Кинески камионџија прегазил 5 годишно дете , па се вратил уште еднаш за да биде сигурен дека го убил

Член од
27 април 2011
Мислења
2.320
Поени од реакции
3.178
Локација
Скопје
Само неколку недели после бруталното убиство на девојче во Кина , кога беше прегазено 2 пати и 18 "луѓе" поминаа без да помогнат , во Кина имаме реприза на истиот грозоморен настан.
Имено шоферот го убил ова петгодишно дете поради што таа опција му била поевтина , однего да ги плаќа лекарските трошоци.......
 
Тоа е кина шо да ти кажам .. !! коа само ке слушнеш дека за второ дете се плаќа данок и тоа висок данок , шо друго ќе ти падне на ум .. !! :(
 
А јас си мислев дека на Кинезите им е тешко бидејќи живеат во социјалистичка диктатура, а тепањето, силувањето и убивањето на деца во детските градинки од страна на педофили и лудаци е се позачестено во последно време.

Одвреме навреме има по некој терористички напад во западна Кина од страна на исламистички терористи, а да не забораваме и на фактот дека во источна Кина, која е пренаселена, во одредени подрачја жените се предмет на стерилизација после раѓањето на првото дете, а тие кои нема да поминат низ процесот на стерилизација и забременат повторно, за да не се трошат пари на конвенционален абортус, се тепани од полицијата за физички да се убие плодот во утробата на мајката.

Да не заборавиме дека секоја година во Кина се руши рекордот на самоубиства, особено кај вработените во фабриките на тајвански Фокскон (Foxconn), кои буквално живеат во фабриките каде што работат и повеќе од 40 часа неделно, а за да се вработат потпишуваат договори за вработување со кои се откажуваат од дополнителната плата за прекувремената работа, сето тоа за мизерна плата пониска од 50 евра месечно, во држава која вели дека е социјалистичка, но нема бесплатно здравствено осигурување, луѓето се подготвени да прифатат било каква работа за да можат да опстанат, на Интернет може да се најдат слики од фабриките на Фокскон, во кои се поставени мрежи во случај некој од вработените да сака да се самоубие фрлајќи се низ прозорец, гнасотии невидени.

И кога на крајот, како шлаг на тортата ќе го додадеш фактот дека во Кина затвореници се осудувани на смрт за шверц, кражба, или можеби дури и убиство, ќе речеш дека не ја заслужиле смртна казна, но тоа од што сериозно ќе ти се згади е кога ќе дознаеш дека ги убиваат стрелајќи ги во глава, но не за да им предизвикаат брза смрт, туку за да не повредат некој од виталните органи кои можат да бидат предмет на трансплантација.

Погубениот затвореник сеуште не паднал на земја, а веќе го касапи тим од лекари, му го отвораат телото со цел да ги извадат органите што е можно побрзо, за да истите завршат на запад за да се спаси животот на некој западњак, наместо за да се спаси животот на некој Кинез, а сето ова се прави без да се праша затвореникот дали се согласува неговите органи да бидат донирани по неговата смрт, не му е дозволено на затвореникот да потпише изјава со која се согласува или не се согласува неговите органи да бидат донирани по неговата смрт.

И откако ќе ги земам во предвид сите овие факти, сите овие гнасотии, доаѓам до заклучок дека социјалистичката диктатура во Кина предизвикува хаос, ѕверски третман кон кинескиот народ, како и дека предизвикува луѓето да заборават дека се родени слободни за да живеат како слободни луѓе, а не за да бидат експлоатирани како робовска сила, бидејќи работењето за работодавци како Фокскон претставува токму тоа, робовска експлоатација.

Ако се случеше само оваа сообраќајна несреќа со 5 годишното дете, ќе речев дека сето тоа е производ на катастрофалниот начин на живеење во Кина, самиот возач спомнал дека поисплатливо му е да го убие детето за да плати обештетување, отколку детето да преживее поради што возачот ќе мора да плаќа за неговото лекување.

