fr0zen
Kirigaya Kazuto
- Член од
- 26 септември 2011
- Мислења
- 1.348
- Поени од реакции
- 503
Управата на Куманово продолжува со ангажман на квалитетни засилувања, со кои што оваа екипа најавува сериозен атак на висок пласман во преостанатиот дел од шампионатот. Купувањето на Марјан Јаневски беше само најава за големото засилување на кумановци, Филип Брукс е ново име во овој тим и кошаркар од кој што ќе се очекува да го води Куманово до место во плејофот.
Одличниот американски плејмејкер имаше извонреден старт на сезоната во дресот на АБА Струмица, на две средби постигнувајќи преку 30 поени. Сепак, поради проблеми со управата на клубот тој неодамна доби раскин на договорот со струмичани, по што беше поврзуван и со трансфер во Торус. Брукс во последен момент се реши да го одбие скопскиот клуб и замина во Интер Братислава, но експресно се предомисли и се одлучи за враќање во македонската кошарка. Челниците на Куманово реагираа благовремено, експресно ги договорија условите од овој трансфер и потпишуваа договор со одличниот плејмејкер, кој ќе биде еден од главните адути на овој тим во атакот на пласман во Супер-лигата, а потоа и што подобра позиција во вториот дел од сезоната.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=2994
само не е наведено дали ќе игра против Торус ..