Гус Хидик со паметна изјава "Хрватите се фаворити". Од друга страна Хрвативе се оптимисти дури и дека може да победат во Истанбул. Последниов период во квалификации имаа стабилна игра со само еден пораз од Грчка на гости што реши и втора позиција и бараж али па вечерва во таа френетична атмосфера ќе им биде многу потешко.
Па баш и во Хрватска не се оптимисти.Никогаш порамнодушни хрватите не биле за некоја утакмица. 90% од хрватите не ни очекуваат дека ќе пројдат даље.Башка ДеБилиќ изјави дека нема да биде крај на светот и да испаднат,Срна вика па што ако испаднеме,демек нема да биле најлузерска генерација......... Си прават алиби уште од старт.Пола состав е поведен,а според тоа што го тренирале куртонот ко да сака намерно 5-0 да попие од Турција.Да бидам искрен и 5-0 победа на Турција нема да ме изненади.
Ако е вистина тоа што пишуваат по весниците дека тренирале,тогаш само молитва им останува.Полоша постава од таа што ја планира,не може.................. Како прво става 4-2-3-1 постава што Хрватска со катастрофални игри веќе 3 години покажува дека не може да игра.
Ај Плетикоса на гол тоа е логично,Вида десен бек што во Динамо одлично покажа дека не може да игра,али покажа и дека е врвен стопер само зашто би играл во репрезентацијата тоа? Го има тука Билиќ да му измислува позиции.Шимуниќ - Шилденфел одбрана,Шимуниќ е тотално вон форма во хрватска лига напаѓачите го прават мајмун,а Шилденфелд е еден од најлошите стопери во историјата на Динамо.Лек бек ќе му игра Чорлука кој левата нога ја користи само за да може да стои.
Во средина Дујмовиќ - Модриќ ......ок тука и јас би играл така.Јест да Вукојевиќ е стандарден во Динамо Киев,а Дујмовиќ ќе си оди од Москва,али покорисен играч е според мене Дујмовиќ
Крила Олиќ и Срна.Двајца играчи што не се крила !!!! од кои едниот во последната година има само 100 минути играно .Полушпиц Ракитиќ....тоа е ок и во нападот само Манџукуќ - логично во страшна форма е дечкото.Нормално нема место за Едуардо кој во Шахтјор почна скоро секоја утакмица да дава гол,а има за некој од 32 години што нема утакмица цела изиграно веќе година и нешто.
Иначе не знам кај виде дека Хрватска има стабилна игра.Тоа што Хрватска игра веќе 3 години е КАТАСТРОФА. Никогаш волку лошо не играла Хрватска.Со послабите на мускули добива едвај,не може на една Грузија (од која изгубија иначе) да и направи 3 шанси за гол.Против Грција немаше ни 2-3 шута на гол во две утакмици,од Малта примија гол и се мачеа со нив.Изреал мораа со пенал во едната,а во другата со играч повеќе да го тепаат.Играат споро,нема уиграни акции,Билиќ секоја утакмица менува по 6-7 играчи во прв состав,селекцијата му е катстрофална,без идеја во играта.Колку само веруваат во нив покажува фактот дека само 400 души ќе отидат за Турција од Хрватска.Тоа е срамно бидејќи до сега под 2000 души никаде не биле.Па во Андора и Малта идат по 500-600 души,со Англија 8-10 000 луѓе беа.
Да не збориме колку ќе се одрази ова врз фудбалот во Хрватска ако испаднат.Фудбалот таму е само скалило над македонскиот.....живеат од сениорската репрезентација и од успесите во 90тите години.
Младите репрезентации се катастрофа,вои федерацијата се луѓе клои се во рангот на Хари,клубовите се распаѓаат сите освен Динамо,дијаспорците бидејќи веќе ги нема на ЕП и СП се помалку и помалку сакаат да играат за Хрватска,играчите се продаваат само ради сениорската репрезентација,ако го снема тоа играч од Хрватска на св. Никад ќе се пробие во Европа.Ако испаднат сега.......фудбалот во Хрватска е мртов............за жал.