Но бидејќи не се случи само оваа сообраќајна несреќа со 5 годишното дете, туку пред 2 недели се случи овој пример за некултура и првокласичен идиотизам со 2 годишната Ванг Јуе (Wang Yue), која беше прегазена од 2 камиона и 18 луѓе кои поминаа покрај нејзе не и помогнаа, туку дури 19-та личност, постара жена, го тргна девојчето од патот, слободно можам да кажам дека проблемот не е само кај кинеските власти и во кинеската социјалистичка диктатура, туку проблемот е и кај самите Кинези.

Опседнатоста со економскиот напредок и трговската и индустриската моќ на Кина, ги претвора Кинезите во безкичмењаци, во првокласни идиоти кои немаат ни грам почит кон човечкиот живот, па ако на вакви луѓе утре им дадеш власт во државата во која живеат, само Бог знае на што се се подготвени.

Не не, на ова мора да му се стави крај, треба светот да реагира, едно е изгладнувањето во Сомалија и не знам каде, предизвикано од суша и/или поплави, а друго е немањето ни основна почит кон човечкиот живот.

Ова не е резултат на глобализацијата, бидејќи и на запад има богати, развиени и моќни држави, па сепак свеста и почитта кон човечкиот живот се многу поголеми отколку кај Кинезите.

На ова мора да му се стави крај.
 
Колку повеќе дознавам за луѓето, се повеќе ги засакувам животните...
А за крај на ова, не знам кога би бил- луѓето не се раѓаат такви, такви стануваат!
Проблемот е во општеството.
 
Вака некако
Не одговара така. Оваков капиталистичко - робовладетелски систем затскриен зад социјалистичка демагогја им одговара на компаниите на запад. Фокскон произведуваат од Ај-фон“ и „Ај-под , Моторола телефони, Нокиа, до играчки конзоли како Нинтендо, Иксбокс и Матични плочи... Таква продуктивност за толку малку пари Американциве не не сонувале дека ќе добијат, а сето тоа без војна.
 
Почивај во мир дете.

Вакви работи се почесто се случуваат кога Кина забрзано преоѓа од еден во друг економски систем.Дали да го обвиниме народот или системот?
 
Барам демократија во Кина да проработи.
Баткава да биде стрелан, а неговите да го платат куршумот
 
Не одговара така. Оваков капиталистичко - робовладетелски систем затскриен зад социјалистичка демагогја им одговара на компаниите на запад. Фокскон произведуваат од Ај-фон“ и „Ај-под , Моторола телефони, Нокиа, до играчки конзоли како Нинтендо, Иксбокс и Матични плочи... Таква продуктивност за толку малку пари Американциве не не сонувале дека ќе добијат, а сето тоа без војна.
Од кога за нешто што треба да го прави народот треба да даде амин западот?
 
Од кога за нешто што треба да го прави народот треба да даде амин западот?
Во Северна Африка дадоа амин (И воена поддршка). Во Кина очигледно такво нешто нема да има, можеби само вербална поддршка, но дека им одговара сегашниов систем повеќе од очигледно е, Кина е отворена за странските компании, а нема некој стандарди за права на работници или за заштита на животната средина, за сега...
 
Во Северна Африка дадоа амин (И воена поддршка). Во Кина очигледно такво нешто нема да има, можеби само вербална поддршка, но дека им одговара сегашниов систем повеќе од очигледно е, Кина е отворена за странските компании, а нема некој стандарди за права на работници или за заштита на животната средина, за сега...
Додека не се сетат дека самите треба да направат нешто секогаш некој друг ќе треба да им диктира.
 

Ако секој тргне од себе, бојкот или барем што помалку купување на производите нивни...
Кина не е Тунис или Египет за да има револуција во таков облик, иако протести штрајкови и цели востанија на работници се секојдневие во НР Кина...
 
И после јас сум дискриминирала Кинези.
Се гадев дека јаделе кучиња.
Па јадеа фетуси.
Сега газат деца, онака, оти е скапо лекувањето.
Ураган, еден поголем, убав, да срамни се со земја.
Ете тоа им посакувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom