"Бездушноста" на Далечниот исток

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ако темава не одговара во оваа секција ги молам модераторите да ја преместат во друга,посоодветна секција.

Во изминатиот месец се случија два немили настани во Кина-две деца настрадаа во несреќи каде никој не се осмели да им помогне,во два збора-bystander effect или социопсихолошки феномен каде жртва во невоља не добива никаква помош иако се наоѓа во средина каде често поминуваат луѓе.

Овие инциденти открија доста проблеми кои некое време се прикривани во Кина,а нивниот корен се наоѓа во самите транзициски промени и апсурдни закони кои ги донесуваат властите.Но овие случаи сепак останаа искористени од други луѓе кои отворено зборуваа дека bystander effect-от(кој инаку не е врзан за раса и националност) е цврст доказ дека кинезите се "бездушни" и не само тие.Во "бездушната" група им најдоа место и на јапонците,монголците и корејците,најчесто користејќи аргументи дека нивниот менталитет,навики и начин на живот се нешто неразбирливо и поради тоа го задржуваат правото да стават етикета FUBAR(fucked up beyond all reason) на нивните чела.

Моето прашање до овие луѓе е-дали обвинувањата се оправдани,а со тоа и аргументот "two nukes were not enough"(се алудира на двете атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки) или само се трудат проблемите кои немаат ексклузивитет кон нација/вера/раса да го припишат исклучиво само на одредена група луѓе.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Кина не е исто со Јапонија.
2 сосема различни нации и култури, така да, зошто воопшто го спомнуваш нуклеарките?
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Кина не е исто со Јапонија.
2 сосема различни нации и култури, така да, зошто воопшто го спомнуваш нуклеарките?
Зошто еден наш форумџија случајот со децата го искористи за да го генерализира целиот далечен исток како материјалистички-бездушно настроен.А ваков став имам сретнато и од други лица кога сум прелистувал на странски форуми и како најчесто беше спомнувана фразата "2 nukes were not enough" како најдобар лек за "болеста" ака далечниот исток.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Јапонија и бездушност ???

Ти изгледа немаше интернет и телевизија кога беше катасртофата со Фукушима.

Па таков морал,и присебност во тие моменти што ги држеше јапонците,не е забележан никаде во историјата.(еден пример: луѓе волонтираа за да ја чистат областа,која вриштеше од радијација)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Јапонија и бездушност ???

Ти изгледа немаше интернет и телевизија кога беше катасртофата со Фукушима.

Па таков морал,и присебност во тие моменти што ги држеше јапонците,не е забележан никаде во историјата.(еден пример: луѓе волонтираа за да ја чистат областа,која вриштеше од радијација)
Друже,јас не ги реков тие работи.Јас сум на другата страна of the fence.

Примерот со Фукушима го спомнав на дотичниот форумџија,кој од х причини не сакаше да го коментира туку си продолжи по старото.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Друже,јас не ги реков тие работи.Јас сум на другата страна of the fence.

Примерот со Фукушима го спомнав на дотичниот форумџија,кој од х причини не сакаше да го коментира туку си продолжи по старото.
Ах па ти така ако почнеш да ги анализираш постовите на некои си членови,кои инспирацијата ја ваделе од рбетниот мозок...тогаш ќе имаш бааги за работа.:)

Инаку тој далечен исток е многу широк поим....бидејќи таму имаш и многу сиромашни земји,кои имаат прекрасен народ,традиција,и култура....а од друга страна еве како Кина,имаш нагла транзиција и нормално дека ќе се газат меѓу себе за да дојдат до пари.

Сети се само како изгледа нашава мачна и бавна транзиција и колку жртви однесе за овие 20години....а замисли ги сега кинезите кои немаа леб да јадат,за рок од 5 години станаа еконоски гигант.....па сеа ти пробај претстави си ја сликата што се им се има случено во нивната турбо транзиција(семејства,традиција,морал,се е тоа нагло жртвувано).
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Сети се само како изгледа нашава мачна и бавна транзиција и колку жртви однесе за овие 20години....а замисли ги сега кинезите кои немаа леб да јадат,за рок од 5 години станаа еконоски гигант.....па сеа ти пробај претстави си ја сликата што се им се има случено во нивната турбо транзиција(семејства,традиција,морал,се е тоа нагло жртвувано).
Добро знам што ни направи транзицијата,само работата е што проблемите во Кина кои настанаа како последица на транзицијата од планска во капиталистичка не им беа припишани на вистинските виновници,туку на народот,како еве демек тоа им било во менталниот склоп да бидат хард кор материјалисти и лоши бездушници.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Зошто мислиш дека тоа го има само на далечниот исток? Колку случаеви има во Македонија каде некое лице е прегазено а возачот си вози, нема гајле... Го боли к*р за „ближниот“. Тоа е тоа. Луѓето немаат ни свест ни морал.
Society, you are doing it WRONG!
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
The Future Of Foxconn: The Birds
Код:
http://techcrunch.com/2011/11/21/the-future-of-foxconn-the-birds/
The Future Of Foxconn: 200 Pigs
Код:
http://techcrunch.com/2011/11/22/the-future-of-foxconn-200-pigs/
The Future Of Foxconn: Problems
Код:
http://techcrunch.com/2011/11/23/the-future-of-foxconn-problems/?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+Techcrunch+%28TechCrunch%29
Утре околу 18 часот ке излезе и последниот пост околу оваа тематика.Инаку се збори за фабриката која е поврзана со многу од технолошките гиганти на запанот. Foxconn city место каде што си буквално затворен цел живот,работиш по 10 часа на ден.Депресивни работници,стресна околина.И ова се случува во фаприката која е некаде на средина според условите кои што ги нуди.Помалите фабрики во внатрешноста нудат многу полоши услови.Покрај сето тоа не е ни чудо што се случува.Само се плашам да не се прошири ова и кај нас бидејки работите од ден на ден стануваат полоши.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.936
Поени од реакции
7.050
Јас мислам дека е не е во ред неколку десетици па и стотици примери да се земаат како репер дека држава од 1.3 милијарди има генерална слика како што некои се обидуваат да ја прикажат. Нема врска тоа. И Скандинавија беа “светци“ па се појави некојси Брејвик кој бомбардираше и зеде колку жртви...? 20, 30? И што, сега се смени мислењето дека Норвешка, Шведска се убави и средени држави? Не! Значи секаде во светот има секакви типови луѓе иако генерално средината влијае на индивидуата сепак секој човек си е сам за себе и секој си одговара лично за своите постапки. Ако и мене казната за помош на некој ни виден ни чуен ми е 50 плати или 10 год. затвор ќе се замислам дали да одам според моите морални начела и да го прекршам законот, што ќе значи “сам себе го убил“ за мене, или ќе си терам по патот и никому ништо.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Самото генерализирање на одредена нација, или во случајов раса се јавува поради стравот од нив. Тие луѓе гледаат дека економската моќ полека, но незапирливо се префрла кон Кина, а околните држави и нации веќе се доста моќни. Немоќта раѓа страв, стравот раѓа омраза. Омразата бара друштво со тоа што ги посочува недостатоците во тие општества и бара од другите и тие да ги мразат.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Време е да ја вратиме темата на колосек.

Конечно,после неколку разменети пораки се договорив со мојот соговорник и контрирач Пурпуна пума да ја продолжиме дебатата која ја водевме на неколку теми во врска со бездушноста на Далечниот исток.

Па да почнеме со постот кој го предизвика сето тоа.

Јас вака не би реагирала полжав да згазам, а не човечко битие.
Секогаш знаев дека овие се нездрави, ама не знаев дека се до волку.
Искрено се надевам дека НАТО и ОН ќе им објават војна на нив, отколку на Либијци и остала исламска раја. Од овој момент не жалам ниту едно азиско возрасно битие. Ѕверови.
Постот се однесува на настанот со згазеното девојче и непружањето помош од 18 минувачи.Мојот одговор

Јас
Само да знаеш-ова што се случи се нарекува bystander effect,кога минувач ќе види некој во неволја,каква и да е и минувачот нема намера да помогне од икс причини.Ова не е ексклузивно за само еден народ,вакво нешто можеш да најдеш кај било кој.
Пума
Како бе се ми се погодува кај овие да гледам нездрави работи? Јадат кучиња, во Тајланд човечки фетуси јадеа, Кинезиве плаќаат казна за 2 дете...
Јас
Од кај извади дека во Тајланд јадат човечки фетуси жити се?Доказ or it didnt happen.
Во Кореја исто така се јадат кучиња,во Индија ќе те каменуваат ако повредиш крава,муслиманите забрануваат да се јадат свињи,евреите забрануваат мешање на месни и млечни продукти во ист оброк..............it's a wacky world out there allright.
Кинезите плаќаат казна за второ дете оти ако им се дозволи да се множат без ограничување за кратко време можат да ја преплават земјината топка,притоа предизвикувајќи војни на светско нив.Моќните држави се и тоа како благодарни што во Кина има рестриктивна политика за наталитет.
Пума
Јас убаво генерализирав - азијати.
И Корејците спаѓаат во таа категорија, не? Индијците, исто така. Општо - Азија Пипл!
Е, сега, сум се помешала. Всушност, Кинезите ќе да јаделе човечки фетуси, имено:
Rumors that dead embryos were being used as dietary supplements started to spread early last year with reports that some doctors in Shenzhen hospitals were eating dead fetuses after carrying out abortions. The doctors allegedly defended their actions by saying the embryos were good for their skin and general health.
.... She said: "There are 10 fetuses here, all aborted this morning. You can take them. We are a state hospital and don't charge anything.
"Normally, we doctors take them home to eat - all free. Since you don't look well, you can take them."

Извор: http://www.abortiontv.com/Glitch/AbortedBabiesSoldAsHealthFood.htm

Дали е вистина или не - не знаеме, но, мене не ме чуди.

А, закопаните фетуси, еве повели линк, тие не ги јадеа, ами масовни гробници си правеа:
Повеќе од 2.000 фетуси откриени во будистички храм во Тајланд

Стотици човечки фетуси криени во будистички храм!
Јас
@Puma:Океј,тие што го направија тоа(зборам за фетусите) заслужуваат најлоша казна,но дали вреди да се генерализира цел народ за такво нешто?
Aко ги напаѓаш кинезите и корејците за кучињата,можам да си замислам што ќе кажеш за јапонците.
Туку за bystander ефектот-bystander effect е кога на некое место каде врви од луѓе некој е во невоља(дали некој го брка,дали некој го тепа,коле што знам или пак лежи повреден итн),на тој некој му е потребна помош,но луѓето што поминуваат не му помагаат ама ич(тоа може да биде од причина што се плаши да реагира или му е сеедно па си тера даље или некоја скроз трета причина).
Пумата
Добро, заклучивме дека азијатите не научија нас и Америка дека треба да бидеме асоцијални како нив. Браво за нас, имаме со што да се пофалиме.
Него, велиш ќе пробаш азиска кујна? Имаш кучиња и фетуси на мени?
За првата реченица-азијатите не беа тие кои не научија да бидеме асоцијални.Ако бараш виновник за нашево депресивно стање погледни во сопствениот двор.20 години депресија и стагнација во општеството е дело на нашите лидери и олигарси,а ние сме повеќе виновни затоа што не се спротивставивме на нивниот пат,туку им дозволивме се и сешто.

