Бизнис со бебиња

  • Креатор на темата Креатор на темата TITTANIK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.398
Поени од реакции
2.012
Со лажни посмртници се давале на посвојување здрави и живи деца за пари. Ова го тврди претседателот на Здружението за деца и за младинци без родители „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ, кој вчера, преку неколку случаи на посвоени деца во земјава, откри дека во криминалот биле вмешани и лекарите и болниците.

http://daily.mk/cluster3/d4a6bd5150...so-lazhni-i-posmrtnici-posvojuvale-zhivi-deca

Зарем и ова е можно упм..
Што луѓе ќе беа мме.Ма какви луѓе,ова не може човек да го направи,не се луѓе тоа.

Сум читал дека вакви работи се случувале во други земји,ама не сум верувал,или не сум сакал да верувам дека и кај нас се случуваат вакви работи.

И се уште не сакам да верувам дека е вистина..
 
Се случува секаде, за жал..
Слушав на еден мој малце по далечен роднина му се има случено ова...

Ова да ми се случи пеер... Да ми се случи Мое, здраво и право дете да ми киднапираат и да ми кажат дека е мртво?
Ќе биде remember remember the fifth of November.
 
Се надевам, ќе скапат во затвор одкако ќе бидат разоткриени! :@
 
Се случува секаде, за жал..
Слушав на еден мој малце по далечен роднина му се има случено ова...

Ова да ми се случи пеер... Да ми се случи Мое, здраво и право дете да ми киднапираат и да ми кажат дека е мртво?
Ќе биде remember remember the fifth of November.
Илегализам? :D
 
Ова го има од поодамна во Македонија и е стварно жалосно.
Не знам колку сте запознаени со судбината на пејачката Васка Илиева. Гледав на ТВ оддамна емисија со Васка Илиева каде таа си го раскажува животот и маките. Нејзиното здраво и право дете било украдено во болница, а и било кажано дека родила мртво дете. Кога и кажала на сестрата да го донесе да го види макар и мртво, таа не сакала да го донесе. За после извесен период да дознае дека всушност родила здраво дете, кое било дадено на некој си глауч. Жената си умре, а детето не го најде и не го виде никогаш. Страшно....
Не можам да сфатам само како лесно си играат со животот и судбината на луѓево. :place:
 
Коса ми се крена нагоре од старт кога почнаа со ова разоткривањето, сите знаеа дека такви злочини се прават и ќутеа, сега треба сите тие на тапет и линч бре, мамицата нивна, од здраво право некој да ти каже дека си родил мртво дете, ја глава ќе им откинам и навистина незнам што се би направила, бидејќи мене срце ме боли кога едно од децата ќе кивне, значи несакам влакно да им фали, а па негали да разберам таква страшна вест дека не сум родила мртво туку живо дете и истото е дадено на некои богаташи кои што неможат да имаат здрави деца (да и такви случаи има, со лош ген), има да палам се по ред од доктори до сестри и на крај до тие што послегнале на таков начин да добијат дете, па мајко му полни се домовите со дечиња нели заслужуваат и тие бел ден да видат, па морало вака нечија туѓа среќа во црнина да ја обвијат, никат аир да не видат ја така им посакувам.
 
Веста е грозна. Секој човек ќе се згрози од вакви работи. Но јас не верувам во вистинитоста. Македонците не можат да направат такви работи. Ако го прочитате написот, ќе видите дека не се инесени никакви докази за вистинитост.
 
Веста е грозна. Секој човек ќе се згрози од вакви работи. Но јас не верувам во вистинитоста. Македонците не можат да направат такви работи. Ако го прочитате написот, ќе видите дека не се инесени никакви докази за вистинитост.
Еден од најлошите народи во светот сме (после Исламистите). Ако твој не те заебе тогаш никој..
 
се дешаваат чудни работи во светот .. па и во земјава.. исто така слушнав за таа вчера што се "самоубила" со ќеса на глава... па незнам колку глуп да бидеш ќе ти биде јасно дека нема шанси тоа да се деси. А како коинциденција.. таму (тетовскиот затвор) истотака се "самоуби" и владо тасесвски мислам дека беше, во кофа вода.. (која од која приказна бетер..). Којзнае колку работи има "позади завесата" за кои ние не сме ни свесни.
 
За ,,продавачите,, само смртна казна, имаат срека што кај нас ја нема ... Жално за родителите на продадените деца
 
Еден од најлошите народи во светот сме (после Исламистите). Ако твој не те заебе тогаш никој..
Не само што ти мислиш дека нашиот Народ „ е еден од најлошите народи “, туку и на четворица им се допадна тоа мислење.
Во одбрана ќе го кажам следново:
Јас не сум лекар и не се разбирам посебно во медицина, но сум татко.
Бременоста, за жените, представува, многу важен период во животот, сврзан со психо-физички промени. Ќе наведам пример, дека плодот - бебето, кој таа го носи во својата утроба, мислам по петиот месец од бременоста, почнува да се помрднува, што мајката и те како го осеќа.
Жената доживува низа промени. Јас не можам сега на сите да се присетам, бидејќи мојата Сопруга се породи пред многу години, но постои длабока врска меѓу мајката и плодот. Ако овој пост го прочита некој лекар или жена која скоро се породила, ги замолувам да помогнат.
Една од промените е што, непосредно по породувањето, жената привремено речиси полудува. Незнам како се вика таа состојба, но трае ден или два и во тој период таа може дури и да го убие бебето. Затоа во тој период, бебињата не ги оставаат да спијат со мајките.
За жал во одреден број на бремености, од различни причини, бебето може да се роди мртво. Можеш да замислиш, дека тоа родилката уште потешко го прима.
И за очекување е, во таква ситуација, да се измислат секакви приказни.
А и како може да се украде бебе од родилиште. Таму работат многу лекари и сестри, па сите треба да се договорат за да направат такво нешто. Сите тие лекари се образувани и тешко ми е да замислам нешто такво. Затоа оваа вест ја примив со резерва. И мислам дека некој си поигрува со емоциите на тие несреќни мајки.
 
Се надевам, ќе скапат во затвор одкако ќе бидат разоткриени! :mad:
Се надевам..... На што може да се надеваш кога немаш право да видиш одблизу што се случува во таа добро организирана мрежа?

Единствено, да се раѓаат децата во домашни услови, преку приватни ординации, едно од најдобрите решенија.
 
За овие и катана да ги пресече ќе биде блага казна.Ја велам-доживотен затвор меѓу најголемиот џган,па нека изнафатат 300 болести,и никако не смеат да бидат лечени.Let the syphilis take it's course.
 
Back
На врв Bottom