Бизнис со бебиња

  • Креатор на темата Креатор на темата TITTANIK
  • Време на започнување Време на започнување
Не само што ти мислиш дека нашиот Народ „ е еден од најлошите народи “, туку и на четворица им се допадна тоа мислење.
Во одбрана ќе го кажам следново:
Јас не сум лекар и не се разбирам посебно во медицина, но сум татко.
Бременоста, за жените, представува, многу важен период во животот, сврзан со психо-физички промени. Ќе наведам пример, дека плодот - бебето, кој таа го носи во својата утроба, мислам по петиот месец од бременоста, почнува да се помрднува, што мајката и те како го осеќа.
Жената доживува низа промени. Јас не можам сега на сите да се присетам, бидејќи мојата Сопруга се породи пред многу години, но постои длабока врска меѓу мајката и плодот. Ако овој пост го прочита некој лекар или жена која скоро се породила, ги замолувам да помогнат.
Една од промените е што, непосредно по породувањето, жената привремено речиси полудува. Незнам како се вика таа состојба, но трае ден или два и во тој период таа може дури и да го убие бебето. Затоа во тој период, бебињата не ги оставаат да спијат со мајките.
За жал во одреден број на бремености, од различни причини, бебето може да се роди мртво. Можеш да замислиш, дека тоа родилката уште потешко го прима.
И за очекување е, во таква ситуација, да се измислат секакви приказни.
А и како може да се украде бебе од родилиште. Таму работат многу лекари и сестри, па сите треба да се договорат за да направат такво нешто. Сите тие лекари се образувани и тешко ми е да замислам нешто такво. Затоа оваа вест ја примив со резерва. И мислам дека некој си поигрува со емоциите на тие несреќни мајки.
Таа состојба се нарекува пост-породилна депресија и се што го наведе во образложението е океј но сепак мислам дека многу почести се таквите малверзации со бебиња отколку ли „полудувањето“ на родилките. Законски болницата (мислам на сестрите и лекарите) е должна да даде образложение за наводната смрт на новороденчето а не да го кријат ко во шпанските серии и да не дозволуваат ни достоен закоп. Не велам дека тоа се случува насекаде туку еве во помалите места низ државава од икс причини. И навистина сме лош народ :)
 
Се е можно, но за се треба докази. Колку што разбрав од статијата тие работи наводно се случиле многу порано.
Мене ми остави впечаток што твојот пост им се „ допадна “ на четири жени, од кои една е сосема млада девојка. За секоја жена, стравот за безбеноста на своето чедо е многу поголем од стравот за сопствениот живот. Тоа важи за сите мајки, и македонски, и германски и англиски и било чии. И мојот пост беше наменет да се смираат идните или сегашните мајки. Но како што виде јас не добив ниту едно „ допаѓање “, иако, најверојатно јас сум во право.
Не сме лош Народ, не сме ни подобар ниту полош од другите народи. Зошто луѓето во одредени ситуации стануваат нелуѓе е посебна приказна.
 
Ете ти „лајк“ од мене, а за тоа кој е во право не може да се каже бидејќи сите размислуваат субјективно и можат да имаат исти или слични ставови со некој форумџија, можеби тие четири жени/девојки го делат моето мислење..
 
Таа состојба се нарекува пост-породилна депресија и се што го наведе во образложението е океј но сепак мислам дека многу почести се таквите малверзации со бебиња отколку ли „полудувањето“ на родилките. Законски болницата (мислам на сестрите и лекарите) е должна да даде образложение за наводната смрт на новороденчето а не да го кријат ко во шпанските серии и да не дозволуваат ни достоен закоп. Не велам дека тоа се случува насекаде туку еве во помалите места низ државава од икс причини. И навистина сме лош народ :)

Ни на клиника во Скопје не даваат образложение.Прашуваат дали сакаш да му се направи обдукција на бебето а ако не сакаш потпишуваш изјава дека не сакаш.А телото не го гледаш ако не решиш да го земеш да го закопуваш.
Ретко кој сака да му се прави обдукција на бебето и ретко кој од христијаните го зема телото затоа што не може да го закопа во црква пошто не е крстено.

Знам за еден случај кога родителите побарале обдукција,ова е пред 3-4 години,и до денес немаат добиено никакви наоди,резултати од обдукцијата.

Најголемиот број на смртни случаи кај новороденчиња е токму на клиника во Скопје,пошто таму има највеќе пораѓаи а и до пред да ја отворат новата Систина само таму имаше оддел за неоинтензивна нега на предвреме родени бебиња па таму се раѓаа и најголемиот број од недоносените бебиња.Верувам дека се уште е така.
Јас се уште не сакам да верувам дека некој крадел бебиња и ги продавал,ама ако е вистина тогаш тоа е цела организација,не се поединци...
 
што бидна, лежи ли некој за оваа ујдурма со човечки судбини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom