Saber дај извештај бе што ти е?Не бев денес у Тетово сум
Еми не бев ни јас, најтежок колоквиум имам во понеделник
Како што ми кажаа другариве од маало, сме ги растуриле Напредок. На трибина слабо било солидно, иако посетата многу слаба (околу 200 Комити)...
Си го мрзам факултетов, секоја недела полагање по еднаш-два пати од ноември до крај на декември...
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 18:13 ---
Иначе убедливава победа ите како не издвојува како главни фаворити за титулата. Кискот на Металург кога-тогаш мораше да дојде иако морам да признаам дека најмалку го очекував во дуелот со 11 Октомври и тоа на домашен терен.
Сега сме на +7 од Металург, на +11 од Шкендија но они имаат и меч помалку.
Работнички е со нов кормилар и малку посериозно ќе пристапат во утрешниот дуел. Мислам дека Работнички во дамнешнината беше единствената екипа која лесно поминуваше сред тетово со Шкендија, и да бидам искрен утре очекувам Работнички да земе барем бод.
Комшиите треба работа да ни завршат во следното коло, кога за мене се апсолутни фаворити против Металург. Металург ни лани не успеаа да го совлада Работнички ниеднаш кога беа појаки каде-каде од нив, а камоли годинава. Ќе ги стегне Ѓоре, нема шанса да изгубат.
Наша работа е да ја добиеме Ренова, или барем да не загубиме. Го направиме ли тоа, може уште сега титула да ни дадат
За Ивановски, тоа е правиот гол-играч. Одамна го зборам тоа, и чудо е како не го земаат во репрезентација. Па зар Мирко Ивановски е подобар?