Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Вас никој не ве малтретира, вие доаѓате таму, ако сакате да се паркирате ке си платите.
Глеј, за пример ќе ти го дадам Рамстор. Како можи да се реши тоа плаќање? Кој нема сметка над 300 денари, ќе си плати паркинг. Просто ко грав.

Е кога се плака ке бегате порано, нема да дремете цел ден.Не како пред да го воведат зонското паркирање, идеа од кој знае каде, паркираат тука и со градски си иде на работа... е тоа го нема веќе.
Ова е веќе претеризам... да дојдиш од некаде и со градски да продолжиш, можи само македонче.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Глеј, за пример ќе ти го дадам Рамстор. Како можи да се реши тоа плаќање? Кој нема сметка над 300 денари, ќе си плати паркинг. Просто ко грав.

Ова е веќе претеризам... да дојдиш од некаде и со градски да продолжиш, можи само македонче.[/qu

Другарче тоа го имаш и во Бисер .. катната гража исто работи со бутиците низ бисер, кој ке пазари им даваат бесплатно паркирање, а за Веро, си има свој паркинг, само што си го чуваат за нивни вработени.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Абе зошто наоѓате решенија со насилни елементи.Зошто мислите ако го прекршите законот и редот дека сте во право и добиате победничко чуство.Ако несакаш казна едноставно извади 50 денари и плати паркинг.Што и да правиш разбери дека посилен неможеш да бидеш од државата.Ти и да ја оклопопиш колата дома ќе ти дојде казна за непрописно паркирање.
Ако на тоа место рекле дека ќе се плаќа значи дека мораш да плаќаш.Ако несакаш да плаќаш најди бесплатен паркинг можеби ќе одиш повеќе пешки ама барем сигурен си дека послем нема да се расправаш.
И кој будала ќе извади калаш за казна од неколку стотини денари....а за цитроенчето ќе ти викнат пајак и ќе те чини поскапо :tapp:
Прво организирај ако можеш па после наплати да те видам,а за цитроенчето не се секирај се спушта толку ниско што пајак не го фаќа за да го качи на грб.Казна за непрописно паркирање на суд се наплака ако е законски и по устав.А ако и таа опција помине тогаш незнам како ќе помине наплатата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак возила @ DirectorX @ kiklon
Не точно тоа што го тврдите.
За директорите и вработените во ЈП , постои друга интернет станица која се вика:
Зонско паркирање и пајак возила - одушевени директори. Повелете тамо да се „воодушевувате“ од дискриминацијата и незаконското и прекумерно казнување.
--- надополнето: Oct 19, 2011 7:19 AM ---
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На интернет страницата на Уставниот суд, за во среда 05.10.2011. стои:
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 05.10.2011
7. - Одлука за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП Градски паркинг – Скопје, бр. 02-1181/8 од 17.12.2009 година, донесена од ЈП Градски паркинг - Скопје.
- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, бр.07-5108/1 од 30 декември 2009 година, донесена од Советот на град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.14/2009).
(Реферат У.бр.110/2011)
Ова не е моја иницијатива, но интересно е да видиме за што се работи.
Минатиот понеделник е објавено Решението У. бр. 110/2011. И во овој пат Уставниот суд ја отфрли иницијативата за покренување постапка.
Кој сака, може да го погледа ова Решение на интернет страницата на Уставниот суд. Од левата страна на почетната страница, кликнете на Одлуки и Решенија, па потоа на пребарувачот внесете 110/2011.
Се работи за иницијатива поднесена од двајца наши Сограѓани од село Добри Дол Гостивар и се однесува на незаконското казнување. Тие забележуваат дека се наплатува некаква доплатна карта што не е предвидено во ниеден закон, а и кога би постоел таков закон, законските казни не можат да бидат приход на ЈП, туку на буџетот на РМ. Од друга страна, оваа казна неможе да се третира ниту како договорна казна, бидејќи во член 259 став 3 од Законот за облигациони односи изричито стои дека за парични обврски не смее да има договорни казни.
Ова се непобедиви аргументи и очигледно овие наши Сограѓани, не само што се исклучително интелигентни, туку се и извонредни Правници. Бидејќи овде нема „мрдање “, ЈП никако не може да заработува со казнување.
Еве сега како завршила целата работа. Бидејќи на ниеден друг начин не можат да се побијат ови аргумети, Советот донел нова одлука со која престанала да важи одлуката за која е поднесена иницијативата и врз основа на тоа Уставниот суд ја отфрла иницијативата, бидејќи се однесува на неважечка одлука. Таа нова одлука, веројатно ги содржи истите одредби од оспорената одлука, бидејќи казнувањето продолжи до денес, но Уставниот суд не ја разгледал и неа.
Јас, поради дискреција, не ги наведов имињата на овие двајца наши Сограѓани, кои се, очигледно, извонредни Луѓе. Според имињата може да се заклучи дека едниот е Македонец, а другиот Албанец. Тие имиња можат да се прочитаат на Решението од Уставниот суд кое го посочив на почетокот. Би замолил ако некој, од Добри Дол или од околината ги познава, да ги поздрави и да ги замоли да ни се приклучат на форумов, бидејќи сакам, нивната иницијатива, да ја приклучам кон мојата жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
 
Ти другарче слободно паркирај се во некоја зона.. нека ти стават блокатор па да видиш дали нема да платиш. :))))
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ти другарче слободно паркирај се во некоја зона.. нека ти стават блокатор па да видиш дали нема да платиш. :))))
Пиши ми на кое паркиралиште „ работиш “ и во која смена си.
Обавезно ќе дојдам.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Пиши ми на кое паркиралиште „ работиш “ и во која смена си.
Обавезно ќе дојдам.[/quo

Го немам тоа задоволство да работам на Паркинг, само ги пратам вработените на паркингот пред моја зграда како си ја вршат работата перфектно. Само можам да кажам така ке идеме напред, со дисциплина и почитување. Кога можеме да почитуваме сите знаци и правилници надвор од Државата ... можеме и кај нас да си ги почитуваме.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Киклон, и јас сум за почитување на законите, ама и да важат за сите, и да се спроведуваат правилно.
Многу работи кои ги прочитав тука држат вода, и се ептен основани.
Бидејќи не сум од Скопје, немам проблем со зонско паркирање, а кога доаѓам во Скопје, паркирам на паркинг, од оние на кои се наплаќа по час :)
Но, доста работи кои се напишани тука, пред се од Смрт за зони и пајак возила, се употребливи и кога се работи за непрописно паркирање во друг град.
Најпрвин, самата казна за непрописно паркирање е најчесто несоборлива, бидејќи паркираме таму кајшто несмееме.
И тука има цака... како на пр. да се јавиме пред комисијата, да бараме соочување, па тужба до управен суд, и така да поминат две години од делото и да застари...
Но тоа не е предмет на дискусија тука.
Зборуваме за пајакот и блокаторите.
И во Струмица има пајак, а има и блокатори. И, полицијата ги бара како асистенција и демек, воведуваат ред во центарот на градот...Струмица е мал град, се знаат луѓето отприлика кои се што се, и денес препознав 2 приватни возила на полицајци, неправилно паркирани.
Јас си бев непрописно паркиран, не приметив дека се лешинарат наоколу и би што би, ја наоѓам колата „уапсена“... На околу 50м од мене го гледам лешинарот т.е. полицаецот.
Имав време да се заебавам, па си отварам багажникот, и си велам сега ќе правам шоу.
Вадам дигалка и клуч и као се обидувам да вадам тркало и дотрчува лешката и ми вели нешто као дај документи, неправилно си паркиран, казна, ова она... и ме прашува што работам.
Во меѓувреме дотрчуваат и од т.н. ЈП за паркинг простор едни недоделкани...и ми бараат 1000 ден за да извадат она нешто од тркалото.
И, им велам дека не сум на простор под надлежност на нивното ЈП и дека ми попречуваат употреба на мојата сопственост, а тоа е спротивно на законот и дека ако веднаш не го извадат тоа чудо од мојата кола ќе добијат тужба тие лично и ЈП.
Велат полицаецот нареди...
Велам супер!!! И МВР ќе биде тужен...
Будалата полициска почна да сере како сум непрописно паркиран, дека имал право, дека незнам што...и на моето прашање каде пишува дека може да ми пречи во моето право да ја употребувам мојата сопственост, нема ше одговор... Па му спомнав дека во ЗБПС постои преместување на возилото, ако пречи....и тн.ама блокирање нема, па културно си го легитимирав јас него и му се заканив со внатрешна контрола, а му спомнав дека сум правник, и дека неможе он да дискутира за право со мене.
Во меѓувреме си ја сликав колата од сите агли со мобилниот...
Оние од ЈП гледаат како блесави и сеуште ми бараат 1000 ден.
Фино лепо си клекнав долу, местам дигалка, и им велам дека она ѓубре што ми блокира кола да си го бараат кај Стево Касапо (отпад) ако ВЕДНАШ не го тргнат самите, а за 1000 денари нека тужат ако имаат муда (и основ).
Г-нот орган следи ситуација малце повеќе збунет и се јавува некаде, исто како и оние другите...
Шрафовите на гумата се демек разлабавени веќе, ќе кревам дизалица кога еден од оние ЈП вели чекај ќе го вадам!
МВР-то вели казна ќе ти пишам...
Велам зошто мене? Ме виде како јас паркирам? Не...
Епа...пиши му на сопственикот на возилото и не ме замарај зашто брзам!
Финтата е што сопственик на возилото не сум јас, а сопственикот има законско право да не сведочи против ближен, т.е. фамилија.
Ај наздравје!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 17 овој месец во Утрински весник е објавен напис дека и понатаму зонското паркирање ќе се наплаќа до 23 часот. Неколку наши сограѓани, меѓу кои и јас, на ова вест пратија коментари. Еве ги тие коментари, од кои се гледа дека ние сме „ преблаги “ во однос на другите.

Коментари

jimmy1, 17.10.2011 05:14:58

Nikade vo svetot ne se naplaka parkiranje di 21 ili do 23 casot. Se naplaka samo dodeka prodavnicite se otvoteni od 9 pa se do 17.30 casot, posle toa parkiranjeto e pesplatno. Parkiranje se naplatuva samo vo centarot na gradot a vo drugite naselbi ne se plaka za parkiranje. Kaj nas da mozat da vovedat da se plaka i za parkiranje vo planina. Parkiranje da se naplaka do 23 casot moze da go ima samo kaj nas a kaj nas ima sekakvi cuda sto gi nema vo druga drzava zosto ovie nasive sto gi glasavme se zedni za pari. Nie im sme potrebni koga se glasa a koga ke gi dobujat mestata za nas voopsto ne gi interesira i vardat na sekoj nacin da ni go zemat posledniot denar so voveduvanje dolgovremeno plakanje za parkiranje i voveduvanje razno razni glupavi kazni. Ke dojdat drugite izbori i treba da vnimavame za kogo da glasame i da gi kaznime ovie prokleti sobiraci na nasiot arac.

Смрт за зони и пајак-возила, 17.10.2011 08:47:52

Срамота е ова што го прават со зонските и рампаџиските паркиралишта. Зошто, пренесувате дека тоа го правеле за станарите, кога станарите се најголеми жртви на ова дискриминација и незаконско казнување. Се што прават тие е „ стопанисување и поштено заработување “ само за да неколку директори примаат директорски платички.

dosta za bashibozukot!, 17.10.2011 10:21:30

Dobro e shto napishavte za problemot. Site se prashuvavme zoshto e prodolzheno vremete za naplata, i, eve go odgovorot, DIREKTOROT SAM ke si odluchel kako ke se naplatuva parkiranjeto! Apsolutizam i voluntarizam, par exelance! Samo pari da se DRPAATa da se izleze vo presret na gragjanite, ne e vazhno. Kako ke rabotat kafanite, kaficite vo centar ako se naplatuva tolku rano? Nie sme SIROMASHNO naselenie i ne moze da izlezeme barem ednash na mesec bidejki 1 kafe plus parking e preskapo

Изреволтиран, 17.10.2011 11:20:38

Луѓе бев во Хрватска на одмор минатото лето и можам да ви кажам дека се паркирав во центар на Сплит во 19:30 без да платам зонско затоа што терминот за плаќање завршуваше во во 19 часот. Ова се случува на почетокот на август, во Сплит, каде врие од туристи. Неколку дена претходно истото ми се случи во Загреб, беше попладне и не се наплаќаше после 19. Значи и таму било летна сезона и сите продавници работеа, и се функционираше нормално. Проблемот е што нашиве директорчиња и нивните одбори немаат идеја како да го управуваат тоа претпријатие и единствено што знаат е да наплаќаат колку што можат повеќе. Бедни се. Во суштина, тие се толку бедни што градоначалникот на Аердором ќе им префрлел 3 милиони денари на сметка (заради што паркинг во Аердром нема да се наплаќа за 2012, што останува да видиме дали е точно затоа што веќе нема слободен паркинг во таа општина). Срамота за Владата и за нивните мизерни и ниски начини на собирање пари од народот.

vaci, 17.10.2011 20:26:57

Ne sum zadovolen sto pak kje se naplakja.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прво организирај ако можеш па после наплати да те видам,а за цитроенчето не се секирај се спушта толку ниско што пајак не го фаќа за да го качи на грб.Казна за непрописно паркирање на суд се наплака ако е законски и по устав.А ако и таа опција помине тогаш незнам како ќе помине наплатата.
И да организираат, не смеат да наплаќаат.
Уште во времето, на Робин Худ, Кралот Џон, донесена е славната Магна Карта. И во неа стои дека се наплаќаат само јавни давачки утврдени со закон.
И во нашиот Устав јасно стои дека општините се финансираат само од порези, надоместоци и такси утврдени со закон.
Кај оваа наплата се е незаконско.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Мислам дека ќе се наплааќа само во Аеродром до 23.00 во центар ке остане до 21.00, и оваа одлука за до 23.00 е побарана од граѓаните кои што гравитираат со живеење од кај трговскиот центар Бисер.
Ние од кај што сме од кај Веро не сме побарале ни сме потпишале петиција, тоа од другата страна е побарано, затоа ке се воведе.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
главно е дека има зонско паркирање, а контејнерите и сметот се небитни-:tapp:
македонска лудница
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9C04A9918E5705499CBCBDADED2CC098
Да знаеш колку наши сограѓани немаат водовод. Многу повеќе немаат канализација. А тоа е надлежност на општините.
Меѓутоа општинските лешинари, си замислуваат дека Скопје постои за нивно „ стопанисување и поштено заработување “, па со народните пари го наполнија Градот, со срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак возила. И тоа се, за да неколку директори примаат платички.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Да знаеш колку наши сограѓани немаат водовод. Многу повеќе немаат канализација. А тоа е надлежност на општините.
Меѓутоа општинските лешинари, си замислуваат дека Скопје постои за нивно „ стопанисување и поштено заработување “, па со народните пари го наполнија Градот, со срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак возила. И тоа се, за да неколку директори примаат платички.
Изгледа зонско паркирање е поисплатлива инвестиција
 
Kajgana Shop

На врв Bottom