Знаењето е сила, врските се моќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Како и со работа така и со факултети.. Кој има пари,моќ,врски оди напред.. Тој што нема ништо ќе го јаде курот од сите и ќе биде најизмалтретиран..
 
Јас знаев дека државава ни е полна со „ експерти“, ама дека стануваат такви уште на 19 години - не знаев.
И после иди учи факултет, магистрирај, па докторирај... За што? За некој ваков да ти биде шеф и да те прави луд.
 
Шо знае дете шо се 140.000 денари??

Таму во контрола на летање,скоро падна добар ќотек меѓу вработен и надредениот......и тоа се шљакале,додека авиончињата си леткале безгрижно :coffee:(имаше по весници,телевизии)

Значи,таму од поодамна,се дешава куршлус....а не дека од огласов почнало.
 
Значи форумов си го читам често ама не сум се оклучил да пишам нешто од 2008. Ова го читам и не ми се верува на човечката глупост, неморалност и неетичност. Уште дегенот вика нема тука ништо спорно, добро бе до толку ли сме ние глупи.... Имам завршено бачелор во холандија на ТУ Делфт аероспејс инжињер и мислев да идам мастер уште 2 години (во кои ти се вклучени 6 месеци стажирање на некој аеродром во холандија) за аирпорт менаџмент зашто тоа ми беше едиствена шанса да се вратам во македонија да најдам работа ама убаво ме советуваа моите да бегам подалеку и си отидов за спејс систем инжињер. Луге овде учат 5 години и почнуваат од дното, овој експерт.. Како може бе експерт без искуство, која е логиката алоооооо?

Иначе имам другари мои кои пробале на тоа во мастрихт ама не успеаа, ако некој е заинтересиран се вика Еуроконтрол и мислам дека на нив им беше платено и превоз до овде и сместај
 
Nisto novo , se dodeka se tretira trendov kje si stoime vo mesto.
 
И пак повеќето се морални и мрчат а во негова ситуација баш ме интересира кој ќе одбие 2300 евра и ќе рече НЕ, не сум квалификуван не е фер, друг нека се вработи. Има таков?

На друга тема 90% се изјаснија дека ако најдат туѓи пари ќе си ги украдат без мува да ги лази а сеа мрчење зашо некој бил вработен.

Работете, збогатете се, стварајте си сопствени контакти и терајте живот, се друго е млатење празна слама зашто нема еден што би постапил поинаку во негова ситуација.

.
 
Види Кајсер, секако дека секој од нас би прифатил 2300 евра за таква работа, нормално, кој е будала да одбие такво нешто, ќе се осигура со генерации нанапред.

Само проблемот е што да беше државава како што треба немаше ни да се доведеме во ситуација некој да ни понуди ваква работа. Под ние мислам сите ние што појма немаме од авио работи, контроли на лет и такви чуда :)

Ова е ко у НАСА ветеринар да вработиш.
 
Види Кајсер, секако дека секој од нас би прифатил 2300 евра за таква работа, нормално, кој е будала да одбие такво нешто, ќе се осигура со генерации нанапред.

Само проблемот е што да беше државава како што треба немаше ни да се доведеме во ситуација некој да ни понуди ваква работа. Под ние мислам сите ние што појма немаме од авио работи, контроли на лет и такви чуда :)

Ова е ко у НАСА ветеринар да вработиш.

Во право си но државата е од истиот тој народ создадена, не ни ја правел некој од надвор. Сите што се вработени некаде се нечии стрини, тетки, чичковци, татковци и мајки и сите ние сме дел од таа иста држава. Ако таа не чини (условно кажано) тогаш каков е народот во неа?

Кога се смета за лудост да вратиш најдени туѓи пари и кога е нормално да си гледаш само за себе а другите ако немаат за леб да не ти е гајле и кога мнозинството си пази само на сопствена комоција секое мрчење зашто било вака или онака е беспредметно и служи само за лечење фрустрации :).

Да створиш успешна држава требаат децении а ние сме сеуште во колевка и овие работи се многу нормални за сите млади држави, треба време се да си дојде на место како и народ кој е на повисок степен на развој од нашиов.

Ете затоа не мрчам и не се жалам, ако нешто ме погодува се бунам, ако не ќутам и си гледам моја работа :).

Ако мислиш во ЕУ е секое вработување баш по пропис се лажеш, има и побетер работи од кај нас само ние не ги дознаваме :).

Не е постот против твојот став кој е коректен, генерално зборев како гледам на работите од мој агол :)
 
Очигледно дека смее.
Тоа што навеле услови како завршено средно без претходно искуство доволно зборува. Ако не е типацов, ќе биде друг типац со такви квалификации.
Ако донесат таков закон пола Македонија треба да се затвори, ако не и повеќе зашто мајка му и татко му се одговорни луѓе кои си го наместиле синот на позиција.
Јбг тоа е..
На сите ни е јасно дека он смее зошто кај нас така функционираат работите, само поентата е до каде се спремни Македонците да одат со цел да си ги задоволат нивните апетити, што е уште еден доволен доказ оваа информација за тоа на каде е тргната „Тажна Македонија“.До таа граница да воопшто не ни е гајле за другите човечки животи.
 
Како и со работа така и со факултети.. Кој има пари,моќ,врски оди напред.. Тој што нема ништо ќе го јаде курот од сите и ќе биде најизмалтретиран..
Зарем не е можно, сите граѓани да имаат еднакви можности? Твојот пост делува жално.
Протекција имало стално. Цезар, на почетокот на кариерата, се воздигнал, благодарејќи на протекцијата на Марие. Сопругата на Марие и таткото на Цезар биле брат и сестра.
 
Како и со работа така и со факултети.. Кој има пари,моќ,врски оди напред.. Тој што нема ништо ќе го јаде курот од сите и ќе биде најизмалтретиран..

Ama krajot za site e ist. Od toa nema beganje.Pusti gi neka odat,neka brzaat i do
galaksija da se vivnat ovde dole isto gi ceka. TOA ME TESI.
 
Ama krajot za site e ist. Od toa nema beganje.Pusti gi neka odat,neka brzaat i do
galaksija da se vivnat ovde dole isto gi ceka. TOA ME TESI.
Мислам дека претеруваш. Вистина е дека кога ќе умреме сите ќе бидеме еднакви. Но можеме барем нешто да направиме додека сме живи. На пример, да обезбедиме сите граѓани на да можат, под услови, да дојдат и паркираат во во Центарот на Скопје и населба Аеродром. Затоа јас се викам: Смрт за зони и пајак возила
 
Ау што не кажавте за огласов порано да си ја пробав среќата. И така гледам ги исполнувам условите.
 
Пред малку ја читав темата за авионски несреќи.
Авионски несреќи во Македонија
Не е можно да е случајност толку несреќи во однос на број на летови. За жал кај нас ова не е случајност, ова е систем, прашање и и татко му како е вработен на времето, во дејност каде грешките се наплатуваат во човечки животи.
 
Ау што не кажавте за огласов порано да си ја пробав среќата. И така гледам ги исполнувам условите.

Ги исполнуваш условите, ама немаш карта џокер - татко претседател во надзорен одбор. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom