Која е таа научна теза која докажала непостоење? Посочи ја, или признај дека го истресе ова од ракав!
На овој форум за годинаипол додека сум тука, милиони пати ти беше лично на тебе укажано дека непостоење не се докажува! Во спротивно повели и докажи дека Завс непостоел! Но ти упорно повторуваш едно исто! Којзнае, можеби поради она познато правило дека сто пати повторена лага, почнува да звучи како вистина!
Твојата мазохистичка тенденција да се бламираш до несвест е навистина зачудувачка! Продолжи така, луѓето како тебе ќе бидат најзаслужните за згаснувањето на религиите.
Има методи и за докажување на непостоење на нешто, односно тоа е негација на постоење.
Но никој не се замара, не се осмелува да започне таков бесцелен процес од чиј резултат не би имал никој корист.
А уште повеќе таквиот метод на докажување бара еден куп добро дефинирани работи (читај почетни услови) кои би стоеле на стаклени нозе, и пак би се свело на крајот на истото, на кое сме и сега.
Фрапантно е како теистите секојпат милуваат да дискутираат во некоја меѓуфаза, меѓусостојба, зона сумрака, односно на работ на науката и работ на верувањето.
Сите факти се отфрлаат и се избегнуваат разговори на такви теми. Примерот со генетиката и наследниот материјал е очигледен. Имаш куп точни почетни услови, куп факти и истите се премолчуваат и се префрлува топката и разговрот на нешто друго.
Слично беше и со Биг Бенг, па Ватикам мораше официјално да се повлече малку наназад и да тврди дека ако ништо друго причината за Биг Бенгот е Семоќниот.
Така било и со Сончевиот систем и Галилеј, така било и со громот.
Полека боговите од шуните и дрвјата, преку Олимп и небото , се повлекуваат некаде далеку во универзумот и ја оставаат земјава на милост и немилост на хомосапиенсот.
Нешто слично како во Господар на прстените кога Гандалф и бесмртните ја напуштаа планетата и оваа димензиј аи ја остават на ХОМОСАПИЕНСОТ.