- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 1.580
- Поени од реакции
- 39
![](http://sportdenes.com/images/stories/megunaroden/barsadresovi/barsanovidresovi.jpg)
Представена е новата гарнитура дресови која екипата на Барселона ќе ја носи во идната сезона. Исто така овие дресови ќе бидат во употреба на последните два натпревари од овогодинешната Примера против Осасуна и Депортиво.
Произведувачот на опремата за Каталонскиот тим, Најк, се врати на стандардниот, пругаст изглед на дресовите, вертикално изрежани во морско-плава односно бордо плава боја. Оваа сезона дресовите на најдобрата екипа во светот беа поделени вертикално на два дела, црвени и плави.
Новина во дизјанот исто така е и В-резот, т.е раб кој е со црна и жолта линија. Во делот околу вратот се наоѓа и Каталонското знаме.
Маицата е произведена од материјал кој е посебно дизајниран да ја упива потта на играчите со што тие би биле свежи подолго време. Неговиот тридимензионален состав допишта поголем проток на зраци помеѓу ткаенината и кожата, т.е го спречува лепењето на дресот за телото.
Гаќичките пак се во морнарско плава боја, и имаат бордо линии на двете страни, додека штуцните се исто така во плава и бордо боја на хоризонтални линии. На делот кој го покрива листот од ногата е испишано „Барса“.
Во финалето на Лигата на Шампионите сепак ќе настапат со овогодинешните дресови бидејќи така налагаат правилата на УЕФА. Момците на Гуардиола бидејќи се домаќини на тој натпревар ќе настапат со основната комбинација.
Познато е дека Барселона во текот на целата своја историја на дресовите имала само еден „спонзор“ а тоаа е УНИЦЕВ, меѓународна организација која ги штити правата на децата.
![](http://sportdenes.com/images/stories/megunaroden/barsadresovi/barselonanovidresovi2.jpg)
![](http://sportdenes.com/images/stories/megunaroden/barsadresovi/barselonanovidresovi3.jpg)
![](http://sportdenes.com/images/stories/megunaroden/barsadresovi/barselonanovidresovi4.jpg)
![](http://sportdenes.com/images/stories/megunaroden/barsadresovi/barselonanovidresovi5.jpg)
Извор: СпортДенес
Нека ни е честита шампионска, куп и секако ЛШ
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)