Violent Femme
I am as lovely as a dream in stone..
- Член од
- 27 мај 2011
- Мислења
- 725
- Поени од реакции
- 525
Полни раце прашина...
За љубовта што ја имав за тебе
Верував во небесна сила
Останав со полни раце прашина
Натежнати тажни денови
Додека плачев сонејќи те тебе
Мислев зошто те немам ,
Барем со срце не ми требаше твоето тело.
Замолчена од твоите зборови
Отруена од начинот на кој ти ми ветуваш
Останав со полни раце прашина...
За среќата што јас ја имав за тебе
За несреќниот трофеј што ми го доделуваш
Додека се обидувам да те љубам
Заслужив како жена,сестра,љубовница
Немав ни грам од твојот мирис
Ни трошки од твоите погледи,
Ме крена над суровиот свет
За да ме удриш,за да паднам
Занемев зад ликот без чуства
Останав со полни раце прашина
За животот што го имав јас за тебе
Ме остави на пола пат без да ми кажеш збор
Се хранев со твоите мали напади на грубост
Затворав очи пред нас за да останам слепа
И да не гледам колку да не мислам
Ама успевав да ја повредам мојата јака страна
И секој ќе ти каже дека пак ќе ме бараш..
А небото пак ќе биде сино,и со мене и без
Ќе заплачев пред својот живот бидејќи немам никој