За втората-кучињата се на мени во Кина и Кореја,мачки се специјалитет во Малезија и Сингапур.Еднаш Брижит Бардо ги нападна корејците зошто јаделе кучиња,овие и возвратија-а зошто французите јадат коњи и магариња?Фетуси не спаѓаат во нивна кујна,барем не човечки.

Јапонска асоцијалност за пример
Имаше случај на земјотрес во Јапонија во 95 во Кобе.Имаше доста загинати и повредени,а први кои дојдоа на помош беа јакузите(нивната мафија).Тие први донесоа храна,лекови,вода и што се не за да им помогнат на жителите на Кобе.Доказ дека нивната мафија и да е мафија е похумана дури и од МПЦ.
Е сега тука дојде до неизбежното.
Види, јас не мразам ниту еден народ. Азијатите едноставно, се премногу различни од мене. И најчесто кај нив забележувам секојдневна бездушност (не во случај на цунами), и секако, да не ги заборавиме Американците. Но тие сепак се поизбалансирани.
Ајде да видиме која е таа бездушност.
Некаде читав, не беше во скоро време, дека од сите порно филмови снимени, азијатите (ако не се лажам јапонците беа) се тие кои снимиле најмногу филмови кои прикажуваат насилство.
Јапонците имаат порно индустрија како и секоја држава со развиена порно индустрија.Имаат се што има да се понуди-стрејт,геј,лезбо,садо мазо,старо-младо,милф....знаеш стандарното,само што порките им се лејм.Филмови со насилство-сигурно мислиш на треш филмовите.Јапонија е позната како земја со доста голема треш индустрија(претерано насилство,ептен нереални ситуации,Чак Норис ги убива сите со малото прсте).Ако си гледала треш филмови знаеш што да очекуваш.САД,Италија,Турција(шампионите во правење треш филмови) имаат доста треш продукции па светската јавност не им фрла клетви.

во Тајланд беше тоа, дека жената која наполнила 30 години, ако не се омажила, и припаѓа на државата и државата и наоѓа партнер за брак? Се сеќавате на Тајландката која се омажи самата за себе?
Не знам за правилот дека жената е државна сопственост на Тајланд после 30 година.Не сум запознаен со нивните закони.А таа што се зела сама со себе е само низ од брдо бизарни ситуации кои се застапени секаде и не разликуваат раса и вера-што да правиме со французинката која се омажила за Ајфеловата кула?

Тоа, неконтролираното множење, ги доведе до степен да се казнуваат за второ дете (Кина). Се продаваат жени на интернет (и Русите го имаат ова, ама дефинитивно Кинезите се најдобри сега за сега во купопродажбата).
Албанките се најпродавани невести во Европа.Кинеските во Азија.Дали албанките страдаат од бездушност?

Има ред други работи, кои дефинитивно не ги има само во Азија, но, да бидеме јасни, онаму каде што е најнапредната технологија, онаму каде што се измислува истата (само погледнете какви бизарни измислици имаат Јапонците) останува најмалку простор за било какви емоции, и човечноста е најмала на тие места.
Прогресот на општеството, во целина, глобално, води до едноставност, симплифицираност, бледило, неемотивност, води кон губење на човечноста. А бидејќи пријателите Азијати ни се најнапредни, очигледно и кај нив прво се покажуваат тие симптоми.
Технолошкиот прогрес е најмала причина за затапеност и мртвило кај човекот.И ден денес се инвестира во корисни технологии(електрониката,роботиката),истражување на наноботи(машини видливи на електромикроскоп) кои ќе помагаат во уништување на рак,тумор,медицината-створена е првата вештачка кожа која соодветно ќе ја заменува изгорената/оштетена кожа,кибернетика-замена на изгубена рака,нога со машнска протетика која може да им помогне на инвалидите.Нечовечно,нема што.

Ако бараш проблеми,причина барај во нивната рецесија.Кога им се случи рецесија во 1995 година,им се случи сценарио слично на македонското-масовни отпуштања,компании кои со пот и мака се граделе со години тонат преку ноќ,зголемена стапка на разводи и појава на спонзорништвото,младина плашлива за својата иднина(разочараност заради неисполнети очекувања во животот и губење воља за живот,лица кои трошат пари спечалени од нивните родители за комформен и хедонистички живот запоставувајќи одговорност за својата иднина и ред други социјални проблеми).Е сега дали овие состојби се ексклузивно нивни или можеш и ти да ги видиш преку твојот прозорец?

Од друга страна, во најзаостанатите места на Земјава, најсилна е традицијата - која сама по себе носи огромни морални пофалби и санкции, односно го тера поединецот да има силни чувства на срам, гордост, а тие се најспецифични човекови чувства (бидејќи не се природни!), а за да стигне до нив, мора да го нема тоа ,,мртвило,, на модернизираниот свет.
Од друга страна, не ги негирам азиските култури, цивилизации, религии, имаат огромна историја, фасцинантна.
Но тоа не го менува фактот, дека денес, всушност, се далеку од овие изворни фасцинантни податоци за нив.
Традицијата и историјата не е главен показател за духовноста на човекот.Можеби постоело јако чувство на чест и одговорност,но и тоа било реткост.Низ историјата постоела поголема нечовечност отколку денес.Дали си прочитала некоја историска книга?Чисто да се потсетиш колкава била духовноста и почитта на човековиот живот за време на Александровите освојувања,обединувањето на Кина,суровоста на Рим,стогодишната граѓанска војна во Јапонија(периодот Сенгоку),масакрите на шпанците и англичаните врз домородните американци,Африка од праисторија до денес,џихадите и крстоносните војни..............
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Навистина добро и издржано, веќе ми се допаѓа дискусијата.
Моето, да потенцирам СУБЈЕКТИВНО мислење, е дека овие луѓе се далеку помртви емотивно, него било која друга нација на светот. Сепак, моето мислење и не мора да е точно - не е нешто што сум го истражувала, само сум доаѓала до налудничави ситуации.

Пред да дискутираме дека Македонците колат јагне за Велигден, а Кинезите јадат куче кога и да е - јас не јадам НИКАКВО месо, и сето тоа за мене е убиство, гнасно, и непростливо. Бил Кинез, Македонец или Евреин.

Зошто мислам дека како нации (за жал морам да генерализирам, јапонците најдобро ми котираат на листата)се најбизарни? Еве примери неколку:

Кина:
1. China's birth control policy, known widely as the one-child policy, was implemented in 1979 by the Chinese government to alleviate the overpopulation problem. Having more than one child is illegal and punishable by fines.
2. China executes more people each year than the rest of the world combined................ As of 2008, China is still the country with the highest number of executions. 1,718 people have been executed in 2008 out of 2,390 worldwide.[89]
A total of 68 crimes are punishable by death; capital offenses include non-violent, white-collar crimes such as embezzlement and tax fraud. Execution methods include lethal injections and shooting.

3. The People’s Republic of China is the only country which appears to abuse psychiatry for political purposes in a systematic way, and despite international criticism, this seems to be continuing.[100] Political abuse of psychiatry in the People’s Republic of China is high on the agenda and has produced recurring disputes in the international psychiatric community.[100] The abuses there appear to be even more widespread than in the Soviet Union in the 1970s and 1980s and involve the incarceration of ‘petitioners’, human rights workers, trade union activists, followers of the Falun Gong movement, and people complaining against injustices by local authorities


Мислам дека е сосема доволно за Кина, линк - http://en.wikipedia.org/wiki/Political_repression_in_the_People%27s_Republic_of_China

Северна Кореа
1. While it is difficult to piece together a clear picture of the situation within the country, it is widely believed that the government of North Korea controls virtually all activities within the nation. Citizens are not allowed to freely speak their minds[5] and the government detains those who criticize the regime.[6] The only radio, television, and news organizations that are deemed legal are those operated by the government. The media, as with Kim Il-sung,[7] universally praise the administration of Kim Jong-Il.[8][9]

2. North Korean citizens usually cannot freely travel around the country, much less travel abroad.[1][2] Only the political elite may own or lease vehicles, and the government limits access to fuel and other forms of transportation due to frequent shortages of gasoline, diesel fuel, crude oil, coal and other fossil fuels. (Satellite photos of North Korea show an almost complete absence of vehicles on all of its roads throughout the country, even in its cities.) Forced resettlement of citizens and whole families, especially as punishment for political reasons, is said to be routine.

3. North Korea is currently ranked second to last (ahead of Eritrea) on the World Press Freedom Index published by Reporters Without Borders.

4.On March 22, 2006, the Associated Press reported from South Korea that a North Korean doctor who defected, Ri Kwang-chol, has claimed that babies born with physical defects are rapidly put to death and buried.[26] A United Nations report also mentions how disabled people are allegedly "rounded up" and sent to "special camps."[27] People diagnosed with autism and other related disorders are often persecuted.

5. In 2011, two people were executed in front of 500 spectators for handling propaganda leaflets floated across the border from South Korea, apparently as part of a campaign by North Korean leader Kim Jong-Il to tighten ideological control as he grooms his youngest son as eventual successor.

6. Public and secret executions of prisoners, even children, especially in cases of escape attempts;[33] infanticides (forced abortions and baby killings upon birth[34]) also often occur. The mortality rate is very high, because many prisoners die of starvation,[35] illnesses,[36] work accidents or torture.

Сега за сега, мислам дека е доволно. И пред да почнеме во насоката - тоа им е законот, а не самиот народ, да не заборавиме дека законот им е напишан од некој од неговиот народ. Кога ќе подразмислам подобро, да живеам во ваква Кина, можеби и јас ќе поминам покрај прегазено дете и нема да обрнам внимание. Чисто, да не ме обвини некој случајно за убиство, па да стрелаат во мене.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Вегетаријанец си,поштуем.Ја сум омнивор.

Во последниот пост за нации како јапонците кои најдобро котираат како најбизарни наведе примери само за Кина и Северна Кореја.o_OWTF?


Туку ај,да тргнеме по ред.

За Кина-добро сум свесен околу закони кои угнетуваат доста права.Политика за едно дете е донекаде разбирлива,тоа е нешто кое и другите демократии го сакаат кај Кина,но во последно време проблематичниот сооднос на машки/женски го решаваат со невести од Русија.Во Русија има висок процент на жени,во Кина мажи.Problem solved.Нормално ова се прави за да се намали степенот на фрустрација кај мажите кои неможат да си најдат жени.

Во врска со цензурите-таму владее диктатура,мислам што очекуваш?60 години владеење на комунистите кои само го смениле економскиот систем не гарантира подобра иднина на државата во поглед на политички и ред други сегменти.А како се случи диктатура?Во кратки црти-Кина до пред јапонската инвазија во раните 30ти беше република со корумпирана влада.Таа влада ги напушти кога им беше најтешко,ама најдоа спасител во водачот на комунистите Мао Це Тунг,и нормално раја ќе голта се што спасителот ќе им тури и така уследи овој период кој го знаеме.Законите во диктатура доаѓаат од избраници на народот,само што избраниците си пуштиле корења на фотељите и не прашуваат никого што да прават и како да прават.Што е полошо западот не ги рчка и полека игра по нивно-дека е така види го Холивуд;ЗА нив Кина е златна гуска за филмови оти Кина има најголема филмска публика и прават политички коректни филмови(само да не ја вреѓаат власта).А за Обама да не збориме.

Северна Кореја е слична приказна.Поточно приказната за двете Кореи е трагична-еден ист народ со ист јазик и обичаи поделен поради интересите на два блока-Кина и САД за време на студената војна.Да беше поинаква приказна не би ја имало династијата Јонг Ил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom