Израел била земја со висока стапка на наталитет и сеуште е.
Израел била со висока стапка на наталитет и во времето на Содом, па сепак ти не толкуваш дека и бебињата отишле да ги силуваат гостите на Лот.
Апостолите кога ги крштевале возрасните мора БАРЕМ во една од тие фамилии да се најдело ако не бебенце тогаш едно мало детенце.
Кога сите жители на Содом, и стари и млади до последниот жител дошле да ги силуваат гостите на Лот, мора БАРЕМ во една од тие фамилии да се најдело ако не бебенце тогаш едно мало детенце нели? Каде е поголема веројатноста да се нашло бебе, во 3 фамилии или во целиот град Содом?
Да, во Библијата не е споменато бебекршевање. НО не е споменато ни крштевање на лица над 18 години, ниту пак е нагласено дека деца НЕ СМЕАТ да се крстат бебиња
Да, години не се спомнати, а она што е спомнато (меѓу другото) е следново:
Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „
Ако веруваш од сè срце - можеш."
(
Дела 8:36-37, Библијата)
Христос нели вели да не се спречуваат децата да доаѓаат кај него?
Да, Исус ги прекорил учениците затоа што ги спречувале децата да доаѓаат при Него, но откако ги пуштиле Исус
не ги крстил, туку само ги положил рацете на нив и си отишол.
Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму. (
ев. Матеј 19:13-15, Библијата)
Ако Исус со горната изјава мислел на крштевањето тогаш зошто не ги крстил децата? Туку стихот вели "ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму".
Што се однесува до цитатот со Содом таму е потенцитано младо и старо. Дете не може да опкружи куќа за да силува. Како прво затоа што ги нема тие нагони, ниту пак знае што значи силување.
Потенцирано е, цитирам:
"Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците,
млади и стари,
целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата."
(
Битие 19:4)
Значи стари и млади, целиот народ до последниот човек. Ти велиш бебето нема нагони, ниту пак знае што значи силување. Добро велиш. Но Светото Писмо вели и дека детето не го познава Христос, не знае што е тоа крштевање, не знае ни од колку букви се состои името Исус за да се крсти во Негово Име.
Ако го читаме Светото писмо тогаш- ДА. Бебињата веруваат со сето срце во Исус Христос уште додека се во утробата. Како што беше случајот со Јован Крстител кој рипкаше во утробата на мајка му Елисавета од среќа, кога го почувствува присуството на НЕродениот месија.
Ах не ми се верува до која лудост може да го доведе човека служењето на догмата. Бебињата верувале со сето срце во Исус
Што се однесува за Јован Крстителот, прочитај го внимателно следниов цитат:
„Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.” И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”“ (
ев. Јован 1:32-24, Библијата)
Значи слегувањето на Светиот Дух во облик на гулаб врз Исус Христос било знакот по кој Јован го препознал и поверувал во Христос. Патем Јован Крстителот бил директно пратен од Бог со соодветна објава, за специфична и уникатна служба - да биде предвесник на Исус и да го подготви Неговиот пат. Затоа и вели „Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече“. Дали ти се сеќаваш некогаш Бог да ти рекол нешто такво?
Мрднувањето (заигрувањето) на неродениот Јован во утробата на Марија било Божји знак упатен до Елисавета, знак која таа веднаш го препознала. Бог е Тој Кој што направил Јован да клоцне (се изразувам со денешен речник) во утробата на Елисавета. Далеку од тоа дека неродениот Јован знел Кој и Што бил Исус пред да се роди. Ако било така, тогаш тој погоре немаше да рече „
Јас не го познавав“ и немало да чека на Божјиот знак туку веднаш ќе го препознаел и тоа без гледање - нели како што тоа наводно "било" и во утробата на Елисавета.