Време е да ја вратиме темата на колосек.
Конечно,после неколку разменети пораки се договорив со мојот соговорник и контрирач Пурпуна пума да ја продолжиме дебатата која ја водевме на неколку теми во врска со бездушноста на Далечниот исток.
Па да почнеме со постот кој го предизвика сето тоа.
Јас вака не би реагирала полжав да згазам, а не човечко битие.
Секогаш знаев дека овие се нездрави, ама не знаев дека се до волку.
Искрено се надевам дека НАТО и ОН ќе им објават војна на нив, отколку на Либијци и остала исламска раја. Од овој момент не жалам ниту едно азиско возрасно битие. Ѕверови.
Постот се однесува на настанот со згазеното девојче и непружањето помош од 18 минувачи.Мојот одговор
Јас
Само да знаеш-ова што се случи се нарекува bystander effect,кога минувач ќе види некој во неволја,каква и да е и минувачот нема намера да помогне од икс причини.Ова не е ексклузивно за само еден народ,вакво нешто можеш да најдеш кај било кој.
Пума
Како бе се ми се погодува кај овие да гледам нездрави работи? Јадат кучиња, во Тајланд човечки фетуси јадеа, Кинезиве плаќаат казна за 2 дете...
Јас
Од кај извади дека во Тајланд јадат човечки фетуси жити се?Доказ or it didnt happen.
Во Кореја исто така се јадат кучиња,во Индија ќе те каменуваат ако повредиш крава,муслиманите забрануваат да се јадат свињи,евреите забрануваат мешање на месни и млечни продукти во ист оброк..............it's a wacky world out there allright.
Кинезите плаќаат казна за второ дете оти ако им се дозволи да се множат без ограничување за кратко време можат да ја преплават земјината топка,притоа предизвикувајќи војни на светско нив.Моќните држави се и тоа како благодарни што во Кина има рестриктивна политика за наталитет.
Пума
Јас убаво генерализирав - азијати.
И Корејците спаѓаат во таа категорија, не? Индијците, исто така. Општо - Азија Пипл!
Е, сега, сум се помешала. Всушност, Кинезите ќе да јаделе човечки фетуси, имено:
Rumors that dead embryos were being used as dietary supplements started to spread early last year with reports that some doctors in Shenzhen hospitals were eating dead fetuses after carrying out abortions. The doctors allegedly defended their actions by saying the embryos were good for their skin and general health.
.... She said: "There are 10 fetuses here, all aborted this morning. You can take them. We are a state hospital and don't charge anything.
"Normally, we doctors take them home to eat - all free. Since you don't look well, you can take them."
Извор: http://www.abortiontv.com/Glitch/AbortedBabiesSoldAsHealthFood.htm
Дали е вистина или не - не знаеме, но, мене не ме чуди.
А, закопаните фетуси, еве повели линк, тие не ги јадеа, ами масовни гробници си правеа:
Повеќе од 2.000 фетуси откриени во будистички храм во Тајланд
Стотици човечки фетуси криени во будистички храм!
Јас
@Puma:Океј,тие што го направија тоа(зборам за фетусите) заслужуваат најлоша казна,но дали вреди да се генерализира цел народ за такво нешто?
Aко ги напаѓаш кинезите и корејците за кучињата,можам да си замислам што ќе кажеш за јапонците.
Туку за bystander ефектот-bystander effect е кога на некое место каде врви од луѓе некој е во невоља(дали некој го брка,дали некој го тепа,коле што знам или пак лежи повреден итн),на тој некој му е потребна помош,но луѓето што поминуваат не му помагаат ама ич(тоа може да биде од причина што се плаши да реагира или му е сеедно па си тера даље или некоја скроз трета причина).
Пумата
Добро, заклучивме дека азијатите не научија нас и Америка дека треба да бидеме асоцијални како нив. Браво за нас, имаме со што да се пофалиме.
Него, велиш ќе пробаш азиска кујна? Имаш кучиња и фетуси на мени?
За првата реченица-азијатите не беа тие кои не научија да бидеме асоцијални.Ако бараш виновник за нашево депресивно стање погледни во сопствениот двор.20 години депресија и стагнација во општеството е дело на нашите лидери и олигарси,а ние сме повеќе виновни затоа што не се спротивставивме на нивниот пат,туку им дозволивме се и сешто.
За втората-кучињата се на мени во Кина и Кореја,мачки се специјалитет во Малезија и Сингапур.Еднаш Брижит Бардо ги нападна корејците зошто јаделе кучиња,овие и возвратија-а зошто французите јадат коњи и магариња?Фетуси не спаѓаат во нивна кујна,барем не човечки.
Јапонска асоцијалност за пример
Имаше случај на земјотрес во Јапонија во 95 во Кобе.Имаше доста загинати и повредени,а први кои дојдоа на помош беа јакузите(нивната мафија).Тие први донесоа храна,лекови,вода и што се не за да им помогнат на жителите на Кобе.Доказ дека нивната мафија и да е мафија е похумана дури и од МПЦ.
Е сега тука дојде до неизбежното.
Види, јас не мразам ниту еден народ. Азијатите едноставно, се премногу различни од мене. И најчесто кај нив забележувам секојдневна бездушност (не во случај на цунами), и секако, да не ги заборавиме Американците. Но тие сепак се поизбалансирани.
Ајде да видиме која е таа бездушност.
Некаде читав, не беше во скоро време, дека од сите порно филмови снимени, азијатите (ако не се лажам јапонците беа) се тие кои снимиле најмногу филмови кои прикажуваат насилство.
Јапонците имаат порно индустрија како и секоја држава со развиена порно индустрија.Имаат се што има да се понуди-стрејт,геј,лезбо,садо мазо,старо-младо,милф....знаеш стандарното,само што порките им се лејм.Филмови со насилство-сигурно мислиш на треш филмовите.Јапонија е позната како земја со доста голема треш индустрија(претерано насилство,ептен нереални ситуации,Чак Норис ги убива сите со малото прсте).Ако си гледала треш филмови знаеш што да очекуваш.САД,Италија,Турција(шампионите во правење треш филмови) имаат доста треш продукции па светската јавност не им фрла клетви.
во Тајланд беше тоа, дека жената која наполнила 30 години, ако не се омажила, и припаѓа на државата и државата и наоѓа партнер за брак? Се сеќавате на Тајландката која се омажи самата за себе?
Не знам за правилот дека жената е државна сопственост на Тајланд после 30 година.Не сум запознаен со нивните закони.А таа што се зела сама со себе е само низ од брдо бизарни ситуации кои се застапени секаде и не разликуваат раса и вера-што да правиме со французинката која се омажила за Ајфеловата кула?
Тоа, неконтролираното множење, ги доведе до степен да се казнуваат за второ дете (Кина). Се продаваат жени на интернет (и Русите го имаат ова, ама дефинитивно Кинезите се најдобри сега за сега во купопродажбата).
Албанките се најпродавани невести во Европа.Кинеските во Азија.Дали албанките страдаат од бездушност?
Има ред други работи, кои дефинитивно не ги има само во Азија, но, да бидеме јасни, онаму каде што е најнапредната технологија, онаму каде што се измислува истата (само погледнете какви бизарни измислици имаат Јапонците) останува најмалку простор за било какви емоции, и човечноста е најмала на тие места.
Прогресот на општеството, во целина, глобално, води до едноставност, симплифицираност, бледило, неемотивност, води кон губење на човечноста. А бидејќи пријателите Азијати ни се најнапредни, очигледно и кај нив прво се покажуваат тие симптоми.
Технолошкиот прогрес е најмала причина за затапеност и мртвило кај човекот.И ден денес се инвестира во корисни технологии(електрониката,роботиката),истражување на наноботи(машини видливи на електромикроскоп) кои ќе помагаат во уништување на рак,тумор,медицината-створена е првата вештачка кожа која соодветно ќе ја заменува изгорената/оштетена кожа,кибернетика-замена на изгубена рака,нога со машнска протетика која може да им помогне на инвалидите.Нечовечно,нема што.
Ако бараш проблеми,причина барај во нивната рецесија.Кога им се случи рецесија во 1995 година,им се случи сценарио слично на македонското-масовни отпуштања,компании кои со пот и мака се граделе со години тонат преку ноќ,зголемена стапка на разводи и појава на спонзорништвото,младина плашлива за својата иднина(разочараност заради неисполнети очекувања во животот и губење воља за живот,лица кои трошат пари спечалени од нивните родители за комформен и хедонистички живот запоставувајќи одговорност за својата иднина и ред други социјални проблеми).Е сега дали овие состојби се ексклузивно нивни или можеш и ти да ги видиш преку твојот прозорец?
Од друга страна, во најзаостанатите места на Земјава, најсилна е традицијата - која сама по себе носи огромни морални пофалби и санкции, односно го тера поединецот да има силни чувства на срам, гордост, а тие се најспецифични човекови чувства (бидејќи не се природни!), а за да стигне до нив, мора да го нема тоа ,,мртвило,, на модернизираниот свет.
Од друга страна, не ги негирам азиските култури, цивилизации, религии, имаат огромна историја, фасцинантна.
Но тоа не го менува фактот, дека денес, всушност, се далеку од овие изворни фасцинантни податоци за нив.
Традицијата и историјата не е главен показател за духовноста на човекот.Можеби постоело јако чувство на чест и одговорност,но и тоа било реткост.Низ историјата постоела поголема нечовечност отколку денес.Дали си прочитала некоја историска книга?Чисто да се потсетиш колкава била духовноста и почитта на човековиот живот за време на Александровите освојувања,обединувањето на Кина,суровоста на Рим,стогодишната граѓанска војна во Јапонија(периодот Сенгоку),масакрите на шпанците и англичаните врз домородните американци,Африка од праисторија до денес,џихадите и крстоносните војни..............