1. Не знам зашто збориш за вратоломии како да овие постови значат борба на живот и смрт.
2. Дали законски можеш да ја вараш сопругата? не?
3. Дали имаш три законски сопруги, не?
4. Дали треба да ги љубиш своите ближни (меѓу кои спаѓаат и сопруг/а деца...). Не ми е намера да трчам по цитати од библија, но на многу места се спомнува за мажот и жената во единство, како надополнување на едниот со другиот.
5. Погледни ги од 10-те заповеди, главнината од нив се вградени во цивилните закони.
6. Не смееш да имаш момче за љубовник, ниту љубовница,...нешто кое дотогаш во другите култури било легално дозволено или пак развод кој многу полесно се добивал во тие антички периоди. Педерастијата била една од легалните активности во стара грција. Това не е само мое мислење...тоа го напишале многу попаметни луѓе.
7. За античка Грција
8. Римјаните биле малку понапред со брачните правила (во права за жената).
9. До денешен ден е останато да не се врши прељуба, забрана за проститутки или машко дете, хомо (што е повторно прељуба). Моногамноста според овие автори е настаната во стара Грција и Рим, но денешните елементи на бракот (кои ги наведов некој пост наназад) се ради црковното влијание.
1. Зборувам за вратоломии пошто на последниве 5-6 страни само тоа читам од пропонентите на „религиозниста на бракот“ - никакви аргументи - само вонконтекстуални и непоткрепени
субјективни впечатоци за институцијата. За мене, Лурц, секоја дискусија е „џа или бу“. Ти може дискутираш од курташак. Ја не.
2. Да. Законски, можеш да ја вараш сопругата и за тоа да одоговараш
законски, пред суд.
3. Јас немам. Некои муслимани имаат. Тие се во
религиозен брак, ВО МОНОТЕИСТИЧКА РЕЛИГИЈА, за која ти велиш дека ги поставила основите на бракот. Чудно, Лурц. Како тоа?
4. Граѓанскиот брак
НИКАДЕ не споменува љубов и сакање. Овие се емотивни категории кои се немерливи и недокажливи. Оттаму, не ни можат да бидат дел од еден закон. Библијата, инаку, на едно место пишува едно, а на друго спротивното. Ако сакаш,
јас ќе ти цитирам што вика Библијата за бракот и жената. Само побарај - ТЕ МОЛАМ.
5.
Не е точно дека главнината од 10-те заповеди е вклучена во цивилните закони. И ти, како и повеќето верници тука, се фурате дека све почнува со вашата религија. НЕ ПОЧНУВА. Заповедите
не земај тоа што не е твое и
не убивај се стари колку и човекот. Во Законите на Месопотамија и Египет овие правила се пишани со милениуми
пред христијанството. Најверојатно се од памтивек. Главнината од 10-те заповеди, инаку, е дрндање глупости за Бог кој е горделив и самобендисан.
Вистински заповеди се 2 (две). Ги имаш погоре. Овие две заповеди се во
СИТЕ ЗАКОНИ во историјата на човештвото и НЕ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ на христијанството.
6. Ова ти е каша-попара - не те ни разбирам што сакаш да кажеш. Ако сакаш дообјасни.
7 и 8. Овие се, Лурц,
пагански религии - политеистички. Ако ги внесуваш во муабетот,м тогаш тоа е исклучиво на штета на твојот аргумент кој, да се потсетиме, беше:
монотеистичките религии го дефинирале бракот каков што е денес. Ова, секако, е нооторна глупост, ама, сепак, е твој аргумент. Не ги мешат паганите - не ти иде у прилог.
9. Во некој пост наназад
ти, Лурц, не наведе ништо од тоа КОИ СЕ ТИЕ ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАЃАНСКИОТ И МОНОТЕИСТИЧКИОТ БРАК. Можеби, ако го прочиташ постов, ќе се корегираш па ќе објасниш. Од кај да знам?
--- надополнето: Oct 25, 2011 10:33 AM ---
Јас колку што можам да разберам овде се работи само за формулација на зборот брак, едната страна на дискунтанти мисли дека зборот брак е екслузивитет на религијата и не треба да се употребува во никаква друга инстанца или пак од страна на некој го не ја прифаќа религијата и според тоа си ги бранат своите тези што за мене е малку нелогички, од другата страна останатите пак се обидуваат да му објаснат дека бракот не е само збор туку се работи за комплексен збир на останати дисциплини, најмалку сематички.
Ставрогин помагај
Тоа за што верниците се џилитаат на темава се вика
венчавка. Се прави во црква и
нема никаква граѓанска функција. Венчавката е симболичен чин на религиозно соединување на двајца верници (машко и женско) пред „очите“ на Господ.
Брак, од друга страна е
социјална заедница на двајца сопружници со која се регулираат нивни социјални
права.
Затоа, попот прашува ДАЛИ СТЕ ВЕНЧАНИ, а не дали сте во БРАК.
`
Бракот постои
со милениуми пред тековниве монотеистички религии за кои верниците на овој форум (иако зборуваат за различни венчавки) се обидуваат да им припишат ексклузивитет.
Срамота.