И одговорив на сестра ти на ФБ, па ќе пишам и тука, како дополнување на другарчињата што пишаа погоре.
2-3 месеци... па тој апарат не се произведува 3 години веќе. Можно е да не е користен многу, ама дека е 2-3 месеци стар кажи им дек на ВИКИПЕДИЈА пишува дека апаратот не се произведува од март 2009та.
И 300 евра... кажи им дека не даваш повиш од 200, за на крај со ценкање да дојдете до кај 250 евра. И кажи им дека ако се праи споредба со компјутери, Никон Д40 е исто што и пентиум 3.
Апаратов колку е добар... пааа ко фичо, старо, слабо, ама врши работа ако го натераш.
Наследникот на овој апарат на ново е 29.000 без стабилизација на слика или 32 илјади со стабилизација на слика, а верувај ми тие 3 илјади разлика и те како ќе ги почувствуваш со тек на време, така да пиши 32.000 денари за нов апарат.
Плус Nikon D3100 (наследникот) снима и видео со ХД квалитет
Тоа со Canon SX 120 за вас не важи, бидејќи знам дека имате пари да си дозволите пофини работи.