Како што кажа и Тони, клучен ќе биде мечот на Бернабе во трка за титулата у Шпанија.
Со победа ќе биде се како од нула, како од почеток, иако на хартија Реал ќе бидат со плус 3 бода, исто и со нерешено повторно би имале големи шанси за титулата, сепак ќе останат уште 22 кола до крај, али со пораз шансите би се смалиле ептен, онака само теоретски, па недај боже ако се деси ова последново најдобро би било со сите сили тимот да се насочи кон одбрана на титулата у ЛШ, да станеме единствениот тим на кој му успеало тоа, иако верувам дека тимот нема да се откаже од трка за титулата у Примера се додека постојат теоретски шанси.
Мене искрено, сега ова да не излезе како вадење, али доколку ми беше понудено пред почетокот на сезонава да бирам измеѓу Примера и ЛШ би избрал ЛШ. Мислам дека и имав еден пост баш за овие работи пред почетокот на Ла Лига.
А, дури и да не одбраниме ниту една титула, огромна сатисфакција ќе ми биде ако го плеснеме Реал на двапати.
Но, доколку не се деси ништо од горанаведеното, односно ако останеме со к*рот у уста, нема потреба од паничења, пцуења, терање цел тим у курац и слично, сепак видовме и премногу, бар од кога Пеп застана на чело на клубот, 12 титули од можните 15 е најдоброто достигнување што еден тим го видел за само 3 сезони.
Кај мене момците и цело раководство на чело со Пеп имаат створено огромен кредит, кредит колку што неможат сите банки у Р.М. да одобрат вкупно.
Ова е само едно мое гледање, што доколку би се остварила една од наведените опции, иако нормално бар една мора да се деси.
Сепак морам да потенцирам дека и те како сум огромен оптимист, буквално за сите титули сезонава, посебно најважните ЛШ и Примера.
Visca el Barca, Visca L'espectacle !!