Преостанати натпревари до почеток на паузата:
утре: Вардар - Охрид
3 декември: Силекс - Вардар
10 декември: Вардар - Брегалница
Без оглед на тоа што играме ослабени, утре мора да се добие Охрид, едноставно не смееме да губиме бодови на домашен терен. Точно дека во Охрид потешко успеавме да победиме, но да не заборавиме дека на тој натпревар Охрид само 1 или 2 пати успеа да шутне кон нашиот гол. Не се слаба екипа, до сега направија доста изненадувања, но без оглед на се, не смее да има оправдувања...
Мене повеќе ме плаши оној натпревар со Силекс во гости, бидејќи секогаш таму тешко стигнуваме до бодовите. Во досегашниот дел од шампионатот Силекс е единствената екипа која играчки се спротистави на Вардар, на Градски успеаа за неколку минути да направат 3-4 стопроцентни шанси.