Параназални синуси се шуплини во коските на главата обложени со лигавица. Во одредени случаи, при настинка кога е воспалена лигавицата на носот и има зголемено лачење на секрет, настанува затнување на тесните отвори со кои синусите комуницираат со носната шуплина и практично има затнување на синусот и заробување на секретот во самиот синус.
Ова затнување ги дава симптомите на синузит. Синозитот е многу често заболување и најчесто сите го добиваат во текот на животот, само што има неспецифични симптоми па често останува неоткриен.
Па според тоа што се работи за воспаление на лигавицата, и терапијата е насочена кон намалување на воспалението.
Значи,како прво: НЕ МОЖЕШ ДА ПЛАКНЕШ СИНУСИ.
Како второ: НЕ МОЖЕШ ДА ВАДИШ СИНУСИ.
Понатаму, храната нема битно влијание врз воспалението, така да не треба посебен режим и исфрлање на некои производи од исхраната. Не знам од каде е таа идеа дека млечните производи би го влошиле синузитот, прв пат слушам такво нешто а синузит имам веќе десетина години, заедно со алергичен ринитис.
Што се однесува до терапијата...оперативно? Имунотерапија?
Синузитот е состојба еднаква на настинка по сериозност и симптоми и не знам зошто толку драстично се размислува за ваква состојба. Тоа е како да речеш: „Ме боли стомак, дали мислите дека треба да го извадам слепото црево?''
Не знам каде прочитав оперил низ постовиве. Оперил и Едил имаат иста фармаколошка супстанца - оксиметазолин. Оваа делува многу поволно врз синузитот ама во пропишани количини (некаде до три недели редовна употреба). Во поголеми од овие количини само ја влошува состојбата на долгорочен план.
И честите и хронични инфекции на синузит се најчесто поради неправилно лекување. Болните не се приджуваат до терапија, докторите препишуваат лекови без да ја знаат причината за болеста и после сите кукаат како тоа не можело да се излечи па си прават сами на себе штета со тоа што сметаат дека некоја порадикална терапија ќе им помогне.
За навистина да се оттарасаш од синузит прво треба да направиш брис. Со брисот прават и антибиограм па ќе видат кој лек најмногу делува на таа бактерија и ќе ти го препишат тој лек. Потоа лек не се пие, 3-4 дена, подобро ми е па ај ќе прекинам. Треба да се испие цела терапија како што е препишана. Од конзервативна терапија зрачење со ламба, тоа што е пишано погоре со морската сол е доста добро, само ја загреваш на шпорет солта и ја ставаш во шамивче или што и да е, и ја ставаш потоа на синусите додека не се олади. И така неколку пати дневно.Инхалации, пиење многу ама мноооогу течности и употреба на спреови како што се марисол или фликсоназе. Ако имаш алергија и сметаш дека и тоа има некаква улога во затнувањето на носот добро е да земаш лоратадин, бар во тој период од годината кога имаш најмногу проблеми.