утакмицата, и се работеше за ситуација која воопшто е беше опасна и нималку неможе да се карактеризира како СКАНДАЛОЗНО СУДЕЊЕ.
Пет минути претходно, еден нивни играч шутна од 30 метра и судијата досуди слободен за нив пошто наводно некој го чепнал од позади. Дали ако примевме гол требаше да ја повлечеме екипата???
Охриѓани со сила се повлекоа, а по пет мнинути се вратија и само дремеа како мисири. Оса ја зема топката ги помина сите и погоди за 2-0:ROFLMAO:
По мечот го нападнаа судијата како да се плансинска екипа. Како со Арсими од Чегране да игравме, а не со прволигашка екипа. После мечот ги искршиле вратите, и викале Миравциии вие сте шампиони во втора лига :pos:
Срамота за Македонскиот фудбал. Такви циркузанти не ни требаат во лигата.
Еве клип од головите, иако клипот е многу штур и доста ситуации не се опфатени. Треба нашата управа да излезе со став и да ја покаже снимката, и да стави крај на оваа фарса. Сите екипи си се научија пошто јавноста нема преглед на утакмиците пошто пренос нема нигде, образложенија за своите порази да бараат од судиите. Ние сме тие кои треба да се буниме на судњето, пошто ни на домашен терен ја немаме онаа 10% предност која судиите скоро секогаш им ја нудат на домашните екипи.

На мечот убава атмосфера. Ние бевме околу 250 Комити, а на спротивна страна имаше и 30-тина Рибари. Фер и коректно навивање во целиот меч, а неколку пати се испеа и АБре македонче заеднички. Притоа новинарите од Алсат очекуваа дека ќе палиме знаме Албанско, па го снимнале навивањето. Ама желбата не им се оствари. Но сепак најдоа влакно во јајцето и ја заврѓија нашата работа, снимајќи клип со поздрав на нивната нација :D
http://alsat-m.tv/index.php/sport/101231.html

Еве и по некоја слика :
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Нашиве играчи покажаа германски карактер и несвојствено за Вардар вторпат добива меч во 90та минута. Карактеристика што не беше позната за Вардар претходните сезони. За Охрид што да се коментира. Брука тешка е тоа што го направија на крај. За вакво нешто би кркале драстични казни секаде, и клубот, и особено циркузантот од Врање што се напрекува тренер, ама сепак ова е Македонија. Следува меч со Силекс во Кратово. Традиционално незгодно гостување за нас, а и Силекс увек играл со 200 % од можностите во дуелите со Вардар. Очекувам тежок меч, слично како и со Ренова и Охрид, али се надевам дека ќе успееме да дојдеме до победа. Добро е и што Металург има тежок меч со Ренова на гости, па може да се искористи нивен кикс за да се одлепиме на табелата, и многу помирно да влеземе во последното коло со Брегалница.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.947
Поени од реакции
15.097
За утакмицата се што треба кажа Сабер :D .
Ветерот што дување беше супер направен за знамињата да можат да си се веат без проблем. Навивањето беше најдобро до сега ( во Ѓорче ) .
За следната сум сигурен во 3 бода иако Кратово е тешко гостување сепак годинава барем таму мислам дека ни се сигурни бодовите.



:вонзем::гомце::нинџ::гик::свиркам: ( ги бробувам новиве смајлиња како изгледаат :) )
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=3092
Овие не се нормални бе хахахахахаха
А ги читам и коментарине на јутјуб. Каков мрднат народ живее во државава. А најжално е што коментираат луѓе кои не ни присуствувале на мечот.
Многу остри стартови сме имале и тоа без топка :eek::pos:
Имаше имаше, неколку пати нашите играчи ги дувнаа противниците и овие паѓаа како покосени. Стварно остри стартови. Али јак ветер имаше, може затоа така паѓаа.
ЦИРКУЗИ!!!!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
40.258
Важно Вардар тепаше, +3 бода, ќе бидеме шампиони, другите кој ги ебе... тој ќелавиот нека збори што сака, си изгубија поштено.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Да ја прославиме есенската титула сред Кратово:)
Се надевам дека ќе се собереме убава бројка за последното гостување есенва.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^ И дека нема да не запрат пред Кратово па пак пешки да идеме..... :)
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
57
Поени од реакции
1
Потребни се стари слики од ВАРДАР исечоци од весници, слики од вардарови легенди посебно слики со освоени трофеи...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Се мислев дали да идам за мечов со Охрид, али ептен ми се спиеше и не станав. По ова што го читам, и подобро што не отидов...

За Влатче се согласувам дека е далеку од некоја потребна форма, како што викаше порано мојот тренер(сега во Вардар на младинците): Скока како зајче на секој дуел...

Другата година ќе се види вистинската сила на Вардар кога ќе излезе во Европа, ова првенство е комедии...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom