--- надополнето: Nov 4, 2011 3:35 PM ---
Цело време од моево учество на форумов, пишувам за Црквата Христова, но пишувам и за МПЦ-ОА, која е само помесна Црква од македонскиот народ, а не некаква одделна заедница, а се‘ што е надвор од Црквата, слободно може да се самоименува како му е кеифот, вклучувајќи го тука и изразот „црква„. Само Црквата ги има атрибутите за да може да се нарече „црква„ а надвор од Црквата, можат да постојат здруженија за: заштита на животните и растенија, пензионерски здруженија, здруженија на љубители на собирање поштенски марки и сл.
Пред неколку месеци, владиката Методиј (Златанов), во еден свој напис, што можеш да го сметаш и за црковен став од МПЦ, рече дека МПЦ ги исполнува сите канонски услови за да биде автокефална Црква, а како „проблем„ се јавува само името на нашата помесна Црква, што не е црковно-канонски, туку чисто политички проблем. МПЦ е тековно посетувана од црковни високодостојници од другите помесни Цркви (на што сум лично очевидец) и тие веќе имаат изворен увид по реалното постоење на Црква во Македонија, така да проблемот е, како веќе реков, политички а не правно-црковен.