Знаењето е сила, врските се моќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво сакам да појаснам дека може да има оглас за работа како контролор на летање, и огласот да гласи дека не треба да имаш работно искуство, исто така само средно е потребно за работа како контролор. Значи што некој е примен на 19 годишна возраст како контролор на летање НЕ Е противзаконски.
Исто така секаде е истото низ Европа, средно образование (било какво) и НЕ МОРА да имаш работно искуство.
НО што тука е примено синчето и тоа бајаги е голем проблемот. За да работиш како контролор на летање не ти треба предзнаење, но ти треба дарба. Затоа и се бара со средно, за да би се проширила групата на луѓе што можат да аплицираат, како би се дошло до некој што има дарба.
Секако Англискиот јазик е на прво место како критериум, а после тоа е како што објасни Таруно, значи тие со право ти дале материјал за учење и одма тест. Така те тестираат колку информации можеш да запомниш за што е можно пократок период. Значи и тоа е во ред. И секако на крајот психички мора да си ЕПТЕН стабилен, што исто така се тестира.

Е сега тоа е како треба и што треба во кратки црти. НО, како се работи кај нас тоа е друга приказна. Не знам колку сте запознаени но има школо во Мастрихт(Холандија) кадешто има најдобра обука за контролори за летање. Таму од 1000 кандидати примаат само 5-10 души, и потоа тие се обучуваат и на крај ПАК се тестираат, така да за да бидеш примен на работа таму треба ептен да те бива.

Додека кај нас, пред неколку години имаше оглас за 17 души за работа во контрола на четање. Сите 10 души беа примени по РАМКОВЕН. Како што знаеме сите тоа не е никаков предуслов дали си добар професионалец. Е сега и овој на тате синчето е уште по-трагична приказна.
Се надевам само дека еден ден нема да се случи некоја катастрофа и да изгинат голем број на луѓе. Сепак моја прогноза е дека тоа ќе се случи еден ден. Секој ден гледаме дека има повеќе и повеќе летови на скопскиот аеродром, така да се зголемува шансата да се случи некоја трагедија.

Еве го оригиналниот линк за тие по РАМКОВЕН што зборував:

Зе­ла плата 6.000 евра, а не видела авион
Иако лани во септември А.О. била вработена по Рамковен и добила до­го­вор за работа како контролор на летање, на работа не ја видел ниту се­гаш­ни­от ниту претходниот директор на Секторот за навигација
2CEC0B9DC844344991E0DBE9DE27F000.jpg
Кон­тро­лор­ка на летање веќе шест месеци никој не ја видел на работа, а редовно си зема плата. Според договорот за вработување, од први септември лани А.О. засновала работен однос на работно место контролор на летање - почетно ни­во во Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ.
"Од оние што доаѓаат на работа во Секторот навигација на Контрола на летање, так­во лице нема", вели извршниот директор на овој сектор Николет Тагарински.
Спо­ред информации од контролорите, платата за ваква позиција изнесува околу 65.000 де­на­ри месечно или околу 6.000 евра за шест месеци.
На работа не ја видел ниту претходниот директор на Секторот Тони Пргомет ниту, пак, контролор со тоа име бил на обука кај инструкторите во Охридската контрола на летање.
Ре­ак­ци­ја има и од Синдикатот на контролорите:
"Не­мам поим дека такво лице е контролор на летање. Ќе побараме да се пре­ис­пи­та случајот", вели претседателот на Синдикатот Александар Тасевски.
Пот­пи­шан на договорот за работа е претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Жив­ко Поповски. Тој вчера кусо појасни дека секторските директори се тие што во­дат сметка кој доаѓа на работа, а кој не.
Во Контролата на летање сите одговорни упорно избегнуваат да говорат за сос­тој­би­те во институцијата која е одговорна за безбедноста на македонското небо. Но не­о­фи­ци­јал­но објаснуваат дека лани во септември биле примени 17 лица по Рам­ко­вен договор, меѓу кои и такви што претходно, додека коалициски партнер на Вла­да­та беше ДПА, биле избркани, иако биле на скапи обуки.
Еве како течеше разговорот со еден од надлежните во Контрола на летање:
Ја знаете А.О. што работи во Контрола на летање?
-Ни­ту ја знам ниту ја познавам.
А има ли соодветно образование за контролор?
-Не знам ништо за неа.
А како ги вработивте тие 17-мина, добивте список од Влада или од ДУИ?
-Од тоа второто. Сметам дека луѓето што веќе поминале обука, треба да се вратат во Кон­тро­ла на летање. Ние добивме само имиња. Дали меѓу нив има еден-двајца што не­ма да работат, не е важно. Важно е да функционира професионалниот состав на ин­сти­ту­ци­ја­та - а тој добро работи, ни рече соговорникот кој инсистираше на ано­ним­ност. (А.С.)

Како прво сакам да појаснам дека може да има оглас за работа како контролор на летање, и огласот да гласи дека не треба да имаш работно искуство, исто така само средно е потребно за работа како контролор. Значи што некој е примен на 19 годишна возраст како контролор на летање НЕ Е противзаконски.

Друже се гледа дека си бајаги запознаен со ова, можеш да ми кажеш која е разликата помеѓу контролор на летање и експерт за безбедност !?
 
IMA GOSPOD NARODE: i toa me raduva.
I kral da go stavi na cela zemjina topka, eden den ke go nema.
Za tamu ne treba vrski.Za site ima mesto.
Znaenjeto e sila, znaenjeto e mok.
Air da ne vidat tie sto go prekrsuvat ova i ne go primenuvat ova
pravilo pri vrabotuvanje i koga ima javni oglasi.
 
Знаењето е сила, врските се моќ, а партиската книшка е закон! :)
Како во МК, така и надвор. Некаде со поголем интензитет, некаде со помал, некаде подискретно, некаде појавно... Све то треба да се убие!!! (y)

П.С. Поготово третото на своја кожа го имаат искусено неколку софорумци тука. Очекувано и оправдано не се ојавуваат на темава. ;)
 
Друже се гледа дека си бајаги запознаен со ова, можеш да ми кажеш која е разликата помеѓу контролор на летање и експерт за безбедност !?
За контрола на летање одговорив поопширно бидејќи ти имаше пишано дека си аплицирал и дека си бил одбиен. И во тој контекст пишував малку поопширно и за другите што се примени во Контрола на летање и какви предуслови имале за да бидат запослени (партиска книшка).
За типацов што е експерт за безбедност е класична "намештаљка" како што и секогаш биле вработувањата во М-НАВ. Општо познато е дека во Контрола на летање не можеш да влезеш освен ако немаш некои тешки роднински(татко, брат, сестра) или партиски врски. И тоа од најтешките.
Бидејќи имам студирано во областа на воздухопловството, тоа морав на своја кожа да го научам.
 
И сега ќе се исцепи некој и ќе рече "ова нема врска, ти ако си доволно паметен и сам ќе се снајдеш...".:tapp:
Па за кој вакво ми е државата тогаш? Само за данок да ми зема?
 
Така и мислев. И јас зборев за контрола на лет и низ што се се` поминува, а не пак за експерт за безбедност. ;)

Него отпосле дознав (откако не поминав), дека ако добро подмачкаш, може да те примат. Ова не знам колку е вистина, ама не ме чуди и да е.
 
Знам луѓе што имаат блиски роднини (сестра, брат) што работат таму и имаат "средства за подмачкување" и пак не можат да бидат примени само и само поради партиски директиви. Значи ова вработување во М-НАВ, и во партиските кругови е на доста високо ниво, така да јас како што разбрав, само чичко министер или нешто слично за да можеш да влезеш да работиш таму. (Јеби га каде на друго место можеш да земаш плата од 140.000 денари со средно) ;)
 
И сега ќе се исцепи некој и ќе рече "ова нема врска, ти ако си доволно паметен и сам ќе се снајдеш...".:tapp:
Па за кој вакво ми е државата тогаш? Само за данок да ми зема?
ова нема врска, ти ако си доволно паметен и сам ќе се снајдеш... само треба да има кој да те турне,.... и оп,... експерт за (што и да е, ама да е добро платена работата) :icon_lol:
 
Е сега тоа е како треба и што треба во кратки црти. НО, како се работи кај нас тоа е друга приказна. Не знам колку сте запознаени но има школо во Мастрихт(Холандија) кадешто има најдобра обука за контролори за летање. Таму од 1000 кандидати примаат само 5-10 души, и потоа тие се обучуваат и на крај ПАК се тестираат, така да за да бидеш примен на работа таму треба ептен да те бива.
Случајно познавам некој кој ја помина таа обука во Мастрихт.Не е вработен.Партиски не е определен.
Од друга страна...
Пред два дена поминаа точно 18 години од падот на Јак-42(RA-42390) блиску до Охрид.Уште на работа е типот директно одговорен за оваа несреќа и носит на душа 116 души.

11009461.jpg

Yak42-Avioimpex-Ohrid-2.jpg

Yak42-Avioimpex-Ohrid-1.jpg
 
Ц, ц, ц.... По коментарите, уште тогаш се знаело дека синчето ќе биде примено. Ти ибам државата, ти ибам. :tapp:

Ах беее... купи ми мајко топ!

Зошто секогаш за државата се фаќате ??? размислите малце има Вмро - СДсм и други политички партии кои си ги вработуваат не мора секогаш да се фаќате за Државата;)
 
Абе што барав факултет да учам, да имав средно ќе можев да се пријавам на огласов... :pos:

Само немојте да се шокирате кога бродот ќе потоне, купете си елек за спасување уште сега...
 
Па дај и ние на форумов да си направиме аеродром и ќе сме си контролори на летање, сигурно имаме повеќе во главата од овој лингуров.

Инаку да во право е Кресариан, на моите пациентка работи во контрола на летање, на секои две години поминуваат низ секакви тестови , ТОЕФЛ мораат да го обновуваат, ако не си со врски пренапорно е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom