Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ибе Огбона сеуште не бил пристигнат. Притоа кога ќе дошол тоа немало да биде подготвителен период (проба) за него, туку директива ќе одел на медицински преглед. Ако го помине, потпишува за Вардар:)
Па и мене искрено ме чудеше најавата дека треба да дојде на проба. Иако има очигледен пад од неговата некогашна форма во Израел, сепак не верувам дека би прифатил да биде на тест-тренинзи во клуб од Македонија.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Сосема солиден просек на голови имал додека играл во Израел, пред да замине за Клуж и пред да се повреди.
Значи доколку успее да се врати во форма и доколку го служи здравјето, би имале одличен напад со него и со Фичо.
Ама ај да не зборам пред време... :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.876
Поени од реакции
23.430
Абе да гледаме ние да се оствари ова со 4те милиони евра.
Е тогаш Ибезито ќе биде нешто како 5ти напаѓач во Вардар! :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Инаку Вардар има само еден играч кој досега бил најдобар стрелец во Македонското првенство :coffee:
Саша Ќириќ (на два пати) е единствен играч кој во дресот на Вардар се закитил со ова признание.
Дај боже да го задржиме Фичо до крај...
Едноставно мора, ако сакаме големи резултати во иднина. Инаку рекордот на првенството се 27-те гола на Ристиќ и Беќири. Ете ја шансата и овој рекорд да биде урнат :D
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Инаку Вардар има само еден играч кој досега бил најдобар стрелец во Македонското првенство :coffee:
Саша Ќириќ (на два пати) е единствен играч кој во дресот на Вардар се закитил со ова признание.
Дај боже да го задржиме Фичо до крај...
Едноставно мора, ако сакаме големи резултати во иднина. Инаку рекордот на првенството се 27-те гола на Ристиќ и Беќири. Ете ја шансата и овој рекорд да биде урнат :D
Да не си грешка случајно:D Рекордот за најдобар стрелец е на Саша Ќириќ со 30 и кусур гола и тешко дека некој ќе го достигне во догледно време;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Да не си грешка случајно:D Рекордот за најдобар стрелец е на Саша Ќириќ со 30 и кусур гола и тешко дека некој ќе го достигне во догледно време;)
Лошо сум прочитал во Спорт, а таму убаво си пишувало дека тие биле најдобри во последните 16 години :D
Во право си, Ќириќ рекордер со 36 гола. Машала....:D
 
П

Паспарту

Гостин
Заврши полусезоната за Влатко Грозданоски


Вардар ќе биде значително ослабен во последните три кола до крајот на есенската полусезона во Првата МФЛ, затоа што тренерот Илчо Ѓорѓиоски ќе го нема на располагање Влатко Грозданоски. Еден од најдобрите играчи на Вардар се повреди на последната првенствена средба со Ренова (0-0) во Тетово, а деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за руптура, делумно кинење на влакната од бутниот мускул.

Поради ова Грозданоски ќе мора да паузира околу еден месец, што значи дека за него се завршени настапите во овој дел од шампионатот.

„Деталните прегледи покажаа дека се работи за посериозна повреда на бутниот мускул, која ќе ме оддалечи од теренот во наредните триесетина денови. Тоа значи дека ќе морам да паузирам до крајот на есенската полусезона и навистина ми е жал што нема да можам да им помогнам на соиграчите на последните три првенствени меча пред зимскиот одмор. Сепак, се надевам дека Вардар ќе биде успешен и дека во најмала рака ќе ја задржиме, а би сакал и да ја зголемиме бодовната разлика пред конкурентите за врвот на табелата“, вели Влатко Грозданоски кој веќе започна со предвидената терапија за рехабилитација од повредата.

Покрај Грозданоски, за саботниот меч против Охрид 2004 кој ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, тренерот Илчо Ѓорѓиоски најверојатно нема да може да смета и на Ајскрим Гоубадиа Оса, кој исто така се жали на повреда и не тренира.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2953
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Уф ќе биде многу лошо ако останеме без Оса....
Повредата на гроздановски може да се покрие пошто имаме неколку расположливи крила.
Петров ќе остане десно, а Лико ќе си игра лево. Искрено мене повеќе ми се допаѓа кога игра Лико него ли Влатче...
Далеку е од формата Влатче...
Пандо истотака може и да стартува од десно, така да не треба многу да се секираме за крилата.
Плус Цикарски изигра одличен меч со Ренова.
Е ако се повреди Оса наебавме...
Охрид е тврд противник кој може да кажам дека со мала доза на среќа го тепавме на нивни терен.
Домашниот терен е сосема друга приказна. Плус Илчо ретко губи во Ѓорче. Плус Охрид е во финансика криза, па очекувам да ги совладаме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Гроздановски, Оса, Стјепановиќ и Стојаковиќ се четворицата играчи кои ќе ни фалат утре.
Очекувам на крила да играат Петров и Лико, а во средина Ранѓеловиќ и Ацевски.
--- надополнето: Nov 25, 2011 3:12 PM ---
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2978
--- надополнето: Nov 25, 2011 3:43 PM ---
Lotarija na Makedonija (sportskiot direktor Mitev) se reklamira na Sportefe (Zoran Nikolovski, portparol na FFM,samodeklariran golem Sileksovec),a za vozvrat Sileksovecov ja izrabotuva web stranata na klubot. Obvrskata da ja polni so informacii stranata mu ja doveruvaat na drug covek, kojshto bash i nema nekoe Vardarovo minato.
Еве што била работата, куку ноне :cautious:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Подобро да не се правела веб-страната додека не се средат други поважни работи во клубот одколку овака....
Мислам немам намера да плукам по управата, и по луѓето кој го вратија Вардар онаму кај што припаѓа али стварно треба да се внимава на некои работи.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
2.595
Искрено мене повеќе ми се допаѓа кога игра Лико него ли Влатче...
Далеку е од формата Влатче...
Вие сеуште не ја сфаќате големината на Влатко Грозданоски. Прво како за инфо, Влатче сезонава започна со настапи од 7мо коло во Штип (претходно немаше право на настап да ве потсетам) до сега 8 првенствени натпревари. Постигна 7 асистенции (не е мала работа ова) а тоа е веќе солидна статистика. Се согласувам дека не беше во вистинската форма, но не смее да се занемари и ова до сега што е постигнато.

Лико ти се чини дека е интересен да игра затоа што премногу дрибла, знае некој финти, тоа е убаво за око, но размисли подлабоко дали со тоа придонесува тимски. Јас го гледам дека нема завршница, често му се случува да издрибла неколку па потоа да му биде одземена топката. Што ако поминал играч со финта кога подоцна ја губи топката и го уништува нападот.
Да не се разбереме погрешно, немам ништо против Лико. Но веројатно ти гледаш дека Лико има постигнато по некој гол, па затоа споредуваш со Влатко. Но види дали Лико има асистенции колку Влатче. Иако Лико има право на настап од самиот почеток на сезоната а Влатче од 7мо коло почна.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.876
Поени од реакции
23.430
Вие сеуште не ја сфаќате големината на Влатко Грозданоски. Прво како за инфо, Влатче сезонава започна со настапи од 7мо коло во Штип (претходно немаше право на настап да ве потсетам) до сега 8 првенствени натпревари. Постигна 7 асистенции (не е мала работа ова) а тоа е веќе солидна статистика. Се согласувам дека не беше во вистинската форма, но не смее да се занемари и ова до сега што е постигнато.

Лико ти се чини дека е интересен да игра затоа што дрибла, знае некој финти, тоа е убаво за око, но размисли подлабоко дали со тоа придонесува тимски. Јас го гледам дека нема завршница, често му се случува да издрибла неколку па потоа да му биде одземена топката. Што ако поминал играч со финта кога подоцна ја губи.
Да не се разбереме погрешно, немам ништо против Лико. Но веројатно ти гледаш дека Лико има постигнато по некој гол, па затоа споредуваш со Влатко. Но види дали Лико има асистенции колку Влатче. Иако Лико има право на настап од самиот почеток на сезоната а Влатче од 7мо коло почна.
И Влатко и Лико се и ќе бидат дрва кога ќе играме квалификации на ЛШ или ЛЕ. ;)
 
П

Паспарту

Гостин
Преостанати натпревари до почеток на паузата:

утре: Вардар - Охрид
3 декември: Силекс - Вардар
10 декември: Вардар - Брегалница

Без оглед на тоа што играме ослабени, утре мора да се добие Охрид, едноставно не смееме да губиме бодови на домашен терен. Точно дека во Охрид потешко успеавме да победиме, но да не заборавиме дека на тој натпревар Охрид само 1 или 2 пати успеа да шутне кон нашиот гол. Не се слаба екипа, до сега направија доста изненадувања, но без оглед на се, не смее да има оправдувања...

Мене повеќе ме плаши оној натпревар со Силекс во гости, бидејќи секогаш таму тешко стигнуваме до бодовите. Во досегашниот дел од шампионатот Силекс е единствената екипа која играчки се спротистави на Вардар, на Градски успеаа за неколку минути да направат 3-4 стопроцентни шанси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom