Што е синузитис?
Синузитис е инфекција или воспаление на мембраната од синусните шуплини. Тоа се празните простори во вашите образи и околу очите. Синусните инфекции често доаѓаат како последица на настинка и предизвикуваат болка и притисок во вашата глава и лицето.
Кои се причините за синузитис?
Синузитисот може да биде предизвикан од три нешта:
Истите вируси кои ја предизвикуваат општата настинка се причина за повеќето случаи за синузитис.
Настинката никој не ја смета за сериозно заболување и затоа повеќето луѓе не и обрнуваат внимание. Но, помеѓу баналното течење нос и воспаление на синусите постои сосема тенка граница, бидејќи и лесната кивавица може да ги зафати синусите.
При воспаление доаѓа до отекување на слузокожата, отворите помеѓу шуплините се запушуваат и во синусите почнува да се собира слуз, која претставува погодно тло за размножување на бактерии. Така, во тие отвори започнува гнојно воспаление - синузитис. Обично баналната настинка преминува во акутен синузитис за 5-7 дена после почетокот на болеста.
Бактериските или габни инфекции можат да предизвикаат уште поголем оток и болка. Тие се со поголема веројатност да траат подолго време, да се влошат со тек на времето и да станат хронични.
Носните алергии или другите проблеми кои ги блокираат носните празнини и дозволуваат течностите да се затврднат во синусите можат да водат до синузитис.
Кои се симптомите?
Главните симптоми на синузитис се течење или затнат нос и болка и притисок во вашата глава (која се интензивира при промена на позицијата на главата) и лицето. Вие исто така можно е да имате жолт или зеленкаст секрет при течење од носот или надолу од задната страна на вашето грло (пост-носно лачење). Каде ќе ја почувствувате болката зависи од тоа кој синус е заболен.
Сличните симптоми на синузитис можат да вклучат:
- Главоболка
- Лош здив
- Кашлица која предизвикува слуз
- Треска
- Намалено чувство на вкус или мирис.
Симптоми во зависност од местото на синузитис:
Фронтален синузитис предизвикува болка во челото, слепоочницата, помеѓу очите и образите. Понекогаш болката се интензивира и при движење на очите или силна светлина.
Ако се зафатени шуплините во горната вилица, под очите, станува збор за
максиларен синузитис.
Неретко лекарите констатираат воспаление на мекото ткиво помеѓу очите и тоа е
етмоидален синузитис кој предизвикува непријатност на лицето и силна главоболка која се зголемува кога ќе се затворат очите.
Ризикот за да една особа заболи од синузитис расте доколку постојат аномалии во носната шуплина: крива носна преграда, бенигни полипи или тесна синусна празнина.
Како се дијагностицира синузитисот?
Вашиот доктор може да ви каже дали имате синузитис со поставување прашања и секако рендгенска снимка од оболеното подрачје.
На снимките точно се гледа колку слузокожата е зафатена со воспалителниот процес.
Како се третира?
Многу е значајно пациентите да знаат дека лечењето на синузитис со разни билни средства , без антибиотици, претставува невозможна мисија.
Неопходно е да се користат капки кои служат за спречување на прекумерно лачење на секрет од нос, стегање на ситните крвни садови и смирување за отокот на слузокожата, како би се овозможило непречен проток на воздух и олеснето дишење на заболените.
Олеснување е доколку го испирате носот со антисептички раствор. Добро е да знаете дека овие капки (назални деконгестиви) не влијаат на болеста синузитис, туку само ги ублажуваат непријатните симптоми и овозможуваат олеснување при лечењето.
Внимавајте да не претерате со капките или спрејчињата за нос бидејќи може да ви се влоши состојбата. Некои препарати може да се користат најмногу 5 дена бидејќи после тој период се ствара навика, а потоа и кивавица предизвикана од лекови, која ни малку не е лесно да се излечи.
Кај доенчиња и мали деца примена на гореспоменатите капки/спрејчиња не е дозволена, затоа што може да има штетни последици. На нив најмногу би им помогнал физиолошки раствор или стерилизирана морска вода, како и капки од бел слез.
За да ги ублажите симптомите на синузитис, пожелно е да пиете и многу течности, да дишете топол, влажен воздух од туш со пареа, топла бања или пак да ставете топла облога (морска загреана сол, ставена во крпа) на лицето од 5 до 10 минути по сесија, неколку пати на ден.
Домашните третмани можат да помогнат да го отстранете слузот од синусите и да ги спречите посериозните бактериски и габични инфекции.
Бактериските инфекции можат да се третираат со антибиотици. Вие веројатно ќе се чувствувате подобро за неколку дена, но некои симптоми можат да траат и до неколку седмици. Можно е да ви е потребен лек за подолго време ако имате имате хроничен синузитис.
Ако имате габична инфекција- што не е секојдевна- антибиотиците нема да го расчистат синузитисот. Со овој тип на инфекција ќе ви е потребен третман со антигабични лекови, стероид лекови или операција.
Синузитисот може да биде акутен (ненадеен) или хроничен (долготраен). Ако симптомите траат подолго од три недели, тој е хронично воспаление. Причината е обично бактериска инфекција (пнеумокока или стрептокока бактерија) или пак габична инфекција. Хроничен синузитис се случува кога несоодветно е третирани акутниот синузитис. Тоа е многу посериозно воспаленио отколку акутниот синузитис, а предизвикано е од бактерии кои имунолошкиот систем не е во можност да ги совлада. Треба да се нагласи дека причината може да бидат и алергии.
Компликации
'рчење, крварење од нос, проблеми со видот, хронична главоболка или мигрена, неможност за физичка активност поради потешкотии при дишењето.
АКУТЕН СИНУЗИТИС (акутно воспаление на синусите)
Постојат 4 сетови на т.н.параназални синуси и тоа :
- два фронтални (челни) синуси, сместени во челото, над очите
- два максиларни (вилични), се наоѓаат во горната вилица
- етмоидален синус, изграден од 18 до 22 ситни шуплини, се наоѓа зад носот
- сфеноидален синус, лоциран зад носот и под мозокот.
Синусите се како отпечатоците од прстите, кај секој човек се различни. Во внатрешноста на синусите, поточно во нивната слузница се наоѓаат трепки (цилии) кои помагаат во движењето на мукусот (секрет), кој се создава во нив, кон излез, односно кон носот. Сите синуси се поврзани со носот и меѓусебно вршат размена на воздух и мукус. Разни причинители на инфекции и алергии можат да доведат до промени на нивната слузница придружено со оток и црвенило (воспаление) или скратено, состојба на акутен синузитис. Најчест е максиларен синузитис. Доколку состојбата трае подолго од 12 недели со почести епизоди на појава, се нарекува хроничен синузитис.
Значајна улога во механизмот за појава на оваа состојба има слузницата на носот. Во услови на почетна настинка, алергија, нагли промени во притисокот на воздухот (летање со авион, нуркање и сл.) или друг иританс, слузницата реагира со постепено задебелување и отекување. Овие промени доведуваат до опструкција (затнување) на комуникативните отвори на синусите со што се отежнува нормалната дренажа на мукусот. Во вака блокираните синуси се создава влажна средина која го потпомага одржувањето на воспалението водејќи кон создавање на густ, зелено-жолтеникав секрет кој ги влошува симптомите.
Меѓу најчестите симптоми се вбројуваат :
Отежнато носно дишење (затнат нос), болка во лицето односно осетливост и чувство на притисок околу очите, образите, челото и носот, слевање на зеленожолтеникав секрет низ носот и низ грлото, болка во забите (горна вилица), намален осет за мирис и вкус, кашлица со ноќно влошување.
Други придружни симптоми: болка во уво, главоболка (имитирање на мигренозна болка или почести утрински главоболки), болка во грло, лош здив, треска и малаксаност, болка при движење на очите и др.
Ризик фактори кои претходат на појава на ова заболување се од типот на септална девијација (искривена носна преграда), носни полипи (израстоци), тумори во носот, забни болести, алергија на поленов прав, болести како цистична фиброза, рефлуксна болест или ГЕРБ, намален имунитет и сл.
Компликации: тригерирање (поттикнување) на астма напад, хроничен синузитис, менингитис, проблеми со видот (алармантна состојба), ушна инфекција, нарушено чувство за мирис и вкус.
При преглед кај доктор треба да се наведат сите симптоми кои се искусиле, нивна прва појава, подобрување и влошување, неодамнешна настинка или друга респираторна инфекција, изложеност на иританси во водухот, навики како пушењето, користење на билни препарати, лекови за терапија, докажани алергии и др.
Дијагнозата се поставува врз база на физикален преглед, носно снимање (фибер ендоскопија), рентген снимање, магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, кожни тестови за исклучување или докажување на алергија, лабораториско испитување за откривање на причинител на инфекција (бактерија и сл.)
Во поголем број на случаи, причинител е вирус кој истовремено предизвикува обична настинка каде што не е потребна некоја специфична терапија.
Во олеснување на симптомите се препорачува користење на солени спрејови за апликација во носот, кортикостероиди за во нос кои го намалуваат воспалението (fluticasone, beclomethasone, budesonide, mometasone), деконгестиви (oxymetazoline, phenylephrine) кои се употребуваат само неколку дена, како и препарати кои ги олеснуваат болките (acetylsalicylic acid, paracetamol, ibuprofen и др.)
Антибиотиците се користат единствено при бактериски синузитис (amoxicilline, amoxicilline + clavulanic acid, azithromycin, cefuroxime, trimethoprim-sulfametoxazole и др.)Терапијата обично трае 7-12 дена, меѓутоа треба да се користи правилно до самиот крај и покрај подобрувањето.
Друго: лежење, мирување, пиење на доста течности кои ке го омекнат густиот секрет, правење на инхалации над пареа (нане, босилок, ментол), облоги со топла морска сол врз челото, зрачење со Солукс ламба (задолжително покривање на очите), спиење на повисока перница.