Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Па дај не зезај стај се на ethernet ти викам уште од кога.
Вака не може да ти качи повеќе од 5.5Mbps bottleneck-от е USB мрежниот интерфејс и комуникацијата со него.

Технички:
- Да.
Ако си од ист реон, можеш на пример да го позајмиш модемот од комшијата (ако си се договорил со него на пример) и да го штекнеш кај тебе [освен ако ти немаат ставено физички некој фрекфенциски филтер на крајниот кабел од бандера до кај тебе па да не можеш воопшто модем да ставиш].
Значи технички може само за интернетот.

Правно:
- Не.
Но правно, според договорот, немаш дозвола да правиш измени во поставената кабелска структура.
Исто така немаш дозвола да ставиш 2 модеми на еден КТВ приклучок.
Мора да имаш 2 посебни КТВ приклучоци кои што ќе се водат на различно име и преферирано различна адреса.
Понатаму, мислам дека не смееш да го продаваш интернетот исто така, а менување на модем со комшија на некој начин е продавање интернет пошто сигурно за пари ќе се согласи комшијата, а тоа доколку е откриенто би му направило проблем и на него.

Значи - не.

Значи од внатре извори што дознав пред некој период ај што мрежата им е преоптеретена туку некои фаци изгледа правеле вакви финти и сега контролите им се заострени то ест филтрирање на фреквенции.Поради тоа таа финта неверувам дека ќе работи.Можеби ако најде модем од некој што е во ист влез или иста бандера...
 
Фала на одговорот, истото ми го кажаа и од таму. Проблемот ми беше што брзината ми ја намалија заради надминување на сообраќајот, и прво ми рекоа дека цел остаток од месецов ќе треба да бидам на Шиткабел место телекабел, а за да сменам пакет мора да помине цел месец, па да потпишам нов договор за наредниот месец. За мене тоа не беше решение, па морав пак да се јавам, и да бидам поупорен (за среќа успешно, пошто сум спремен да платам, само да го стиснат СпидАп дугмето, а за нив повеќе пари месецов, што е Win-Win ситуација).

Сега нема потреба од план Б (смена на модем) и план Ц (крадење на вајерлесс од комшијата што нема ВЕП и ВПА, како и сменета стандардна шифра на админот рутерот :pipi:)

Според оние правила што последно ги знам од Телекабел (не знам, во меѓувреме можеби имало измени), промена на пакет се прави на наплатен пункт или во дирекцијата со писмено барање и лична карта во последните 3 дена од календарскиот месец.
Сепак добро е што ти пуштиле.
 
Да, така ми рекоа (само на крај од месец нов пакет), ама по неколку повици од моја страна, прашаа во Штип, и пуштија дента од кога потпишав барање, со датум на важење од дента на потпишано, и попладнето веќе имав подобар интернет. Е сега, за обратна промена (од повисок кон понизок) не знам, можда за тоа уште важи правилото 3 дена пред наредниот месец :)
 
Пред една недела признаа од техничка од Скопје дека им била оптоварена мрежата во мој регион (Козле) подолго време, а денеска ми рекоа дека решен бил проблемот со оптовареноста, а кај мене сеуште исто лајно како и од август наваму.

Им напишав писмен приговор пред една недела, имаат уште 7 дена да ми одговорат. Ако не вратат до тогаш, идам во АЕК со копијата од приговорот, снимени разговори и сметка колку пати сум им вртел месециве, па ќе видиме што ќе направат од АЕК.
А без разлика што ќе бидне, од мене ни рѓосан денар нема да добијат лајнава за периодов од август до денес. Од понеделник макс.
 
Па дај не зезај стај се на ethernet ти викам уште од кога.
Вака не може да ти качи повеќе од 5.5Mbps bottleneck-от е USB мрежниот интерфејс и комуникацијата со него.

а дали пак ќе имам на 3 те писиа различни ИП ако сум на ethernet? значи ако земам свич

и баш овој месец ми требаше голема брзина оти до 15 ти бев блиску до посраниот лимит и за преостанатите 15 дена гарант ќе ги надминев и ќе платев 1200-1300 ден (и тоа со штедење колку толку) па си реков да удрам на трошење и не знам веќе шо да вадам повеќе - т.е знам - порничи ама до сега имам 15-20 гб (и доста ми се оти ќе полудам) а да имав брзина колку овие од кејблтел со 4-5 мб да спуштам и ФЛЕТ лесно ќе беше,1 или 2 блу реј филма дневно.....

не знам кога последен пат имам платено 1500 ден (лани или преклани можи) и не знам кога пак ќе платам 1500 за флет оти едноставно не вреди а и скапо е со оглед на понудите од кејблтел

п.с за инает имам пуштено цел ден веб макс тв (за да трошам намерно) само некогаш вели се вчитува и не знам дали троши тогаш

15-20 гб во денот одат како ништо еднаш само потрошив 30 гб (со се торенти и веб макс тв) ама и со торентите претеравме дома тој ден

п.с абе дај нека влезат и други блгарски оператори а не само кејблтел оти не се живеј вака и хардот го ебав сега (го потрошив) а не ми се бришат со мака спуштените торенти е сега за да испразнам ќе ми требаат полно ДВД-а

нека оди се у .......
 
Абе овие ептен го дрват да му се сневиди! DOCSIS 3.0 за некои 2 години ќе бидне?
 
Абе овие ептен го дрват да му се сневиди! DOCSIS 3.0 за некои 2 години ќе бидне?

Многу си упорен со тој DOCSIS 3.0.Нема да имаш никаков бенефит од тоа освен ако не си на HyperSpace пакетот од 3000 денари.Обичните корисници немаат никаков бенефит од тој систем.
 
Многу си упорен со тој DOCSIS 3.0.Нема да имаш никаков бенефит од тоа освен ако не си на HyperSpace пакетот од 3000 денари.Обичните корисници немаат никаков бенефит од тој систем.

ова и не е баш точно бидејки кога имаат активно повеќе дл или ул канали помала е можноста да имаш загушување ... главна причина за адаптација на доксис 3 е веројатно во фактот што бара нова опрема кај крајниот корисник која во досегашните услуво е поскапа и делумно паѓа на товар на корисникот плус тука е и комбинацијата на пакетот за кој има телефонија ...
сепак со последниве интервенции на терен во инфраструктурата ќе почнат да се осеќаат разлики и растеретеност и без доксис 3...
 
Многу си упорен со тој DOCSIS 3.0.Нема да имаш никаков бенефит од тоа освен ако не си на HyperSpace пакетот од 3000 денари.Обичните корисници немаат никаков бенефит од тој систем.
Јас добив информација од техничка поддршка дека за користење на DOCSIS 3.0 ќе треба само да го сменам модемот односно да го фрлам Motorola-ва и да земам некој од тие 2-та Thomson модеми.
 
Јас добив информација од техничка поддршка дека за користење на DOCSIS 3.0 ќе треба само да го сменам модемот односно да го фрлам Motorola-ва и да земам некој од тие 2-та Thomson модеми.

Незнам колку ти е исплатливо за 50 гига да дадеш 5000 денари за модем.Едноставно за сегашните пакети невреди ништо да доплаќаш.На Кејблтел да земеш пакет со 50мбпс(тој што е 2000 денари),модемот со DOCSIS 3.0(таму каде нема оптика) е целосно бесплатен.Кај Телекабел се плаќа.Реално гледано за 8мбпс сегашната брзина не ти треба таков модем.Сегашните модеми ја вршат работата.И самиот DOCSIS 3.0 е замислен за брзини поголеми од 20мбпс а не за помали.Едиствено,според мене ќе ти се исплати да земеш таков модем ако ги направат пакетите со неограничен интернет или барем 500гига.Така барем модемот ќе ти биде искористен за стабилност при симнување,стримање и слично но се сомневам дека наскоро ќе има измени во пакетите.Што се однесува за конекцијата можам да кажам дека имам доста стабилна конекција.Брзината одамна ми нема опадната.Да чукнам во дрво,се надевам така ќе остане
 
и правиш договор со кејблтел едно 24 месеци па после коге ќе почне да смрди како што еден куп луѓе по форум и твитер се жалат ќе бараш разводи ...

и да ... темава е за телекабел има друга за кејблтел па нека не се оди непотребно оф-топик ...
 
Не е офтопик туку компарација.Постои разлика

@Boomerang
Еве ти солиден модем ако решиш да купиш некаде од страна.Другар си донесе од Америка и сега овој го користи.Една од работите што Телекабел ти дава е да користиш сопствена опрема(Ако е компактибилна со нивните системи).
http://www.amazon.com/Motorola-SB61...2FPE/ref=sr_1_1?ie=UTF8&qid=1319895695&sr=8-1
 
и правиш договор со кејблтел едно 24 месеци па после коге ќе почне да смрди како што еден куп луѓе по форум и твитер се жалат ќе бараш разводи ...

и да ... темава е за телекабел има друга за кејблтел па нека не се оди непотребно оф-топик ...

И да почне да му смрди на некој, пак ќе биде задоволен со 500 гига и 10 мегабита за 700 ден.
А телекабел СМРДИ веќе 3 месеци со 50 гига (од кои 30 ти ги крадат), 1 мегабит и 300 пинг до гугл за 850. Не знам по кој форуми гледаш ти ама јас на форумов од кајгана гледам дупло повеќе постови на тој за Cabletel отколку на овој и 90 посто задоволни корисници има таму.

А назад кон топикот:
Не сум платил за интернетот од ТК од август до денес и не ми го исклучиле се уште. Излгеда твоите колеги се мислат што да ми одговорат на приговорот или не смеат да ме исклучат дури не ми одговорат, а тоа не го направиле веќе 12 дена. Уште 3 дена и ќе се си го носам случајот со сите докази преку АЕК.
 
Според мене, најдобро е да ти е се подмирено за да не можат Телекабел да се вадат дека не си плаќал како што треба. Но како и да е, за претходно дефинираните пакети и нивото на спроведена услуга кај тебе (земајки го во обзир и периодот кога си плаќал а тие не ја спровеле соодветно услугата - тоа и те натерало да ги забаталиш) не сум сигурен дека таква ситуација би се случила или би била корисна за Телекабел, но сепак сигурно си е сигурно.
 
Тоа што Телекабел не те исклучил е можеби причината што ти ја наведе.Во секој случај пред да се жалиш на АЕК треба да имаш во предвид дека ти и по договор си врзан да плажаш месечно за да Телекабел од друга страна те обезбеди со услуга.Што значи технички пари на рака мома за рака.Ти можеш да објасниш зошто не си плаќал и ќе биде земено во предвид тоа но од друга страна Телекабел може да каже дека ти не си плаќал редовно но тие дека многу ги сакаат корисниците не те изгасиле.Во секој случај нема да кажат,ние неможеме да обезбедиме саглам брзина па ајде нека сурфа беспари.Секако ти го задржуваш правото да неплаќаш поради лоша услуга,АЕК ќе види какви чекори треба да се преземат.Во овој случај 50:50 имаш шанси ти и Телекабел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom