Еден од најлошите народи во светот сме (после Исламистите). Ако твој не те заебе тогаш никој..
Не само што ти мислиш дека нашиот Народ „ е еден од најлошите народи “, туку и на четворица им се допадна тоа мислење.
Во одбрана ќе го кажам следново:
Јас не сум лекар и не се разбирам посебно во медицина, но сум татко.
Бременоста, за жените, представува, многу важен период во животот, сврзан со психо-физички промени. Ќе наведам пример, дека плодот - бебето, кој таа го носи во својата утроба, мислам по петиот месец од бременоста, почнува да се помрднува, што мајката и те како го осеќа.
Жената доживува низа промени. Јас не можам сега на сите да се присетам, бидејќи мојата Сопруга се породи пред многу години, но постои длабока врска меѓу мајката и плодот. Ако овој пост го прочита некој лекар или жена која скоро се породила, ги замолувам да помогнат.
Една од промените е што, непосредно по породувањето, жената привремено речиси полудува. Незнам како се вика таа состојба, но трае ден или два и во тој период таа може дури и да го убие бебето. Затоа во тој период, бебињата не ги оставаат да спијат со мајките.
За жал во одреден број на бремености, од различни причини, бебето може да се роди мртво. Можеш да замислиш, дека тоа родилката уште потешко го прима.
И за очекување е, во таква ситуација, да се измислат секакви приказни.
А и како може да се украде бебе од родилиште. Таму работат многу лекари и сестри, па сите треба да се договорат за да направат такво нешто. Сите тие лекари се образувани и тешко ми е да замислам нешто такво. Затоа оваа вест ја примив со резерва. И мислам дека некој си поигрува со емоциите на тие несреќни мајки.