„...
1. Штом е библиски, тогаш треба да е поткрепено од Библијата зарем не?
Повели цитирај ни од Библијата каде тоа е поставен тој начин за оформување нова црква?...„
А ја велам, како одговор, цитирам:
„...Дела Апостолски, глава 19, стихови 1 до 6.
Разбира се, не ми е тешко да претпоставам што ќе коментираш...
..„
Е ајде де, зошто се срамиш да го цитираш текстот? Дали можеби затоа што и самиот знаеш дека воопшто нема допирни точки со прашањето па си велиш „подобро ќе дадам само референца, затоа што и онака никој нема да провери во Библијата и да ме фати во лага“?
Таму воопшто не е поставен начинот за оформување нова црква. Таму апостолите само им објаснуваат на новите верници за и околу Светиот Дух, ги крштеваат во Светиот Дух и ги положуваат рацете за да го примат Духот затоа што со полагање на рацете на апостолите луѓето го примале Светиот Дух.
Но, во Библијата има и примери каде што луѓето го примиле Светиот Дух и БЕЗ ракополагање на апостолите. Еве ти еден пример:
„Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови,
Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото; и се зачудија обрезаните верници, кои дојдоа со Петра, дека и на народите се излеа дарот на Светиот Дух; зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го величаат Бога. Тогаш Петар рече: ”Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие,
кои Го примија Светиот Дух како и ние?”“ (
Дела 10:44-47, Библијата)
Гледаш како јас не се срамам да го цитирам текстот?
Патем, во Библијата никаде не се вели дека и учениците (наследниците) на апостолите имале моќ со полагање на рацете да го предаваат Светиот Дух на нивните ученици, па тие на следните итн. Тоа е католичка измислица, која подоцна си ја наследија и православните (со нивното појавување и отцепување од католичката црква)
Слободно чуди се и понатаму, тоа е личен избор, а на форумов има членови кои ги читаат моите постови и не се смеат на истите, оти не сите членови стојат зад псевдонимот и ликот „Чорбаџија„.
Зарем ти навистина мислиш дека зад сите што се исмеваат со твоите глупости стојам јас? Администраторите можат многу лесно да проверат и докажат доколку сум користел други кориснички имиња (клонови). Прашај ги. Не биди во заблуда. Отрезни се од православните заблуди. Читја ја Библијата и верувај во Христос, зашто пред Него ќе се појавиш на Судниот Ден, а не пред Палама или Григориј Ниски. Тој ќе те праша зошто не ме слушаше мене, а не зошто не го слушаше Палама.
--- надополнето: Nov 4, 2011 10:43 AM ---
Е не твојата ќе да е формирана пред стотина години.
Е не твојата пред оскудни 52 години.