.........................
Да де, нема шанси нешто добро да биде. Од каде сакаш да барам извор за тоа што го зборувам? Посочи извор кој зборува за (не)остварените проекти, не е проблем.
Ништо не реков против дијалектите во автобусите, само посочив дека автобусите најмногу се искористени од студенти, а и средношколци има многу, од другите градови.
Така што, автобусите се придобивка и за привремените граѓани (а потенцијално постојани) во Скопје.
Јас на една др. тема, баш зборував за тоа, дека конечно почна да се отвораат универзитети во др. градови, и не само тоа, дисперзирани студии исто така.
Пред се, зошто не секој може да плаќа кирија во Скопје, мене не ми пречи никој во Скопје, освен некој крајно некултурен, па од кај сака нека биде. Имам многу добри пријатели од внатрешноста, и мило ми е што живеат во Скопје, ќе ми недостигаат ако се далеку.
Инаку, нормално дека сакам да имам во 3 сабајле автобус до Железара кој поминува низ Центар, од дискотека дома да си одам, ама нема. И нема да има, зошто веројано само јас, најмногу уште 2-3 ќе бидеме во автобусот. Не е исплатливо да го има, само за мене.
А со воз немам намера низ Скопје да се возам, зошто нема асален пат од постојката кај Железарница, и низ шума треба да одам, се плашам.
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:40 PM ---
А?
Претходно ми ја споменуваш таа некаква реконструкција на болницата, сега ми го спомнуваш објектот кој е изграден за потребите на медицинскиот факултет на ДУТ. На памет зборуваш или се трудиш да бидеш сезнајко?
А за тоа што ти не си знаела изволте, бујрум, читни
http://daily.mk/cluster3/b70f26b86eb99cf539e5bcb548ebd50d/503849/dasetrgnespomenikotnauchkodtetovskiotuniverzitet
Или сега нешо пак, бла, бла, бла, ќе се вртиш околу тоа дека не си знаела и ќе ми ја кажеш салата која ја изградиле за медицина а македонските гимназијалци учат у бараки во кои има екстремни услови за настава.
И мене просто не ми е јасно, како е можно од 20 дискутанти на темава да има 19 будали а еден нормален.
Толку од мене на темава, немам намера да дискутирам со некој кој ме омаловажува само поради фактот што не живеам во Скопје.
Тоа што ти имаш проблем со власта во твојот град, не значи и дека нема ништо во твојот град. Секој ден сум таму, да му се невиди, па почисто е него во Скопје. Новиот кружен тек кај Лименка, на пример, каде што не можеше да се помине улица. Зградата е наменета за сите студенти, а јас одам на пракса во болницата, и барем јас каде што одам, условите не се одлични, но оделението е солидно. На ДУТ студираат и Македонци, исто така, а тоа со УЧК, повторно, не може НГ да го реши. Власта која ја одбрале мнозинството, кое за жал, не е она кое ние сакаме да биде.
Инаку, тоа што 19 луѓе мислат едно, а јас друго, не ме тера да си го променам мислењето. Посебно што се наоѓате навредени и кај што треба, и кај што не треба. Ти барем живееш во град каде што се што сакаш ти е дозволено, и каде со просечна плата и те како се живее.
Инаку, знам какво е Земјоделското... ама Медицина, каква е?
Јас од Земјоделско што ги гледам учениците, албанци или македонци, најчесто дивјачки се однесуваат. Споен ми е факултетот со нивниот школски двор.