Мене ме загрижува Пер, искрено. Некако ми е тромав и некако „споро“ реагира. Не само по овој меч, туку и на предходните. Јас, искрено ви сакал моментално да ги видам Косиелни десно, Пер и Вермален на средина и Сантос лево. Кога ќе се врати Сања пак ќе се прекомбинираме, има време.
Како сакаш речи имаме добра клупа, и сакам Парк да добие поголема минутажа, и по можност уште во вторник против Дортмунд во ЛШ. Артета, кажав и предходно игра многу дефанзивно, не знам зошто, веројатно заради Ремзи, се додека да се врати Џек можно е и да биди така. Но, што е тука е.
И да, пошто секогаш го плукате (ме) денес Венгер направи фантастична работа. Во 2тото полувреме насети дека можеме да направеме нешто повеќе, и тргна храбро напред и се исплатеше. Добро кажа Еду: „Кога ќе добие шанса ќе им стане миленик на навивачите“ - се мисли на Сантос.
Но она на кое сите ќе се сложиме е дека Џуру никако не смее да игра десен бек. Подобро Џенкинсон од колку тој. Мечот со Челзи е веќе минато и мора да се мисли на она што иди. Тоа е Дортмунд во ЛШ и ВБА во ПЛ и двете на Емирати.