Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
aj drugata sezona poarno i od ova so go vidovme ovaa sezona od barsa
a inaku dobro e stom ke se mavnat ovie od sitel,ama loso e ako nikoj ne prenesuva
 
А вечерва ние треба да се напраиме камења, ова мора да се прослави добро.:)

Имаме дозвола и од Пеп.:):)

Иначе примера јас и без тоа не гледав на сител, ќе си гледам на кабелнет на една шпанска што ја фаќам, нонстоп барса ја дават. А ако се погоди и коментаторот за Барса тогаш е лудило.:)
Епа тогаш
:mist::pijan::party2::party1:
 
Следната сезона шпанско ќе биде уште поинтересно, Реал ќе се засили, Шпанија е европски шампион, плус Барса моментално е најдобриот клуб во светот, со најубавата игра, носител на пехарот од ЛШ, така да мислам дека тоа е доволна причина и следната сезона да ја гледаме Примера на некоја подобра наша национална телевизија.
 
Добар скор направија Ето, Анри и Меси со 100 погодоци во сите конкуренции браво и за 3та:vozbud:

Пијан Меси:vozbud::pos2::pos2:
 
Баш сакам да се засили Реал да биде поинтересно,а и да играат подобро во ЛШ да им докажеме на англичаните кои се најдобрите.
 
Ете, заврши и оваа сезона, најуспешната во нашата историја. Немаме најдобар стрелец во лигата, не го срушивме рекордот од 107 гола, но имаме најдобар тим, играме најубав фудбал и постигнавме најмногу погодоци. Повеќе од тоа неможевме да бараме, а рака на срце никој не очекуваше ваква сезона после онаа лани, кога бевме под просекот.
Моментално сме на врвот. Читав дека приоритет на управата е да го продолжи договорот со Пеп и сигурен сум дека тоа ќе се случи. Потоа ќе следуваат трансферите кои мислам дека ќе ги има на повеќе позиции, едно поради тоа што наредната сезона имаме премногу натпревари, а друго заради тоа што мора да имаме поголем состав, бидејќи тие од африка ќе бидат отсутни скоро цел месец во 2010 година. Приоритет секако е лев бек и да се ослободиме од играчите кои воопшто не беа битни сезонава како што се Хлеб и Гудјонсен. Наредната сезона сигурен сум дека ќе имаме тим којшто е поспремен од овој моментално, како на физички така и на ментален план. Искрено ме плаши тим појак од овој:vozbud:
 
тебе ако те плаши шо да речат фановиве на Реал и другиве екипи шо ги преслушавме годинава? А мислам дека на Хлеб може да му се даде уште една шанса. Посебно сега кога во 2010 ќе има Африкански куп, па не дај боже и некоја повреда ако има во средината, ќе ни треба да имаме човек плус.
 
Нема шанси да се продадат Гуди и Хлеб тие ако се продадат во тимот 20 играчи нема да имаме од овие искусните , и нека им е честито на Меси , Анри и Ето стотката :) а до година на Сител ќе даваат Премиер Лига а Шпанска лига изглеа на А1 ќе давааат :vozbud::vozbud:
 
Кај си слушнал ова?
 
Па вчера кажаа на сител дека ќе емитуват до година Премиер Лига а Шпанската Лига најверојатно на А1.
Па подобро би било така....сепак а1 подобро ги пренесуваат натпреварите.
 
И лига шампиони нема на мтв1 да има од следна година:helou::helou:
 
kolku me iznasmea Mesii..hahaha
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom