Препорака пред купување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.361
Здраво.Ги гледав следните два апарати

Sony Cyber Shoot W570
Nikon Coolpix S3100

Ме интересира кој од овие два е подобар?Сакам да си купам нова камера па ги меркам овие два.Не се разбирам многу во апарати па ми треба совет да ми каже некој кој е подобар.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Според мене никон се закон како нокиа за мобилни
Де бе човек, не се до толку лоши. Мислам дека во конкуренција на компактни апарати се одма после Sony & Canon. А во професионални се тука негде со Canon.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.923
и CANON е добра особено is3200 и is3300;)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Ај и јас да си прашам нешо.Значит абер немам од фотографирање ама голема желба да научам:icon_lol:Е сега фала Богу апарат ми требит за та работа...И сега се наметнуват фамозното прашање што да купам?Вака ко за почетник шо е најубо?Од пријателчиња и остало знам некои шо имет nikon d3100 и canon EOS 1000D.Дали некои од овие 2 ми вршит работа?И шо пари се?И кај можат да се најдат? Не ми замервете ак имам некои глупости лупано :X3:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.961
Двата апарати се ТоБ. Посебно за почетници ко тебе.
Никонот го имаш во Pix+, SET, Ahoch...
Канонот го имаш во Pix+, Genel, Impegna, TOBACO (поголемите)
Исто така, мислам дека може да се купат и преку Телеком и Уан

Цените во Pix+ се следни:
Canon EOS 1100D kit 18-55 IS + SD 8GB + торба ......... 30.999,00 ден.
Nikon D3100 Kit 18-55mm VR ..........................................31.999,00 ден.

Тоа IS и VR после 18-55 значи стабилизација на слика, или намалување на вибрации. Тие објективи се 2-3 илјади поскапи, ама вреди.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Двата апарати се ТоБ. Посебно за почетници ко тебе.
Никонот го имаш во Pix+, SET, Ahoch...
Канонот го имаш во Pix+, Genel, Impegna, TOBACO (поголемите)
Исто така, мислам дека може да се купат и преку Телеком и Уан

Цените во Pix+ се следни:
Canon EOS 1100D kit 18-55 IS + SD 8GB + торба ......... 30.999,00 ден.
Nikon D3100 Kit 18-55mm VR ..........................................31.999,00 ден.

Тоа IS и VR после 18-55 значи стабилизација на слика, или намалување на вибрации. Тие објективи се 2-3 илјади поскапи, ама вреди.
Да ти кажам право не ми се давет олку многу пари зш мојт да испаднит и да не ме биват или пак да го заџидалам негде да ми поминит кефот пошо таква сум јас малце:icon_lol:Зато се мислам да си земам нешо поевтино ама не знам дали ми се исплаќат...Шо мислиш на примeр за Nikon coolpix l120?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.961
Не мислам ништо за тој апарат затоа што Canon SX 130 IS ми е многу повеќе по ќејф.

И nikon L120 е добро камерче, сепак се работи за личен вкус.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
поздрав до сите љубители на фотографијата :) сакам да купам дигитален апарат со голем оптички зум. се двоумам помеѓу неколку модели:
1. canon sx210 is
2. canon sx220 hs
3. canon sx150 is
ова се модели до кај 15 тина илјади денари.. дали за тие пари можам да најдам нешто подобро од компакт камери или не? дадете и некој друг предлог ако имате на ум.. фала
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.961
За тие пари не. А за тоа кој емѓу овие 3, ќе треба сам да си одлучиш. Види кој какви опции има и што тебе ти треба или не ти треба, и види кој најубаво ти лежи на рака :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
За тие пари не. А за тоа кој емѓу овие 3, ќе треба сам да си одлучиш. Види кој какви опции има и што тебе ти треба или не ти треба, и види кој најубаво ти лежи на рака :)
ако можев сам да се одлучам немаше да прашам овде. :)
до кај 15тина илјади денари влегува во игра и panasonic lumix TZ18.
значи да сумираме:
panasonic lumix TZ18 - 16x оптички зум
canon sx210 - 14x оптички зум
canon sx220 - 14x оптички зум
canon sx150 - 12x оптички зум
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.961
Ммм панасоникчето ми се свиѓа :)
Фокалната должина започнува од 24мм за разлика од каноните кај кои почнува од 28мм.
Брз е (1,9 фрејмови во секунда)
340 фотографии со едно полнење на батеријата... ТоБ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom