Инвестициските фондови

Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Др. Змиго, секогаш постои ризик. Не џабе велам да помине оваа фамозна 2012 и после полесно ќе дишам :)

За инвестициските фондови земам на ум статистика пресметана од претходните 100-тина години, каде што излегува дека имаат добивка од 12% до 15%. Рачунај од тогаш изминале и две светски војни и нормално дека тогаш фондот бил во негатива. Ова што се случува со разниве немири низ светот и природниве катастрофи, сето тоа влијае и на политиката и на економијата, па ми се чини доста влијае и врз фондовите. Добро е што не сум инвестирал тогаш кога велиш дека вредноста на удделите паднала до толку ниско. Кој инвестирал тогаш донекаде се зезнал, бидејќи за да се исплати добивката и да се надмине годишната инфлација, убаво велиш, потребни ќе се 15-тина години за задоволителна добивка. Поентава ми е дека, да, има ризик. Генерално можноста за поголема добивка е еквивалентна на толку поголем ризик.

Токму затоа сум заинтересиран и за сребро, па и некоја паричка во банка (иако мала камата, сепак загарантирана добивка, освен ако не пропадне банката или се случи девалвација). Ете и таму ризикот е неизбежен.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Лани за 12 месеци ИФ *растечки пазари* одстварија раст од 12,8%...... оваа (2011) за 6 месеци скоро толку се во минус (-12,73%).... или што би значело инвеститорите за 1,5 година се на НУЛА!
http://www.anicazna.com/Fondovi.aspx?ID_Drzave=MKD
....Генерално се катастрофа од фондов! Оние што почнале пред година ипол се на *компир*.... Но уште потешко им е на оние што почнале пред 4 години или пред 3 ..... тогаш чинеше 100, а сега вредноста на уделот опасно се приближува на половина (54...) скоро 50% загуба!.... А каде е тука инфлацијата за тој период, па влезните такси, па данокот на добивка за ланските +12,8%.....!?
Ова со фондовите излегува дека е најмизерна инвестиција!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Zdravo forumasi...
Bas vo posledno se interesirav za vlozuvanje vo investiciski fond i dobro sto naidov na temata. Gore dolu gi procitav mislenjata so se na ovaa tema i kako so gledam ovde povekjeto imaat negativni komentari okolu vlozuvanjeto vo investiciski fond (ako ne sum vo pravo neka me popravi nekoj):). Sega i od koga go vidov i linkot sto e pogore za fondovite vo Makedonija i nivniot rast t.e. minus vo poslednite 12 meseci, izgleda deka ne e pametna rabota da vlozuvas vo ovie fondovi. So e ova niedeni fond ne e vo plus vo poslednite 12 meseci:tapp:. Pa koj e budala da investira?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Малку се поправија, со дневен раст од дури +3!!! Но сепак се сеуште во дебела ‘‘була‘‘ за 9 месеци во минус од 16% за година дена -13,5.... Толку беа во плус во 2009... Тоа би збачело доколку во Јануари 2010 си вложил 10,000 Евра, денес скоро по две години имаш 10,000 Евра, но секако ако сакаш да ги извадиш треба да платиш излезна такса, колкава е незнам, но сигурно ќе ти ‘‘мцнат‘‘ 3-4% значи 300 Евра!.... Мртва работа ти е ова со фондовите, ма да серева несто вчера на вести од КД фондови....
Сега ти е многу подобро многу обезвреднети акции
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Имаше некое правило (Еврејско да не беше), кога никој не купува ти купувај, кога сите купуваат ти продавај. Ако немаш некое знаење од економија, не следиш состојба на берзи, акции и сл. а имаш средства би требало да се инвестираат во фондови, барем на Запад многу повеќе се инвестира во фондови во однос на чување на парите како депозити. А светот е сеуште во криза но кризата ќе помине порано или подоцна, и оние што сега вложуваат би профитирале во иднина.
Сепак ваквото вложување секогаш носи ризик и јас сеуште парите ги чувам орочени во банките. Размислувам барем дел да вложам во некој инвестициски фонд.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Не е лошо сега да се инвестира во инвестициони фондови сега. Исто така и метали се паметна работа. Ја ѕирнав стуктурата на на растечки фонд на Илирика. Имаат депозитиви во Еуростандар банка и Акции од IAMGOLD многу добра компанија која има златени рудници. Добро се диверсифицирани но, за мој вкус премногу. Ми изгледаат како конзервативни и стабилни не одат со голем ризик. Во однос на мене јас има 30% од парите во физичко сребро, најлудиот метал. АКо сакаш релативно мал ризик купи си удели. Не е лош момент.
http://www.ilirika.com.mk/fileadmin/user_upload/fond/kvartalni_izvestai/GRP/2011/Kvartalen_izvestaj_ILIRIKA GRP 30.09.2011.pdf
 
Чекај малку Стефус, не ми е јасно нешто....Велиш Илирика вложуваат во златни рудници!? ... златото и рудниците на злато во последниве години отиде горе колку што знам!?.... натаму велиш (ако добро те разбрав) имаат депозити во Еуростандард Банка!? Таму даваат 9,5% годишна камата на поголеми износи.... Е па сега те прашувам: како тоа вредноста на уделот во Илирика на Растечки отиде у п.м. (ама надоле!) малку погоре од Аница Зна дадов линк на кој може да се следат движењата на индексот од растечки, пошто на страната на Илирика тоа неможеш да го видиш одамна, бидејки долго време се во загуба! Значи податоците од Anicazna.hr за Растечкиот на Илирика се: за 6месеци загуба од 13,8%.... за 9 мес. загуба од 16,5%.... за 12 месеци загуба од 13,4%
http://www.anicazna.com/Fondovi.aspx?ID_Drzave=MKD
..... и тоа ке повторам, драстично се поправи по одлуката на ЕУ да и избрише половина долг на Грција, те по растот на другите берзи..... во петокот само дневен раст од цели 3% !!! Инаку пред недела две, загубите на инвеститорите беа многу, многу поголеми! Пред 3-4 недели годишната загуба беше преку 20%, дури во еден период -25!!! Тогаш уделот падна под 47 Денари.... И не само сега, перманентно цела година се во загуба!!!
Да беа навистина средствата на инвеститорите навистина инвестирани во ‘‘златни рудници‘‘ или како депозити .... ќе беше сосема обратно! Приходите ќе беа во плус од 13-20%, а вака!? Тешка ‘‘була‘‘ !.... ќе повторам на загубата од 13-20 и кусур, додај и такса за влез-излез од 4-5% (ова како бонус) и ќе излезеш со 20-25% минус!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Малку оффтопик, ама дали може некој, да ми го објасни 401к системот од УСА и дали постои таков еквивалентен во УК?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Чекај малку Стефус, не ми е јасно нешто.... златото и рудниците на злато во последниве години отиде (горе) у пм.... натаму велиш (ако добро те разбрав) имаат депозити во Еуростандард Банка!? Таму даваат 9,5% годишна камата на поголеми износи.... Е па сега те прашувам: како тоа вредноста на уделот во Илирика на Растечки отиде у п.м. (ама надоле!) малку погоре од Аница Зна дадов линк на кој може да се следат движењата на индексот од растечки, пошто на страната на Илирика тоа неможеш да го видиш одамна, бидејки долго време се во загуба! Значи податоците од Anicazna.hr за Растечкиот на Илирика се: за 6месеци загуба од 13,8%.... за 9 мес. загуба од 16,5%.... за 12 месеци загуба од 13,4% ..... и тоа ке повторам, драстично се поправи по одлуката на ЕУ да и избрише половина долг на Грција, те по растот на другите берзи..... во петокот само дневен раст од цели 3% !!! Инаку пред недела две, загубите на инвеститорите беа многу, многу поголеми! Пред 3-4 недели годишната загуба беше преку 20%, дури во еден период -25!!! Тогаш уделот падна под 47 Денари.... И не само сега, перманентно цела година се во загуба!!!
Да беа навистина средствата на инвеститорите навистина инвестирани во злато или како депозити .... ќе беше сосема обратно! Приходите ќе беа во плус од 13-20%, а вака!? Тешка ‘‘була‘‘ !.... ќе повторам на загубата од 13-20 и кусур, додај и такса за влез-излез од 4-5% (ова како бонус) и ќе излезеш со 20-25% минус!
Maлку каша попара си ја направил работата. Причина зошто уделите не рипнаа 3-4% и е дека имаат депозити. Тие го влечат растот надоле. Друго растот во последниот месец е на Америчката и Европската берза. Илирка има акции во БРИК незнам колку се рипнати таму акциите. Да имаа раст ќе се пофалеа. Во право си за влезните провизии доста големи им се. Јас не сакам да инвестирам во фонд бидејќи имаат премногу акции и не верувам многу во нив повеќе сум со метали и депозити мислам дека така повеќе пари ќе се направат. Но, на краток и среден рок очекувам раст на акциите така да не е лошо да се инвестира во фонд. Имаат доста депозити кој им ги ублажуваат осцилациите горе доле а имаат и купено добри акции. Инвестицоните фондови ќе растат. 2008 и 2011 беа лоши години. Кога ќе удриш есап 2009 2010 беа добри години уделите им се горе 15-25%. Ако влезеш во добар момент и излезеш најверојатно ќе извадиш повеќе пари од депозит. Ама не многу. Има ризик но, ризиокот е помал од сам да си играш со акции или метали стоки итн. Фондовите годинава се во минус. За следната сум пооптимиста. Ќе има раст.
Јас лично не би инвестирал во фонд но, за некој кој нема многу (не дека јас имам премногу) познавања и не сака ризик во однос на депозити се некст бест тинг.
Јас не инвестирам во фонд бидејќи
1. Не верувам многу во акции
2. Сакам поголем ризик
3. Провизиите им се високи (релативно е ова)
Ама за некој кој сака малку ризик и не сака да се замара со тракашки и следење на дестина параметри исто времно се добара опција. За се си има место и капаче за секое лонче.
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:52 PM ---
Малку оффтопик, ама дали може некој, да ми го објасни 401к системот од УСА и дали постои таков еквивалентен во УК?
Во основа 401к е неоданичена штедна книшка. Причината зошто е популарна е дека парите не се оданочени. Ставаш пари пред да ти ги одбијата даноците. Тоа е вид на штедење за пензионирање. Кога ќе се пензионираш може да земаш пари од таа сметка.
Во Британија е ова
http://en.wikipedia.org/wiki/Pension_provision_in_the_United_Kingdom
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ма каков БРИК, следи ги Европските берзи (особено Словенечката) и следи го движењето на уделот во ‘‘растечките‘‘ во Илирика! Сеуште сум на мислење дека немаат веза со Азиските берзи! Ако растечките се перманентно цела година во загуба од 15-25% тоа значи дека берзите на Бразил Русиа Индиа и Кина се во загуби од толку? Смешно! Ако руските се даун, па не се останатите три!? Од каде загуба тогаш во ‘‘растечките‘‘??? Нели велиш дека вложуваат во добра компанија ИАМГОЛД (златни рудници)!? Не ми одговори зошто остваруваат загуби? Добро заклучи дека 2008 и 2011 се во големи загуби? А кој беше тие години во криза? Индија и Кина? Или Бразил можеби? :)
 
Растечки економии а не, растечи берзи има разлика. Да беа Европа и САД. И тоа исто така ме одваќа од фондот да беше Еуро или САД подобро ќе беше. Обично САД го следат сите ама нема гаранција. Погледни го ИАМГОЛД во 2008 бил 2,5 долари сега е 22!. Но, ИАМГОЛД е само 3% од фондот ништо.Злато е само 5%!. Прочитај убаво како им се дистрибуирани парите. Има 32% валути и депозити. Тие раста макс со 9%. Остатокот им се банки 13%,финансиски услуги 9%, автомобили 6% итн сите се во дебел минус посебно банките. Банките се катастофа. ВО предов во 2009-2010 фондот растел само благоарените на златоото и ИАМГОЛД. Другите биле на нула сега се паднати и фондот им паднал. Каша попара им се купиле се живо и диво и нема голем раст. Преголема дивесификација е тоа.
http://finance.yahoo.com/echarts?s=IAG Interactive#chart4:symbol=iag;range=5y;indicator=sma(50,100,200) volume macd;charttype=line;crosshair=on;ohlcvalues=0;logscale=on;source=undefined
Им ги разгледав акците со најголем процент сите горе доле растел во 2009-2010. Сега во 2011 главно се рамни или паднати. Дали ќе раста пак тешко е да се каже но не очекувам 2009 да се повори во 2008 беа многу паднати.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Според муабетов што ве пратам, диверзификација=сигурност, униформност=ризик?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Според муабетов што ве пратам, диверзификација=сигурност, униформност=ризик?
Да, токму тоа е диверзификација, разводнување на капиталот, те распределба на ризикот (као кинеската лови риба во повеќе реки, или нашата ставај ги јајцата во повеќе кошнички) - вложуваат во високоризични инвестиции (берзи на БРИК, рудници... бла,бла....) , вложуваат во сигурни инвестиции како хартии од вредност , депозити.... и ооооп ‘‘бруто за нето‘‘ минус 15-20% годишно! Јака диверзификација!!! Сигурност? НЕМА!!! тоа е сигурно... диверзификација не е сигурност, туку смалување на ризикот, или по нашки би рекле лешперење! :)
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да, токму тоа е диверзификација, разводнување на капиталот, те распределба на ризикот (као кинеската лови риба во повеќе реки, или нашата ставај ги јајцата во повеќе кошнички) - вложуваат во високоризични инвестиции (берзи на БРИК, рудници... бла,бла....) , вложуваат во сигурни инвестиции како хартии од вредност , депозити.... и ооооп ‘‘бруто за нето‘‘ минус 15-20% годишно! Јака диверзификација!!! Сигурност? НЕМА!!! тоа е сигурно... диверзификација не е сигурност, туку смалување на ризикот, или по нашки би рекле лешперење! :)
Значи ако фондовите остваруваат раст помал од каматата која ја добивам во банките, какви се тие фондови? (Може ви го разводнав муабетов,sry.)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Шо сте се фатиле за акции кај нас нема фирма како Гоогле па да инвестирате во нив ,тие во МК се тотално несигурна работа затоа бегајте од акции како од жив ѓаол.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom