Шо муабет е ова бе, не го разбирам некако... 1.2 мотор 200 развива, ако се лажиме.
Стабилна... шојма врска плинот со стабилноста, неможам да сватам.
Безбедна... лично јас имам видено паркирано возило со плински уред, беше прегазено од огромен багер. Освен што се отвори боцата, и кај што беше процепот создаде мраз со дебелина од 30 цм (јули месец беше), ништо не се деси. Не џабе се рекло А-тестиран уред. Значи ги поминал сите норми и правила за монтирање и заштита од истекување на гасот при несреќи. Мое мислење е дека плинот во боца е многу посигурен (удари, мал пожар, истекување при превртување) споредено со бензинот. Плимонт ќе образложи нешто повеќе околу тематиката, мада ако возилото го фати голем пожар... и плин и бензин е бомба.
Плинот е гас на кој му се додава одреден мирис за да може да се почувствува доколку дојде до протекување. За разлика од бензинот, при протекување на плин, тој ќе се разреди во атмосферата.
Негативност е тоа што е потежок од воздухот, така да доколку има протекување на гас од возилото, мора да се избегнуваат подрумски простории , простории кај кои има канал и генерално, затворени простории.
Кога се збори за безбедност на плинскиот уред, акцент се става на резервоарот за гас кој се поставува во возилото.
На видеата подоле, од кои едното е во лабораторија на ADAC (веќе сите знеме кој е ADAC), се гледа што се случува со плинскиот резервоар при удар од друго возило и при поголем пожар.
На првото видео:
- на 58sec. од почетокот на видеото се гледа ударот
- на 1min35sec проверка на непропустливост на резервоарот за гас
- 2min10sec - проверка на непропустливост на плинскиот уред во моторниот дел
- 2min35sec предизвикување пожар на возилото
- 3min отварање на сигурносниот вентил на мултивентилот кој е вграден на резервоарот за гас.
Ќе напоменам дека мултивентилот е со 01 хомологација (ECE R67 01), поточно, тој е опремен со „топлив сигурносен вентил“.
На следното видео, на плинскиот резервоар во возилото е вграден мултивентил со 00 хомологација (ECE R67 00) со сигурносен вентил кој отвара на 26 бари , а штом притисокот ќе падне под 24 бари, тој затвара.
Во Македонија на сила е законот по кој се вградува овој тип на мултивентил.
Отворањето и затворањето на сигурносниот вентил се гледа на видеото на 1min30sec. Резервоарот од видеото е холандски тип на резервоар.
Од видеата се гледа дека до експлозија на плинскиот резервоар, неможе да дојде, доколку при вградување на плински уред во возило, се запазат европските норми, кои важат и во Република Македонија.
--- надополнето: Nov 8, 2011 5:25 PM ---
se raboti za audi 80 so 1.6 motor od 89 god
На возило кое поседува мотор со K-Jetronic вбризгување на гориво неможе да му се вгради заштита од повратни детонации доколку се вгради плински уред од постарата генерација (уред кој дозира гориво /плин/ преку плочка /мешач гас-воздух/). Кај овој тип на плински уред, плочката се вградува на почетокот на всисната гранка, со што, самата всисна гранка е полна со мешавина на плин и воздух. Доколку возилото влезе во сиромашна смеша или пак високо напонската инсталација (кабли, свеќици...) не се ,,доволно" исправни, постои голема веројатност да дојде до запалување на плинот во всисната гранка (повратна детонација) и да ја оштети плочата која се наоѓа на К-главата, и која е главен елемент за регулирање на вбризганото гориво (бензин) во моторот. K-Jetronic вбризгување на гориво, се вградуваше кај првите мотори што се појавија како замена на карбураторските мототри. Тоа се релативно стари возила и веќе подолго време ги избегнуваме, Искуствата ни говорат дека од 10 возила, кај 8 се јавува проблемот да откаже да работи на бензин поради повратната детонација, што е голем процент.
Кај моторите кои користат K-jetronic вбризгување на гориво, неможе да се вгради секвентен тип на уред (плински уред со инјектори), кај кои неможе да дојде до повратни детонации. K-Jetronic е аналоген тип на вбризгување на гориво, поточно, бензинските инјектори не ги контролира ECU (електронска централна единица - компјутер).
Совет: Доколку сепак се одлучиш да вградиш плински уред, тоа да го направиш во сервис кој ќе ви гарантира дека возилото ќе продолжи да функционира и на бензински погон, или пак, поради големата веројатност од појава на проблеми, во најблискиот да тебе сервис кој се бави со вградување на плински уреди.
Поздрав