Фан клуб: Куманово

  • Креатор на темата Кумани Куманово
  • Време на започнување
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.566
Сами си га тражив овија МКФ , само им угодуваат на скопјанчишта , ако ...
--- надополнето: Nov 16, 2011 3:01 PM ---
Не ми се верува дека и во спортот се политизира :pos:,
Што е исполитизирано имбецилу?
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Тоа е јбг. Толку се можностите ... и оваа година плеј-аут за Куманово.

70-69 конечен резултат. Победа на тимот на Струмица.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
52
Поени од реакции
32
АБА Струмица - Куманово (16.11.2011)



Што се дешава сас наши играчи не знам. АБА нема трењера (од дан’ска изгледа) и плус неколко играчи ги фалив, тепасва не. Јутре највероватно управа ќе има ванредан састанак по повод овија резултати.
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Сами си га тражив овија МКФ , само им угодуваат на скопјанчишта , ако ...
--- надополнето: Nov 16, 2011 3:01 PM ---
Не ми се верува дека и во спортот се политизира :pos:,
Ти ретардиран си нешто?!
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Ако одлучат да го сменат трењерот , нека го земав Србиновски во најможен рок и тогаш ќе гледаме вистинско Куманово !
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ако одлучат да го сменат трењерот , нека го земав Србиновски во најможен рок и тогаш ќе гледаме вистинско Куманово !
Со овие играчи и Докузовски да дојде пак ќе сме просек...мора промена и во играчкиот кадар.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
246
Поени од реакции
296
Катастрофа!!Губиме од тотален аутсајдер, а што ли ќе биде против појаки екипи.Ни мажеа очи дека имаме шампионски тим, а на крај испадна дека имаме лузерски тим.Мора да има тотален ремонт на цел тим.Вака само за опстанок ќе се бориме.Не играат со срце, а цела сала со срце ги бодри.Сите натпревари ги добиваме со помош на публиката и на сила.Така не оди.Имаме најдобра публика , затоа и ги добиваат екипите дома, но на гости е друга песна.

Кумани ќе отворате ли набргу фан шоп?
--- надополнето: Nov 18, 2011 1:21 AM ---
Ако одлучат да го сменат трењерот , нека го земав Србиновски во најможен рок и тогаш ќе гледаме вистинско Куманово !
Го видовме Србиновски со Работнички:)Не ни треба таков тренер.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Кумановец МВП кошаркар во тим на американска војска


Единствениот кумановец кој игра во тим на американската војска во Авганистан, успејал да се здобие со признание најдобар и најкорисен кошаркар на годишните турнири, и да докаже дека и Македонците се кошаркарска нација.

Виктор Крстевки - Диско (32) од Куманово е прогласен за најдобар и најкорисен кошаркар на американската војска во базата Баграм Ер Филд Авганистан, откако неговиот тим "МWR Stars" го освоил првото место. Крстевски за МВП играч е прогласен две години по ред, откако на годишните турнири покажал извонредна игра и освоил златен медал. Со тоа ги освоил гласовите на искусни кошаркари од американската колеџ лига и спортски ветерани од американската армија. На турнирот учествувале 17 екипи, а тимот во кој игра Крстевски е составен од поранешни играчи на американски колеџи Илиноис, Вирџинија, Орландо и Џорџија.

Турнирот траеше еден месец, а учествуваа 17 екипи. Во конкуренција беа 120 квалитетни кошаркари и до последен момент беше неизвесно кој ќе биде победникот. Јас сум единствениот Македонец, кој игра во таков тим и одлично сум прифатен од екипата. Заеднички ги делиме успесите и владее хармонија и колективен дух. Покрај златните медали сите добивме и дипломи и сертификати за освоено прво место, но поголемо е задоволството што успејав да им покажам на Американците дека Македонец може да биде подобар од нив - вели на шега Крстевски.​
Тој објаснува дека во американската колеџ кошарка играта е подинамична и со многу поголема физичка подготвеност, за разлика од нашата кошарка каде нападот е поизразен, а одбраната послаба. Но и покрај тие разлики неколку негови соиграчи пројавиле интерес еден ден да играат за тимот на Куманово, како засилување од странство.

Тие велат дека за нив би било добро искуство да дојдат да играат во нашата лига. Доколку раководството на кошаркарскиот клуб Куманово е заинтерсирано за таква идеја, би можело да се направи добра соработка. Овде ги гледавме речиси сите натпревари на македонската репрезентација на Европското првенство. Играта на Бо Мекејлеб ја оценија како игра на еден од најдобрите НБА кошаркари. На шега ми рекоа: „Голема штета што ни го зедовте, бидејќи Бо има совршена способност на движење и пробој, кој многу малку кошаркари од НБА го имаат“. Им го покажував видео материјалот од пречекот на македонските кошаркари во Скопје. Искрено беа воодушевени од тој настан, како и од другите играчи во екипата - вели Крстевски.​
Кумановскиот кошаркар по враќањето од Авганистан, сака да ја продолжи кариерата во својот град, од каде ги направиол првите чекори во кошарката. Внимателно ги следи сите натпревари на Куманово и посакува да се пласира во Супер лигата на Македонија.

Оваа екипа на Куманово има перспектива и со мали освежувања на позицијата центар и плејмејкер, може да се бори за највисок пласман во лигата. Од се срце посакувам да ги видам меѓу шесте најдобри, а на кумановските навивачи Кумани им праќам посебен поздрав. Најдобри сте!- вели Крстевски.​
Тој пред да замине на работа за Авганистан, играл во најголем дел од клубовите од Македонија. Со Струмица го освоил шампионатот на Македонија 2006/07, потоа играл за Вардар и Куманово. Во Куманово во 2004/05 година го освоил Стрит баскетбол со неговите колеги и пријатели Слаѓан Антевски - Сламка, Аце Недељковиќ-Жаба и Крстевски Александар-Крсто.
--- надополнето: Nov 18, 2011 12:44 PM ---
http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/kumanovec-mvp-kosarkar-vo-tim-na-amerikanska-vojska.html
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Ако е овој тој Филип Брукс,момчево е одлично решение на плејмејкерската позиција,таман ке може да ги ротира со Ацо Костоски,така да еве не пак со амбиции кон титулата,со среќа и новиот центар исто. :)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Што да не со овие двајца сите утакмици на домашен терен можеме да ги добиеме, а у гости со малку повеќе среќа,зошто да не?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Што да не со овие двајца сите утакмици на домашен терен можеме да ги добиеме, а у гости со малку повеќе среќа,зошто да не?
Се надевам знаеш што збориш и гледаш колку квалитет има во Фени, Мзт, Торус пред се, па после тоа и Лирија, а и Работнички кога ќе се средат малце, ако влезете во Супер лига, ќе биде супер за вас, ништо повеќе, не провоцирам, немој така да сватите, само кажувам што мислам :D
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Па таа Лирија падна во Куманово,Работнички исто,Мзт со премногу среќа се извлече,го добивме Вардар...на гости загубивме несреќно од АБА Струмица а за Кожуф нема оправдание...практично изгубивме натрпевари што мислевме да ги добиеме. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom