Синуси

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Значи вака,подолго време се мучам со синусиве,све сум пробал,инекции,капки,све све,освен операција...ако знае некој повеќе за операцијата нека ми пише...фала.:cuc:
Ќе си земиш во аптека Aqua Maris Strong или појди на специјалист и сигурно ќе ти препишат вообичаено Flixonase спреј за нос , така да кога времето заладува не се прај фраер и да шеташ без капа и слични вообичаени зимски потребни облеки ( не заборавај ги правилата за ефективно штитење на синусите како пиење чај , дишење на пареа како на пример камилица и обратно да не пиеш сокови кои содржат јаглерод диоксид итн ) .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Мајка ми правеше операција на синуси. И не помина добро...не ти ја препорачувам таа операција. :) Види нешто од другиве форумџии што постираат некои спрејови и слично. Боље иди на таа варијанта.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Значи вака,подолго време се мучам со синусиве,све сум пробал,инекции,капки,све све,освен операција...ако знае некој повеќе за операцијата нека ми пише...фала.:cuc:
Имам сличен проблем кога ќе дојде зима само чекам да помине што е можно побрзо.Мене ми користи ментол кристали од аптека и кога ќе осетам дека ми доаѓа тешко правам инхалации со него.Без капа не искачај на ладново зима и магла е најлошо за нас се надевам ќе ти помогне ова со ментолов.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уште еден совет од мене да се консултираш со повеќе лекари пошто кај нас неретко се постава погрешна дијагноза и само ќе ти препишуваат апчиња и со тоа само штета ќе си правиш како ќе идат годините..
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Воспалените синуси, исто како и акните, gynecomastia и сл, не му се својствени на човекот и не треба да постојат во нормални услови. Во ова барем јас сум убеден и полека почнувам да го потврдувам, како на пример со акните. Доколку има некој такви заболувања, шансите да биде самиот виновен за истите е огромна. Јас страдам од акутен повторлив синуситис, обично кога ќе настинам, и тоа се случува од 2 до 4 пати годишно. Длабоко сум убеден дека сржта на проблемот е алергијата која ја имам. Алергичен сум на прашина и мислам дека доколку направам имунотерапија, синуситисот видливо ќе се подобри, дури имам и надеж дека целосно ќе исчезне. Е сега некој ако правел имунотерапија, може да ме информира дали тоа помогнало, колку пари е итн...

Во третирање на синусите главен пријател ми е operil. Без него не можам да дишам. На една страна поназад stipsburg има дадено добра терапија( јас правам слично, меѓутоа со ситна сол, а ќе пробам со крупна), инхалирање ретко практикувам освен после туширање кога бањата е полна со пареа. Исто така, сега пробав со јаболков оцет, домашен. Најдов дека ако на првиот ден од настинката( кога солзат очи ве чеша грло, односно знаете дека ќе настинете) почнете да пиете јаболков оцет со вода, многу полесно ќе поминете со синусите, а има и некои мали шанси да ги закачите синусите. Тоа изгледа вака нешто - во 250 до 500 мл вода се ставаат 1 до 2 лажици јаболков оцет( јас користам домашен) 3 до 4 пати на ден, препорачувам 250 мл вода, 2 лажици оцет 3 пати дневно. Колку денови треба да се пие не знам, некаде пишува пред инфекцијата на синуси да настапи, некаде до 6 дена, не знам... пробајте и сами заклучете. Еве линкови :
http://curezone.com/blogs/fm.asp?i=973746
http://thesinusinfectionhomeremedy.com/apple-cider-vinegar/
Сето ова што го наведов за користење е за мојот случај, односно акутен повторлив синуситис, а за хроничен не знам.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Чекај друже полека, операција на синуси е КРАЈ, едино ако пред тоа ништо не ти помага и освен тоа опериран синус никогаш не се враќа НАЗАД.

Прво, како се храниш? Јадеш ли многу млечни производи и скроб? Јадеш ли многу слатки храни?

Пиеш ли многу газирани сокови и дали јадеш буреци и фаст фуд?

Колку често се разболуваш во годината, колку време ти траат инфекциите и настинките и во каква форма си генерално (синусите на страна).

Што мерки си превзел досега за синусите и кои симптоми ги имаш?

Напиши нешто повеќе околу ова за да можеме евентуално да ти помогнеме со совет.
Спортиста сум,така да таквите храни,газирани сокови не ги ставам во уста...досега сум пиел секакви апчиња што ми ги давале,и тоа од приватни ординации,ништо не помагало..примав и инекции,ништо.Исто и со пареа се иам праено мн пати,и со едно како да дишеш,незнам како се вика,ко у болница кога ти ставаат на носот како маска,ни тоа не ми помогна,ниту пешачење на сонце,така ми рекоа,помагало.Денес идам у солена соба,али и тие од таму ми рекоа нема да ти ги излечи,али ќе ти биде подобро...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Најбитното не ми кажа дали јадеш млечни производи и колку и дали јадеш слатки храни?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Најбитното не ми кажа дали јадеш млечни производи и колку и дали јадеш слатки храни?
Млечни не јадам многу,млеко пијам многу,али од останатото,само сирење,и тоа ретко...слатки јадам еднашка у неделата,едно марс или сникерс...и моментално ставам едни капки MARISOL али не помаѓаат многу,првите 5-10 минути само,после пак исто...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Млечни не јадам многу,млеко пијам многу,али од останатото,само сирење,и тоа ретко...слатки јадам еднашка у неделата,едно марс или сникерс...и моментално ставам едни капки MARISOL али не помаѓаат многу,првите 5-10 минути само,после пак исто...
Плавото и црвеното се оксиморон. Млеко ќе укинеш комплетно и сите други млечни производи вклучувајќи павлаки и сирења. Слатко со бел шеќер укини исто така и на ваква диета ќе бидеш најмалку 4 месеци за да ти престане стварање слуз во организмот. Тестенини и леб исто ќе намалиш, што помалку толку подобро.

Почни да ги плакнеш синусите со солена вода два пати на ден и земи некој препарат за качување имунитет ко Есперидокс на пример или некои лековити габи (ги има како комплекс од 5 во капсула). Почни да пиеш чајови за имунитет.

Со ваков режим би требало за 6 месеци да имаш подобрување и ако не ти се ептен уништени синусите (слузокожата внатре) можно е веќе да не ти треба операција.

Види какви ти се крајниците, ако често ти гнојат имаш таму жариште и ќе мораш и со нив да се позабавиш. Исто види и во каква состојба ти се забите, да не имаш некој заостанат процес. Додатно на се ова консултирај добар хомеопат да ти даде нешто за имунитет. Позз
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Знам еден колега што имаше проблеми со синусите порано, сега вели дека нема ништо.
Сум чул дека и на други луѓе им помогнало.
Значи терапијата (ако може така да кажам) е следна:
Се прави една платнена торбичка, големина колку стисок од рака (да може комотно да стои на челото или на лицето).
Се грее едра сол (значи не ситна, едра), на колку што е можно повисок температура, т.е индивидуално секој колку што може да издржи, а да не се изгори.
Се става солта во вреќичката и се става на лицето или челото во зависност каде се синусите и се чува се додека е топло.
Многу е битно оваа терапија да се повторува колку што е можно почесто, најмалку неколку месеци, и во периодите кога се практикува никако да не се излегува надвор на ладно.
Кој може и сака да проба, нема што да загуби. Само ќе повторам што е можно почесто да се практикува истото и да не се излегува надвор после греењето со солта.
А како да ја загреам солта и колку често да ја менувам?
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Ќе си земиш во аптека Aqua Maris Strong или појди на специјалист и сигурно ќе ти препишат вообичаено Flixonase спреј за нос , така да кога времето заладува не се прај фраер и да шеташ без капа и слични вообичаени зимски потребни облеки ( не заборавај ги правилата за ефективно штитење на синусите како пиење чај , дишење на пареа како на пример камилица и обратно да не пиеш сокови кои содржат јаглерод диоксид итн ) .
^^Еве ви добар совет. Јас практикувам Flixonase и Aqua Maris и ми помагаат. Преку зима секој ден шприцам и ми ги смалуваат проблемите. Инаку проблем со синусите имам ради алергија. Само преку лето сум раат. Е сеа јас не се разбирам ама од што сум слушнал ова Flixonase мислам дека е кортикостероид (можда и не се пишува вака :D) и наводно штетно било за долготрајна употреба.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Моја тивка мака веќе 13 години.

Пробано е со куп антибиотици, морска вода, терапии со тревки и вода од лејка (тиква), ама ништо.
Верно се дружиме од септември до мај.

Сега ќе ја испрочитам цела тема да видам што чаре можам да пробам.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451

Параназални синуси се шуплини во коските на главата обложени со лигавица. Во одредени случаи, при настинка кога е воспалена лигавицата на носот и има зголемено лачење на секрет, настанува затнување на тесните отвори со кои синусите комуницираат со носната шуплина и практично има затнување на синусот и заробување на секретот во самиот синус.



Ова затнување ги дава симптомите на синузит. Синозитот е многу често заболување и најчесто сите го добиваат во текот на животот, само што има неспецифични симптоми па често останува неоткриен.

Па според тоа што се работи за воспаление на лигавицата, и терапијата е насочена кон намалување на воспалението.

Значи,како прво: НЕ МОЖЕШ ДА ПЛАКНЕШ СИНУСИ.
Како второ: НЕ МОЖЕШ ДА ВАДИШ СИНУСИ.

Понатаму, храната нема битно влијание врз воспалението, така да не треба посебен режим и исфрлање на некои производи од исхраната. Не знам од каде е таа идеа дека млечните производи би го влошиле синузитот, прв пат слушам такво нешто а синузит имам веќе десетина години, заедно со алергичен ринитис.

Што се однесува до терапијата...оперативно? Имунотерапија?
Синузитот е состојба еднаква на настинка по сериозност и симптоми и не знам зошто толку драстично се размислува за ваква состојба. Тоа е како да речеш: „Ме боли стомак, дали мислите дека треба да го извадам слепото црево?''

Не знам каде прочитав оперил низ постовиве. Оперил и Едил имаат иста фармаколошка супстанца - оксиметазолин. Оваа делува многу поволно врз синузитот ама во пропишани количини (некаде до три недели редовна употреба). Во поголеми од овие количини само ја влошува состојбата на долгорочен план.

И честите и хронични инфекции на синузит се најчесто поради неправилно лекување. Болните не се приджуваат до терапија, докторите препишуваат лекови без да ја знаат причината за болеста и после сите кукаат како тоа не можело да се излечи па си прават сами на себе штета со тоа што сметаат дека некоја порадикална терапија ќе им помогне.

За навистина да се оттарасаш од синузит прво треба да направиш брис. Со брисот прават и антибиограм па ќе видат кој лек најмногу делува на таа бактерија и ќе ти го препишат тој лек. Потоа лек не се пие, 3-4 дена, подобро ми е па ај ќе прекинам. Треба да се испие цела терапија како што е препишана. Од конзервативна терапија зрачење со ламба, тоа што е пишано погоре со морската сол е доста добро, само ја загреваш на шпорет солта и ја ставаш во шамивче или што и да е, и ја ставаш потоа на синусите додека не се олади. И така неколку пати дневно.Инхалации, пиење многу ама мноооогу течности и употреба на спреови како што се марисол или фликсоназе. Ако имаш алергија и сметаш дека и тоа има некаква улога во затнувањето на носот добро е да земаш лоратадин, бар во тој период од годината кога имаш најмногу проблеми.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Ај и јас да додадам нешто, бидејќи децата ги носам кај Проф. д-р Марија Христова специјалист по педијатрија и пулмо-алерголог, можам да ви го кажам следново, за синузит, ринитис и слични воспаленија на дишните органи вклучувајки и алергиските (што се најголем причинител на тие проблеми)
За да не се бутате со хормони наместо фликсоназето ќе земете Назалезе многу е побезбедно, тоа е во вид на прав во шишенце како од капки за нос, мешавина од алое вера со морска сол и ред други помошни супстанци, марисол или синомарин, и обавезно Ацидосалус, тоа оди како последен во целата оваа терапија, а има цел да ја заштити целата слуз на носот и грлото, доколку вашиот секрет од носот и грлото има некаква боја како жолто или зелена, земате мешавина од капките Оперил со антибиотик и исто алое, јас успешно ги средив проблемите на керќа ми со оваа терапија затоа и ја споделувам со вас се со надеж дека ќе ви е од корист.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
А како да ја загреам солта и колку често да ја менувам?
Па можеш да ја загреваш во метална чаша на пример, ако не се лажам после 2 загревања би требало да се смени (не сум сигурен за ова)
Инаку можеш ова да го комбинираш со другите совети што ги даваат членовите овде, се надевам ќе ти помогне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom